Известување за состојбата со снежните врнежи во општина Конче

 

 

Во однос на последните врнежи од снег и дожд Општина Конче известува дека на територијата на општина Конче во последните 24 часа наврнати се од 20 до 30 см снежна покривка и поголеми количини на дожд, во врска со проодноста на патиштата, сите патишта Локални и Регионалниот пат Радовиш-Конче се проодни, исчистени се од страна на екипите на ЈПКД Лакавица Конче, водостојот на вештачките акумулации Конче 1 и Конче 3 е  нормален истотака и речните корита на сите реки  во општината се во нормална состојба.

 

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *