Работна посета на Градоначалникот и Советот на Конче во Република Турција

По иницијатива од Совет на општина Акхисар и Совет на општина Конче за збратимување на нашите општини, заедно со дел од советниците се оствари посета на општина Акхисар каде заедно со Градоначалникот на Акхисар г-дин Бесим ДУТЛУЛУ беше потпишан официјалниот протокол за збратимување на општина Конче и општина Акхисар.
Акхисар со 174.850 жители од кои околу 35.000 се исселенеци од балканските земји и годишен буџет до 20 милиони евра е една од најразвиените општини во Егејскиот регион на Р.Турција. Акхисар е претежно земјоделска општина каде што најзастапаени се одгледување и преработка на маслинки, лозарство и тутун.
Збратимувањето на нашите општини ќе придонесе соработка како на економски план така и во делот на култутрата, традицијата и земјоделието.
Голема благодарност до Градоначалникот Бесим Дутлулу,Советот на општина Акхисар, Претседателот на Балканската катедера во Акхисар г-дин Шериф Шен и Претседателот на здружението на Балканските исселеници во Акхисар г-дин Јакуп Сајгили за топлиот пречек и за посветеното внимание а во најбрзо време очекуваме да бидат наши драги гости.

Нашата делагација оставри работна посета и на општина Селчук што изразуваме и посебна благодарност до Градоначалничката на општина Селчук Филиз Џиритоглу Сенгел за поканата, прекрасниот пречек и соработката. Општина Селчук е место каде гравитират 458 домаќинства исселени од општина Конче и затоа посетaта во Селчук за нас беше од посебно значење, исто така во рамките на оваа посета имавме средба и со “Здружението на балкански исселенеици во Селчук” и сакам да му се заблагодарам на претседателот на здружението г-дин Али Акјуз за нивното гостопримство.

Работната посета во Р.Турција беше завршена  со средба со Градоначалникот на општина Кушадаси г-дин Омер Гунел, како што е познато Кушадаси е една од најубавите и главните туристички локации во Р.Турција, соработката со нив за нас претставува добра прилика за споделување на нивните искуства во делот на туризмот. Како што изрази и градоначалникот Омер Гунел ние сме народ од две различни држави но со многу заеднички култури,традиции и обичаи и ова соработка мора да ја продолжиме и веќе првиот чекор е направен и следните чекори ќе бидат многу по лесни и брзи за двете општини.

Општина Конче изразува благодарност и на Советникот од Советот на општина Кушадаси г-дин Емре Фазлилар кој беше еден од иницијаторите за соработката со општина Кушадаси.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *