Категорија: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Започна со работа Детската градинка 12 Јули Конче со протоколи

(09.09.2020) Започна со работа новата детска градинка во Кoнче, лоцирана во кругот на ОУ „Гоце Делчев“ во с.Конче. Со детски радости со игра ,песна и детски плач денес сите заедно ја започнавме новата воспитно-образовна година.Нови протоколи, правила,навики но сепак забавно за сите.Преку игра учиме ..ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ДРАГИ ДЕЧИЊА..

Во новата детска градинка моменто се запишани 15 дечиња на возраст до 6 години, а секојдневно во градинката престојуваат околу 12 деца. За нормално функционирање на новата детска градинка, примени се 8 невработени негувателки, готвачки, хигиеничарки и друг неопходен персонал. Вработените за да се стекнат со поголема рутина за работа со деца во новата детска градинка претходно поминаа соодветни обуки за работа во Детската Градинка ,,Ацо Караманов,,-Радовиш.

,,Јавната  установа за деца, “12 Јули” е првата градинка во општина Конче со капацитет за околу 50 деца. Ова јавна институција  граѓаните на Општина Конче ја очекуваа со години наназад,За локалната самоуправа  еден од приоритетните проекти беше отварањето на првата градинка во Општината со цел да им овозможиме на нашите деца предучилишно образование со европски стандарди. Станува збор за инвестиција вредна околу 70 илјади евра, а 5 илјади евра се донирани од Рудникот Бучим, за уредување и оградување на дворот на градинката,,  истакна градоначалникот Илиев кој притоа се заблагодари на Министерството за труд и социјална политика за подршката.