Политика на квалитет

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Општина Конче својата деловна филозофија ја темели на услуги кои во потполност се усогласени со барањата на граѓаните и важечките закони.

Стратешки цели на Општина Конче се :

-Задоволни корисници/граѓани

-Просперитетна и богата локална заедница.

Општина Конче утврдените Стратешки цели ги остварува со почитување на следните начела:

-Еднаквост на сите корисници/граѓани.

-Сите корисници/граѓани имаат право на заштита.

-Услугите кои ги пружа Општината мора да бидат ефикасно и економично реализирани.

-Исполнување на потребите и очекувањата на граѓаните, согласно најдобра пракса и Законот, е прв приоритет во вршењето на услугите на Општинската администрација.

– Врвен квалитет на услугите е одговорност на секој вработен во Општинската администрација.

– Тимска работа базирана на комуникација помеѓу општинските и  јавните служби претставува основа на нашата компетентност и услужност.

– Планирање, превентива, подобрување и иновации во кој се вклучени граѓаните, вработените и другите заинтересирани страни.

– Градење на партенерски односи со сите заинтересирани страни кои учествуваат во унапредување на нашите услуги е наша трајна определба.

– Оддржлив развој базиран на квалитет, заштита на животна средина, општа сигурност и безбедност на граѓаните.

– Спроведувањето на оваа Политика и достигнување на нова деловна култура се овозможува со Програми за обучување и мотивација на вработените во Општинската администрација.

– Преиспитување на Системот за квалитет од страна на Општинската управа се реализира со цел воспоставување на процес на постојано подобрување на планираните задачи и цели за квалитет.

Дата                                                                                    Градоначалник

01.11.2021                                                                 на Општина Конче Златко Ристов