Месец: м.г

Програма за мобилна гинеколошка амбуланта во општина Конче

Програма за мобилна гинеколошка амбуланта во општина Конче

Општина Конче во соработка со Министерството за здравство на Р.Северна Македонија по претходна побарана помош за изнаоѓање на решение за отварање на гинколошка амбуланта во Конче, по предлог на Министерот за здравство Венко Филипче, Општината доби можност  да биде вклучена во програмата на Министерството за здравство за мобилна гинеколошка амбуланта за рурални жени.

Програмата оперативно започна да се спроведува во соработка со лицата ангажирани преку програмата на УНДП и општина Конче  и назначено лице координатор на програмата за општина Конче. Се започна со запишување на пријавени лица (девојки , жени) од  сите населени места на општина Конче кои ќе пријават интерес за добивање на бесплатни гинеколошки услуги во своето населено место.

На 23 јули 2021 год. во село Конче започна првиот термин за гинеколошки преглед за лица од Конче и Лубница и во рамките на истиот 15 лица жени добија бесплатен преглед од Специјалист гинколог и медицинска сестра акушер во специјализирано возило мобилна амбуланта, во дворот на Здравниот дом во Конче.

Во рамките на програмата планирано е вакви прегледи да се вршат два пати месечно како и услуга резултатите од прегледите да се достават лично до лицето во одреденото село.

Вакви мобилни гинеколошки услуги согласно програмата предидено е да се дават директно во секое село со цел да се избегне дополнителна потреба од превоз на руруалните жени до местото на прегледот.

Од разговорот со лицат кои први ја добија оваа услуга за прв пат во Конче изразија големо задоволство од пристапот и понудената услуга.

 

Општина конче го одбележа празникот на општината 12 јули-Петровден

Општина Конче го одбележа празникот на општината 12 -ти Јули, Петровден со пригодна свеченост, и културно иметничка програма.

По повод празникот на општината,  беше одржана свечена седница на Советот, на која градоначалникот Благој Илиев, изврши прием на поканети гости, деловни партнери и пријатели, директори на јавни институции  и приватни компании меѓу кои и генералниот  директор на РБ Бучим, Олег Чустовитин, и други гости. Присутните ги поздрави градоначалникот Благој Илиев  кој притоа изрази задоволство од укажаната чест, а  спомна и дел од проектите кои се реализираа во изминатиот период.

На свечената седница беа доделени признанија и благодарници за успешна соработка  со Општина Конче на повеќе правни и физички лица и раководители на институции.

На свечената седница беше одржана и културно уметничка програма. Согласно програмата празнувањето заврши со пригоден коктел во дворот на манастирот Свети Стефан во Конче, кој им беше претставен на гостите како атрактивна  рурална туристичка дестинација.

ИЗГРАДБА НА ДЕЛ ОД ЛОКАЛЕН ПАТ С.ЛУБНИЦА – С. СКОРУША.

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ
САКАМ ДА НАЈАВАМ ЗАВРШУВАЊЕ НА НА УШТЕ ЕДЕН ОД ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРОЕКТИ ВО НАШАТА ПРОГРАМА „ ИЗГРАДБА НА ДЕЛ ОД ЛОКАЛЕН ПАТ С.ЛУБНИЦА – С. СКОРУША.
СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРОЕКТ СО ВРЕДНОСТ ОД ОКОЛУ 7.5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ И Е ФИНАНСИРАН ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ.
ЛОКАЛНИОТ ПАТ Е ВО ДОЛЖИНА ДО 1.683 МЕТРИ СО ШИРИНА НА КОЛОВОЗ ОД 3.5 МЕТРИ , 8 ЦЕВАСТИ ПРОПУСТИ И ШИРИНА НА БАНКИНИ ОД 1 МЕТАР.
СО ОВОЈ ПРОЕКТ ЌЕ ОВОЗМОЖИМЕ ПОБРЗ ПИ ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ДО СЕЛАТА СКОРУША, ЗАГОРЦИ И ГАРВАН КОИ ДОЛГИ ГОДИНИ БИЛЕ ОТСЕЧЕНИ ОД ЦЕНТРАЛНИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА НА НАШАТА ОПШТИНА ПОРАДИ КОИ ДОВЕЛО ДО ГОЛЕМ БРОЈ НА МИГРАЦИИ ОД ОВИЕ СЕЛА, ИСТО ТАКА ОВЈ ПАТ Е ДОСТА ЗНАЧАЕН И ЗА РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО СО ШТО СЕ ОВОЗМОЖУВА ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ДО ОБРАБОТЛИВИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПОВРШИНИ.

Заеднички план за намалување на ризикот од катастрофи и климатските промени во прекуграничниот регион на општините Конче и Струмјани

Проект: „Примена на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани“ со Реф. Бр. CB006.2.12.142, Број на грант договор: РД-02-29-162/12.07.2019 како проектен резултат беше и изработка на стратешки документ со наслов,,Заеднички план за развој на мрежа за прекугранична соработка за намалување на ризикот од катастрофи и промовирање на свеста за климатските промени,,

Во рамките на проектот „Примена на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани“, беше подготвен  Заеднички план за развој на мрежа за прекугранична соработка за намалување на ризикот од катастрофи и промовирање на свеста за климатските промени во прекуграничниот регион на општините Конче и Струмјани.

Целта на ваквиот план е подобрување на соработката помеѓу институциите, организациите и волонтерите вклучени во процесот на заштита и спасување од Југоисточниот регион на Северна Македонија и областа Благоевград во Бугарија, преку претставените препоракиза управување со катастрофи и итни ситуации, информирање на јавноста во случај на катастрофа како и промовирање на свеста за климатските промени.

Преземете го планот овде:

 

Проектот е ко-финансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички во Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 (CCI No. 2014TC16I5CB006).

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија, преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 (CCI No. 2014TC16I5CB006). Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Општина Конче и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија, државите учеснички или Раководниот орган на Програмата.