Категорија: ИНФОРМАЦИИ ПО ОБЛАСТ

Потпишан Меморандум за соработка помегу ДПД Горици Оператива и Противпожарната бригада на Подгорица-Црна Гора

На  големо задоволство на општина Конче  беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ДПД Ѓорици Оператива О.Конче, Противпожарната бригада на Подгорица-Црна Гора и преставници од Сојузот на пожарникари-спасители од Подгорица , во соработка со Центар за обука ПЕГАЗ-ЕДУ Битола , под покровителство на Општина Конче.

Посета на амбасадорката на САД на општина Конче

17.12.2002

На 17 декември општина Конче ја имаше честа да биде посетена од Амбасадорката на САД Г-га Кејт Брнс.

Посета се оствари како резултат на реализираната донација од Амбасадата на САД  во  противпожарни одела и опрема за доброволното противпожарно друштво “Горици Оператива”-Конче

Градоначалникот на општина Конче изрази големо задоволство од посета на Амбасадата на САД на општина Конче и за реализација на донација од противпожарни одела и опрема за доброволното противпожарно друштво “Горици Оператива”-Конче

Посета беше искористена и за запознавање на амбасадорката со приоритетите и проблемите  со кои се сооучува како локална самоуправа Од двете страни беше потврдена поддршката за општина Конче која е планирана да се реализира во следниот период. Донацијата од противпожарни одела и опрема за доброволното противпожарно друштво “Горици Оператива”-Конче е од посебна вредност за подобрување на капацитетите за справување со пожарите на територијата на општина Конче.

Тековни активности на општина Конче

Активно се работи на реконструкција на патниот правец с.долни Липовиќ-с.Горни Липовиќ

Активно се работи на промена на цевководот за постојана и чиста вода за пиење на Село Ракитец.

Во тек се активности на проект ,,реконструкција на потисен цевковод” од локација на бушотина до резервоар за водоснабдување во село Габревци

Ново возило за собирање и транспорт на комунален смет за ЈП Лакавица Конче донација од општина Конче

Општина Конче продолжува со подобрување и јакнење на капацитетите на комуналнто претпријатие ЈПКД „Лакавица“.
Почитувани сограѓани во соработка со Светска Банка и грант од проектот „ Подобрување на општинските услуги-МСИП“ општина Конче набави ново возило за набавка и транспорт на цврст отпад. Со капацитет од 2.5м3 новото возило ќе ни овозможи по брз и ефикасен пристап за собирање на смет до околу 800 домаќинства, покрај подобрата услуга за нашите граѓани преку овој проект ќе овозможиме и еколошка заштита на животната средина на нашата општина,Исто така сакам да ве известам дека со набавка на камионот и тракторот за организирано собирање на смет за прв пат од своето постоење ЈПКД „ Лакавица“ успеа да добие лиценца за собирање и транспорт на смет како од домаќинствата така и од индустриските капацитети во нашата општина. Со овие активности потрврдуваме дека како одговорна општина за нас се приоритет услугата и потребите на нашите сограѓани истакна Градоначалникот на општина Конче Благој Илиев.

Посета на амбасадорот на Европска Унија г-дин Дејвид Гир на општина Конче

Ми беше чест и задоволство во нашата општина да го пречекам Амбасадорот на Европска Унија г-дин Дејвид Гир со кој ги посетивме и разговаравме за реализираните проекти со финансиска помош од Европска Унија. Со реализација на овие проекти овозможивме на посетителите подобри услови за прошетки во природа,рекреативни спортски активности околу езерото, пикник со најблиските и уживањево природните убавини. Недопрената природа, чистиот воздух и здравата храна се само мотив повеќе за туристите да го посетат Езерото Мантово и Општина Конче.Очекуваме спроведените активности да поттикнат дополнителни приватни инвестиции кои ќе ја унапредат туристичката понуда во нашата општина.Во последните 3 години ова е втора посета на Евроамбасадор во нашата општина и тоа потврдува дека сме на вистински пат за промвирање на убавините на нашата прекрасна општина.

Потпишан Договорот за изведба на проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче

Почитувани сограѓани заедно со Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и Управителите на ТАВ МАКЕДОНИЈА Метин БАТАК и Нејат КУРТ го потпишавме договорот за изведба на проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче“ со вредност од околу 18 милиони денари. Проектот опфака канализационен крак во должина 3150 метри со кои ќе бидат опфатени сите домаќинства и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваме од старата канализациона мрежа. По разговорот со преставниците на инвеститроте и финансиерите дека во најкраток период се планира да се започне со започнување на градежните активности.

Програма за мобилна гинеколошка амбуланта во општина Конче

Програма за мобилна гинеколошка амбуланта во општина Конче

Општина Конче во соработка со Министерството за здравство на Р.Северна Македонија по претходна побарана помош за изнаоѓање на решение за отварање на гинколошка амбуланта во Конче, по предлог на Министерот за здравство Венко Филипче, Општината доби можност  да биде вклучена во програмата на Министерството за здравство за мобилна гинеколошка амбуланта за рурални жени.

Програмата оперативно започна да се спроведува во соработка со лицата ангажирани преку програмата на УНДП и општина Конче  и назначено лице координатор на програмата за општина Конче. Се започна со запишување на пријавени лица (девојки , жени) од  сите населени места на општина Конче кои ќе пријават интерес за добивање на бесплатни гинеколошки услуги во своето населено место.

На 23 јули 2021 год. во село Конче започна првиот термин за гинеколошки преглед за лица од Конче и Лубница и во рамките на истиот 15 лица жени добија бесплатен преглед од Специјалист гинколог и медицинска сестра акушер во специјализирано возило мобилна амбуланта, во дворот на Здравниот дом во Конче.

Во рамките на програмата планирано е вакви прегледи да се вршат два пати месечно како и услуга резултатите од прегледите да се достават лично до лицето во одреденото село.

Вакви мобилни гинеколошки услуги согласно програмата предидено е да се дават директно во секое село со цел да се избегне дополнителна потреба од превоз на руруалните жени до местото на прегледот.

Од разговорот со лицат кои први ја добија оваа услуга за прв пат во Конче изразија големо задоволство од пристапот и понудената услуга.

 

Заеднички план за намалување на ризикот од катастрофи и климатските промени во прекуграничниот регион на општините Конче и Струмјани

Проект: „Примена на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани“ со Реф. Бр. CB006.2.12.142, Број на грант договор: РД-02-29-162/12.07.2019 како проектен резултат беше и изработка на стратешки документ со наслов,,Заеднички план за развој на мрежа за прекугранична соработка за намалување на ризикот од катастрофи и промовирање на свеста за климатските промени,,

Во рамките на проектот „Примена на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани“, беше подготвен  Заеднички план за развој на мрежа за прекугранична соработка за намалување на ризикот од катастрофи и промовирање на свеста за климатските промени во прекуграничниот регион на општините Конче и Струмјани.

Целта на ваквиот план е подобрување на соработката помеѓу институциите, организациите и волонтерите вклучени во процесот на заштита и спасување од Југоисточниот регион на Северна Македонија и областа Благоевград во Бугарија, преку претставените препоракиза управување со катастрофи и итни ситуации, информирање на јавноста во случај на катастрофа како и промовирање на свеста за климатските промени.

Преземете го планот овде:

 

Проектот е ко-финансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички во Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 (CCI No. 2014TC16I5CB006).

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија, преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 (CCI No. 2014TC16I5CB006). Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Општина Конче и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија, државите учеснички или Раководниот орган на Програмата.

Реконструкција на доводен цевковод од каптажи до резервоар во с.Ракитец

Потпишан е  Договор  помеѓу Градоначалникот на општина Конче и  Директорот на Бирото за Регионален Развој Рамиз Реџепи за финансирање на проектот за реконструкција на доводен цевковод до резервоар во с.Ракитец.

Предвидени средства за реазлизација на овој проект кој ке бидат доделени се 2.2 милиони денари. Овој проект ќе биде од големо значање за жителите с.Ракитец за подобрување и зголемување на капацитети за вода.