Општина Конче со значајно подобрување на својата транспарентност во работењето во 2021 година

Индекс за активна транспарентност 

По извршената анализа на Центарот за граѓански комуникации во рамките на Извештајот за Индекс за активна транспарентност за 2021 година врз основа на изработена методологија и структуирани  прашалници за состојбата на исполнетост на обврските за активно објавување на информации на интернет страната на општината, општина Конче за 2021 година ја рангираше во групата со многу добра транспарентност на 23 место, подобрувајки ја својата активна транспарентност за фантастични 60 процентни поени.

Во однос на подобрување на својата транспареност Извештајот покажува дека има подобрување кај 51 општина.

Општини кои ја подобрила својата активна транспарентност за повеќе од 20 процентни поени се:

1.Општина Конче за 59 процентни поени

2.Општина Петровец за 57 процентни поени

3.општина гратско за 45 процентни поени и

4.општина Центар Жупа за 42 процентни поени.

Во однос на состојбата на ниво на Југоисточниот плански регион ,општина Конче  од послаба позиција лани сега се искачи на 4-то место подобрувајки ја својата активна транспарентност за фантастични 60% односно лани од 23 % на 83% оваа година.

Рангирање на општините во Југоисточниот пласнки регион за активна транспарентност.

1.Ванадово- 94%

2.Гевгелија-86%

3.Василево-84 %

4.Конче 83 %

5.Струмица-80%

6.Богданци-79%

7.Ново Село- 67%

8.Босилово- 62%

9.Радовиш-57%

10.Дојран-45%

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *