Проектот за грижа за стари и изнемоштени лица успешна приказна во општина Конче

Проектот општинско-корисна работа подршка на стари и изнемоштени лица и образовна подршка на ученици

Проектот општинско-корисна работа подршка на стари и изнемоштени лица и образовна подршка на ученици  е финансиски подржан од УНДП, Владата на Р.С.Македонија и општина Конче. Проектот започна на 1 септември 2019 година и непрекинато трае до денес со голема мотивирност и заинтресираност и подршка од Градоначалникот, Советот на општината и граѓаните.

Целта на проектот „Општинско-корисна работа“ е преку ангажман кој е корисен и за заедницата, овие невработени лица да се стекнат со практични вештини што понатаму ќе им служат на пазарот на трудот. Овој проект е дел од оперативниот план #Шанса За Сите, поддржан од Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување на РСМ  и Embassy of Switzerland in North Macedonia

Активности на проектот општинско-корисна работа подршка на стари лица и образовни асистенти

-Една до две неделни посети во домовите од ангажирани лица за грижа на стари лица;
-Превентиван  здравстена  грижа;
-Психолошка подршка и дружење со старите лица корисници на програмата;
-Помош за секојдневни потреби на стари лица -пазарување, прошетка, купување лекови;
-Социјални активности со стари лица;
-Образована помош  на училишни деца со потешкотии во учењето.
Проект програмата за подршка на стари лица се реализира веќе втора година во општина Конче по сите населени места и според резултатите кои ги покажа и прифатеноста од страна на корисниците постана важен дел од секојдневниот живот на старите и изнемоштени лица со цел да помогне на најранливите категории.
Во рамките на проектот ,ангажирани се вкупно 11 невработени лица како даватели на услуги .9 лица се ангажирани како негователи на стари  изнемоштени и лица самци во сите населени места на општината и 2 лица образовни асистенти за подршка на 3 ученици во основното училиште Гоце Делчев Конче.
Со радост, песна и смеа најстарите жители на Општина Конче ja прифатиjа помошта и поддршката од општинско-ангажираните асистенти!
  Посетата од лицето неговател на корисниците еднаш до двапати неделно е настан кој им причинува пријатни чувства и настан кој со очекување се чека да се случи.Улогата на ангажираните лица е уште поважна сега, додека општината се справува со последиците од пандемијата, па така овие лица секојдневно минуваат по неколку километри со цел да им пружат основна медицинска грижа, како и помош при вршење на секојдневните обврски на постарите жители од  селата во Општина Конче.
   Негователите нагласуваат дека  посебно значајна особено психолошката подршка, дружењето како и помошта за секојдневни потреби на стари лица -пазарување, прошетка, купување лекови.   Негователот го посетува лицето корисник во неговиот дом, ја следи неговата здравствена сосотјба со превентивни мерки проверка на крвен притисок , порверка на шекер, темепература и тежина.Се посветува и драгоцено време на разговор со лицето (добриот збор искажан за нив е многу заначаен)нудејки и психолошка подршка, особено за лица кои живееат сами и се осамени  како  и помош за набавка на потребни намирници и лекови.
    Од 2020 година започнавме со подршка на деца со потешкотии во образованиот процес , вкупно 3 деца добиват ваква образовна подршка од 2 ангажирани образовни асистенти.Асистентите работат секојдневно со учениците со физичко присуство и он-лине настава,ги следат одделенсите наставници и даваат подршка што му е дополнително потребна на ученикот.Вкупно 307 граѓани од општина Конче се крајни корисници на услугите во општина Конче.
 Сите ангажирани лица со подршка на УНДП имаат поминато обука за негователи и образовани асистенти и се со стекнат сертификат за работата што ја извршуваат.
Програмата општинско-корисна работа е уште една успешна приказна од општина Конче која е на големо задоволство на корисниците и општина Конче како реализатор на програмата.
   Голема Благодараност за целокупната подршка од Канцеларијата на УНДП во Скопје,Министеството за труд и социјална политика и секако на општина Конче.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *