Месец: м.г

Потпишан Меморандум за соработка помегу ДПД Горици Оператива и Противпожарната бригада на Подгорица-Црна Гора

На  големо задоволство на општина Конче  беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ДПД Ѓорици Оператива О.Конче, Противпожарната бригада на Подгорица-Црна Гора и преставници од Сојузот на пожарникари-спасители од Подгорица , во соработка со Центар за обука ПЕГАЗ-ЕДУ Битола , под покровителство на Општина Конче.

Подготовка на Буџетот на општина Конче за 2022 година

Известување до граѓаните на Општина Конче за доставување предлози за Буџетот за 2022 год.

Почитувани сограѓани!

Поради актуелната состојба со пандемијата од COVID -19 Коронавирусот, и почитување на препораките од надлежните институции за заштита на јавното здравје, Ве информираме дека ова година нема да се одржат Јавните средби со граѓаните во населените места, на кои Вие граѓаните ќе можете да дававте предлози за проекти кои би се реализирале во наредната 2022 година.

Како и досега, а со цел заеднички да ги планираме Програмите кои ќе ги вклучиме во Буџетот за наредната 2022 година, Ве покануваме Вашите предлози за проекти  што би се реализирале во Вашите населени места, да ги доставите до општина Конче.

Предлозите можете да ги доставите од денес а најдоцна до петок 17.12.2021

– во писмена форма преку архивата на општина Конче

-електронски на следните е-маил адреси: gradonacalnik.konce@gmail.com и opstina.konce@t.mk

– на facebook страната: Општина Конче

– на facebook страната: Златко Ристов – Градоначалник на Општина Конче

Дополнителни информации можете да добиете на следниве телефонски броеви: 032 630 325

Ги очекуваме Вашите предлози за да можеме заеднички, како и досега да планираме и да ја развиваме нашата општина КОНЧЕ.

Со  почит,

Посета на амбасадорката на САД на општина Конче

17.12.2002

На 17 декември општина Конче ја имаше честа да биде посетена од Амбасадорката на САД Г-га Кејт Брнс.

Посета се оствари како резултат на реализираната донација од Амбасадата на САД  во  противпожарни одела и опрема за доброволното противпожарно друштво “Горици Оператива”-Конче

Градоначалникот на општина Конче изрази големо задоволство од посета на Амбасадата на САД на општина Конче и за реализација на донација од противпожарни одела и опрема за доброволното противпожарно друштво “Горици Оператива”-Конче

Посета беше искористена и за запознавање на амбасадорката со приоритетите и проблемите  со кои се сооучува како локална самоуправа Од двете страни беше потврдена поддршката за општина Конче која е планирана да се реализира во следниот период. Донацијата од противпожарни одела и опрема за доброволното противпожарно друштво “Горици Оператива”-Конче е од посебна вредност за подобрување на капацитетите за справување со пожарите на територијата на општина Конче.

Известување за состојбата со снежните врнежи во општина Конче

 

 

Во однос на последните врнежи од снег и дожд Општина Конче известува дека на територијата на општина Конче во последните 24 часа наврнати се од 20 до 30 см снежна покривка и поголеми количини на дожд, во врска со проодноста на патиштата, сите патишта Локални и Регионалниот пат Радовиш-Конче се проодни, исчистени се од страна на екипите на ЈПКД Лакавица Конче, водостојот на вештачките акумулации Конче 1 и Конче 3 е  нормален истотака и речните корита на сите реки  во општината се во нормална состојба.

 

 

Средба на Градоначалникот со жени од општина Конче

Во рамките на активностите на Градоначалникот Златко Ристов беше остварена средба со жени од Oпштина Конче и здружението “Женска акција” –Радовиш кое веќе неколку години работи за поактивно учество на жените во процесите на планирање, буџетирање и одлучување на локално ниво.
Жените на Oпштина Конче доставија барања за соочување на сите нивни проблеми кои негативно влијаат на нашата локална заедница. Нивната цел е да го подобрат животот на жената која секојдневно е соочена со големи предизвици, а воедно и животот на сите жители.
Исто така побараа истите да бидат дел од програмата и буџетот на Општина Конче.

Тековни активности на општина Конче

Активно се работи на реконструкција на патниот правец с.долни Липовиќ-с.Горни Липовиќ

Активно се работи на промена на цевководот за постојана и чиста вода за пиење на Село Ракитец.

Во тек се активности на проект ,,реконструкција на потисен цевковод” од локација на бушотина до резервоар за водоснабдување во село Габревци