Со регулација на Дединска река до поголема заштита од поплави вo општина Конче

До крајот на месецов ќе се регулира речното корито на Дединска река во општина Конче која при секои обилни врнежи од дожд предизвикуваше поплави и огромни штети а пред десетина години однесе и човечки живот. Ова општина со европски пари од Програмата за прекугранична соработка со општина Струмјани од соседна Бугарија, врши уредување на коритото кое поминува низ населеното место Дедино чии жители се најмногу се изложени на поплави.

Дединска река доби кејски ѕидови од камен во должина од 360 метри  изградени се касакадни прагови а низ населеното место има и цевкасти пропусти за премин на локалното население. На тој начин се очекува трајно да се реши регулацијата на ова река која изминативе децении заради климатските промени има предизвикано милионски штети како на патната инфраструктура така и на обработливите земјоделски површини.

„Целиот наш фокус е насочен кон застапување и обезбедување на интересите и задоволување на потребите на граѓаните, а регулацијата на речното корито на Дединска река е од огромна важност за жителите од ова населено место.Со спроведувањето на овој проект, ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните, а истовремено ќе се зголеми и зајакне свеста за климатските промени“ потенцираше градоначалникот на Конче, Благој Илиев.

Уредувањето и регулацијата на Дединска река е дел од проектот „Примена на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани“ кој  предвидува и низа едукативни работилници, се со цел да се ублажат ефектите од природните катастрофи и да се зголеми безбедноста на населението во овие две општини при изразени климатски промени.

Проектот е ко-финансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички во Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 (CCI No. 2014TC16I5CB006).

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија, преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 (CCI No. 2014TC16I5CB006). Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Општина Конче и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија, државите учеснички или Раководниот орган на Програмата.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *