АДМИНИСТРАЦИЈА

ЛИСТА НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ И АНГАЖИРАНИ ЛИЦА
ВО ОПШТИНА КОНЧЕ ПО ОДДЕЛЕНИЈА

1.Секретар на општина Конче

  • Ацо Митев – Секретар на општина Конче

1.Одделение за правни и општи работи

Одделението за правни и општи работи и јавни дејности ги врши следните работи:

  • изготвување на одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот;
  • дава мислење на актите од аспект на нивната законитост, ги следи прописите и нивните измени и дополнувања;
  • ги спроведува јавните набавки во општината;
  • архивско работење и административно технички работи;
  • врши стручни и организациски работи за функционирање на Советот и на неговите тела, како и на Градоначалникот;
  • дава правна помош по одредени работи за општината;
  • ги информира корисниците на услугите за полесно остврување на нивните права;
  • работи од канцелариското работење кое опфаќа прием, отварање, евиденција и испраќање на актите на органите на општинта;
  • дактилографски работи;
  • секретарски работи за Градоначалникот;
  • работи за возниот парк и други технички работи (одржување на хигиена и достава на пошта);
  • врши информатичко технички работи;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Во ова одделение се вработени следниве административни службеници:

1.Тинка Ангелова-Раководител на Сектор за правни и општи работи и јавни дејности.

2. Хаава Усеинова – Соработник за образование, култура и спорт

3. Ивана Јованова-Советник за нормативно-правни работи

4. Игор Илиев-Виша соработник за јавни набавки.

5. Зелиха Ј. Исмаилова – Виша соработник за социјална заштита, заштита на децата и здраствен заштита.

6. Ванчо Стојанов,-Работник за одржување на објекти (зеленило).

 

2.Одделение за финансиски прашања

Одделението за финансиски прашања ги врши следните работи:

  • подготвување на буџетот и завршната сметка на буџетот;
  • подготвување на финансиски план за извршување на буџетот (квартален и годишен);
  • подготвување на квартални извештаи за извршување на буџетот;
  • следење на остварувањето на приходите и извршување на расходите;
  • сметководствено евидентирање на извршувањето на буџетот;
  • благајничко работење;
  • води евиденција за имотот на општината
  • работи на материјално-финансиските работи;
  • работи на администрирање на даноците и комуналните такси;
  • други работи доверени од Советот и Градончалникот.

Во ова одделение се вработени следниве административни службеници:

1. Ленче Крстева -Раководител на одделение за финансиски прашање

2. Спасија Митева – Советник за локални даноци и такси

3.Одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животна средина и локален економски развој

Одделението за урбанизам, комунални работи, заштита на животна средина и локален економски развој ги врши следните работи:

  • изработува и реализира програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општината;
  • изработува и реализира програма за изградба, одржување и заштита на локалните патишта и улици;
  • изработува и реализира програма за јавното осветлување на подрачјето на општината;
  • ги следи состојбите и организира изградба, реконструкција и оддржување на јавното зеленило, фонтаните, дрворедите и друга комунална опрема поставена на улиците и на другите јавни површини;
  • врши други работи доверени од Советот и Градоначалникот.

Во ова одделение се вработени следниве административни службеници:

1. Зоран Горгиев– Раководител на Сектор за урбанизам, заштита и животна средина и локален економски развој.

2. Дончо Тушев– Самостоен референт за комунални работи и управување со кризи;

3. Емилија Гичева– Сорабоник – урабанистички планер.

4. Маре Трајкова-Николова– Виѓа соработник за сообраќај и патишта.

5. Џехан Максудов – Самостоен референт за административно – техничка поддршка.

4.Одделение за инспекциски надзор

Одделението за инспекциски надзор ги врши следните работи:

  • врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на комуналните работи;
  • врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на патниот сообраќај;
  • врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на заштитата на животната средина;
  • врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на градежништвото и урбанистичкото планирање;
  • врши инспекциски работи и контрола во образованието и спортот;
  • врши инспекциски работи  и контрола во остварувањето на општинските даноци и такси и друг надзор од надлежност на општината;
  • врши и други работи доверени од Советот и Градоначалникот.

Во ова одделение се вработени следниве административни службеници:

1.Благој Јованов –Раководител на Одделение за инспекција