СОЦИЈАЛНА И ДЕТСКА ЗАШТИТА

УСЛУГИ ОД СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ОПШТИНА КОНЧЕ

Број на корисници на социјална помош

91  корисници на СПП од општина Конче

Установи за социјална заштита

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Радовиш

Канцеларија за Социјални работи -Конче

Мерки и услуги кои што ги нуди државата и општината

Права и услуги кои се нудат се во согласност со Законот за социјална заштита, Законот за семејство, законот за заштита на децата и други подзаконски акти со кои се уредени правата и услугите од социјална и детска заштита и истите се објавени на веб страната на МТСП линк http://www.mtsp.gov.mk/zakoni.nspx

Народни кујни

Во склоп на Јавното претпријатие за комунални дејности отворена е народнa кујна и тоа:

Една(1) народна кујна во населеното место Конче со 6 пункта во населените места во склоп на ЈПКД Лакавица-Конче –Општина Конче

Статистичка анализа на образовната структура на корисниците на социјална парична помош

Вкупно невработени лица во Општина Конче се 191 активни баратели на работа. (со состојба 30.10.2020 год)

Најголем дел од нив се со средно,основно образование и без образование

Степен на невработеност по национална припадност-нема податок

Услови за добивање на социјална заштита и упатство каде граѓаните да се обратат

Граѓаните за информирање за услови за добивање на права и услуги од социјалната заштита може да се обратат во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и Канцеларијата за социјлни работи во Конче

Институции за лица со попреченост на територијата на општина Конче

Во склоп на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Радовиш (и за општина Конче) се отворени  оддела за лица со попреченост и тоа:

Регионален Дневен центар за лица со интелектуална или телесна попреченост

Мобилни услуги сервиси

Програма за помош и подршка на стари изнемоштени и лица самци во наслените места на општина Конче- 9 лица(УНДП и општина Конче)

Подршка на деца со посебни потреби во образованиот процес –Образовани ассистенти- 2 лица(УНДП и општина Конче)

Детска заштита-Детски градинки

На територијата на Општина Конче има една детска градинка:

Јавна установа за деца-Детска градинка „12 Јули“ Конче;

Детската градинка „12 јули “ има еден(1) објект – кој се наоѓа на  локација с.Конче во рамките на основното училиште ,,Гоце Делчев-Конче.

Цени за користење на услугите на детската градинка се следните:

  • За програма за целодневен престој за деца до 6 години……1490 денари
  •  За програма за целодневен престој за деца до 6 години со престој во градинка до 5 дена……800 денари
  •  За програма за полудневен престој……1060 денари
  • За програма за полудневен престој со еден оброк……599 денари
  • За престој и исхрана на дете над 6 до 10 години возраст……1490 денари
  • За престој и исхрана на дете над 6 до 10 години возраст со превоз (360 денари)……1850 денари
  • За место……300 денари.

Број на воспитувачи и негователи во градинките

ЈУДОДГ„12јули“ – 3 воспитувачи и 3 негователи

Број на слободни места во градинките

ЈУДОДГ„12 Јули“ – има слободни места

Контакт лице: Ивана Ристова 071 357 061