Одржана конститутативната седница на Советот на општина Конче

На ден 12 ноември 2021 година со почеток од 10 часот во просториите на општина Конче беше одржана конститутивната седница на Советот на Општина Конче, воедно и прва седница на новоизбраните советници.

Седницата ја отвори и со неа раководеше најстариот член на Советот Јончо Здравев. На седницата беше присутен и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов.

Дневниот ред имаше 5 точки:

  1. Решение за избор на комисија за верификација на Советот на Општина Конче,
  2. Решение за верификација на мандатот на новоизбраните членовите на советот на Општина Конче;
  3. Полагање и потпишување на свечена изјава на членовите на Советот;
  4. Решение за избор на претседател на Совет на општина Конче;
  5. Решение за определување на членови на Советот на Општината кои ќе учествуваат  во постапката за склучување на бракови во Месната заедница Конче.

 Откако верификационата комисија ја изврши верификацијата на советниците, мандатот на избраните 9 советници беше верификуван и одлуката за нивната верификација беше едногласно усвоена.

За претседател на Советот на Општина Конче со мнозинство гласови е избрана Александра Ристова.

Градоначалникот Златко Ристов од негово лично име и од име на општинската администрација, им го честита мандатот на новоизбраните советници, посакувајќи им успешна и плодна работа, во интерес на граѓаните на Општина Конче.

НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА КОНЧЕ НЕКА  ДОНЕСЕ РЕАЛИЗАЦИЈА НА МНОГУ УСПЕШНИ ПРОЕКТИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ!

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *