ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ електронски

Почитувани сограѓани,

Општина Конче преку “Е-Општина – Пријави проблем“  Ви овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, да пријавите комунален проблем кој нашите служби ќе се обидат да го решат во најкраток временски рок. Исто така овде ќе добиете информација до каде е решавањето на проблемот кој веќе сте го пријавиле.

Упатство за користење на системот “Е-Општина – Пријави проблем“

По притискањето на ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ oд листата на проблеми во менито на системот одберете го вашиот проблем. Во пријавата наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција. Напишете ги вашите контакт информации за да може да одговориме на вашата пријава и да ве информираме.

Што се можете да пријавите од листата:

Улично осветлување

  • пријавете дефект на улично осветлување.

Улици, патишта и тротоари

  • пријавете  оштетување на асфалт, бетон, камени коцки и бекатон;
  • пријавете работа на патишта, улици и тротоари

Објекти склони на рушење

  • пријавете објекти склони на рушење: стари куќи, потпорни ѕидови и сл.

Урбана опрема

  • пријавете оштетување на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и детски забавни паркови.

Градба и дива градба

  • пријавете почеток на изградба на нов објект, доградба и надградба на постоечки објект.

Животна средина

  • пријавете непријатна миризба, загадување на амбиентален воздух, површински води (реки и езера);

Отпад

  • пријавете несовесно постапување со комунален, комерцијален, индустриски неопасен отпад, растителен отпад, отпад од пакување, отпадни масла, искористени (хаварисани) возила, проблеми со собирање и транспорт на отпад од ЈКП, отпад во приватен имот кој предизвикува нарушување на здравјето на луѓето, градежен шут на регионални патишта и во природа.

ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ