Категорија: ИНФОРМАЦИИ ПО ОБЛАСТ

Rеконструкција на основното училиште Гоце Делчев-Конче во с.Горни Липoвиќ

По објавената ранг листа на Министерството за образование и науки за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти на општински основни и средни училишта.

Општина Конче со проект за реконструкција на ПОУ Гоце Делчев-Конче во с.Горни Лиопвиќ се наоѓа на 5 то место со 52 бода од одобрени 19 проекти. По најавата за

-изградба на нова училишна зграда во с.Конче,

-реконструкцијата на училиштето во с.Дедино со сопствени средства ,

-реконструкција на училиштето во с.Горни Липовиќ,

-набавката на 2 нови минибуси за превоз на учениците,

-изградба на спортска сала во централното основно училиште ,,Гоце Делчев,, во Конче

продолжуваме во инвестирање за подобрување на условите за образование и дoстигнување на современите стандарди за нашите деца.Една од најважите обврски кои беа во нашата програма беше подобрување на условите за образование на нашите деца нагласи градоначалникот Благој Илиев.

 

 

 

Објавена постапка за изградба на плочест пропуст преку Дединска река и рехабилитација на патотот од двете страни

Почитувани сограѓани,

Како градоначалник на општина Конче Ве известувам дека во соработка со Министерството за транспорт и врски и Светска Банка е објавен тендерот за „Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци – Општина Конче“.

Станува збор за проект за изградба на плочест пропуст преку Дединска река и рехабилитација на патотот од двете страни на на пропустот со што ќе го решиме долгогодишниот проблем на ова место. Средствата за овој проект се обезбедени од „Проект за поврзување на локални патишта“ на Влада на РСМ, Мин.транспорт и врски и Светска Банка а проектната вредност на поектот е околу 2.2 милиони денари.

 

Посета на Амбасадарот на Р.Турцица на Општина Конче

Општина Конче е една од најубавите примери за мултиетнички соживот во нашата држава, како општина во која значителен број од нашите граѓани се од турска националност. Ми беше чест денес да бидам домаќин на посетата во нашата општина на Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Хасан Мехмет Секизкок, координаторот на ТИКА г-дин Омер Халим Сојут, Претседателот на МАТУСИТЕБ г-дин Хусрев Емин и Претседателот на здружението ЕНСАР г-дин Сулејман Баќи истакна градоначалникот на Благој Илиев.

На средбата разговараше за долгогодишната меѓусебна соработка, за идните заеднички проекти, инвестиции на турските фирми во областа на земјоделството, туризмот и образованието.

Амбасадорот Секизкок при посетата на училиштето, детската градинка, спортската сала ги поздрави направените инвестиции во делот на образованието и социјалната заштита на децата.Со проектот за изградба на нова канализациона линија во с.Конче со средства обезбедени од ТАВ преку Министерството за транспорт и врски обезбедуваме поквалитетен живот за нашите граѓани. Уште еднаш во мое име и во името на сите наши граѓани му се заблагодарувам на Амбасадорот на Р.Турција г-дин Секизкоз и Делегацијата  за убавата посета во нашата општина истакна Градоначалникот на општина Конче

.

Нова фекална канализација за дел од с. Конче во Општина Конче

Од средствата кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип а се пренаменети во инфраструктурни проекти ,за проектот „Фекална канализација за дел од с. Конче во Општина Конче со одобрени 18.141.175,15 денари (295.000 €)согласно поднесеното барање и проектната документација. Овој проект опфака канализациски крак во должина од 3150 метри со кој ќе се реши долгодошниот проблем со фекалните канализации во с.Конче и ќе бидат опфатени сите домаќинства кои до сега немале можности да се приклучат на канализациската мрежа. Овој проект беше една од приоритетните проекти во нашата програма и сме горди што ќе ја реализираме во тековната година.

Партерно уредување на локации во Конче со донација на општина Бујуккариштиран

Соработката со неодамна збратимената општина Бујуккариштиран од Р.Турција продолжува, по донацијата од околу 200 столови за културниот дом на о.Конче овој пат општина Бујуккариштиран заедно со Здружението за култура и образование „Академија на Румели“ донираше бекатонски плочки во количина од околу 600м2. Со донацијата од бекатонските плочки се планирани уредување на две локации како паркинг просторот од 300 м2 пред манастирот св.Стефан -Конче и партерно уредување од 300 м2 на „чешмата кај Чинарот “ во с.Конче. Трошоците за изведување на овие проекти ќе ги покрива општина Конче кои ќе бидат предвидени во буџетот во 2021 година, завршување на овој проект се очекува да биде околу крајот на Април.

Донација од општина Бујуккариштиран од Р.Турција за општина Конче

Потпишаниот Меморандум во месец октомври оваа година за збратимување и соработка помеѓу двете општини, општина Бујуккариштиран од Р.Турција и општина Конче во повеќе области како економија,култура,туризам,земјоделство,спорт,меѓуетнички односи започна да се реализира.
Збратимувањето со о.Бујуккариштиран од Р.Турција почна да ги дава своите плодови.
Здружението за образование и култура на “Академија на Румели” и “Федерацијата на Балканските Турци”- Едирне преку Здружението за спорт и култура “Зија Гокалп”-Конче донираа 40 посетителски и 150 пластични столици вкупно 190 столици за потребите на културниот дом на општина Конче.
Општина Конче и Градоначалникот на општината Благој Илиев изразуваат јавна благодарност до донаторите на донацијата.
   

Известување до граѓаните на Општина Конче за доставување предлози за Буџетот за 2021 год.

Почитувани сограѓани!

Поради актуелната состојба со пандемијата од COVID -19 Коронавирусот, и почитување на препораките од надлежните институции за заштита на јавното здравје, Ве информираме дека ова година нема да се одржат Јавните средби со граѓаните во населените места, на кои Вие граѓаните ќе можете да дававте предлози за проекти кои би се реализирале во наредната 2021 година.

Како и досега, а со цел заеднички да ги планираме Програмите кои ќе ги вклучиме во Буџетот за наредната 2021 година, Ве покануваме Вашите предлози за проекти  што би се реализирале во Вашите населени места, да ги доставите до општина Конче.

Предлозите можете да ги доставите од денес а најдоцна до петок 20.11.2020

– во писмена форма преку архивата на општина Конче

-електронски на следните е-маил адреси: gradonacalnik.konce@gmail.com и opstina.konce@t.mk

– на facebook страната: Општина Конче

– на facebook страната: Благој Илиев – Градоначалник на Општина Конче

Дополнителни информации можете да добиете на следниве телефонски броеви: 032 630 325 и 071 631 140.

Ги очекуваме Вашите предлози за да можеме заеднички, како и досега да планираме и да ја развиваме нашата општина КОНЧЕ.

Со  почит,

Општина Конче  
Градоначалник Благој Илиев

Општина Конче со подобрена понуда за активен рурален туризам

Со поддршка од #LRCP-проект за локална и регионална конкурентност подобрена е понудата за активен рурален туризам во Општина Конче, создадени се подобри услови за викенд во природа и подобрена е пристапноста до езерото Мантово.

Создаваме успешни приказни и добри практики за развој на руралниот туризам во нашата држава!

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО АКТИВЕН РУРАЛЕН ТУРИЗАМ ВО ОПШТИНА КОНЧЕ

Отворена Канцеларија за социјални работи во Конче

За прв пат во општина Конче во просториите на општинската зграда започнува со работа Канцеларијата за социјални работи-Конче во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи-Радовиш.

Канцеларијата ќе работи секој Петок од 08:00-15:00 часот и граѓаните тука во Конче ќе можат да се информираат за сите информации од социјалата област и да ги поднесуват и обновуваат своите документи за остварување на одредени права од областа на социјални мерки и социјална заштита.

Нека ни е честито и да им го подобриме животот на граганите од општина Конче.

 

ПРОЕКТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА ПОМЕЃУ ОПШТИНА КОНЧЕ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

,,Проект за поврзување на локални патишта,,помеѓу општина Конче и Министерство за транспорт и врски

 

Со одлука на Владата на Република Северна Македонија на ЕЛС-општина Конче доделени и се финансиски средства преку Заемот на Светска Банка во рамките на Проектот поврзување на локалани патишта.

Општина Конче во рамките ,,Проектот за поврзување на локални патишта,, ќе може да искористи  601,847,00 евра. Првите под-проекти се спремни за финансирање со дел од овие средства и се во фаза на спроведување на тендери за избор на Изведувач на проектите.

Општина Конче од овој Проект до крајот на 2020 година ќе реализира два проекти и тоа:

Тендер 1

Под-проектот „Реконструкција на пат – с.Горни Липовиќ – Долни Липовиќ„

 

Повеќе за проектот на следниот линк План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на локалната улица од населбите Горни и Долни Липовиќ во Општина Конче, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Тендер 2

Под-проектот „Реконструкција на дел од Пат Габревци- Изградба на мост“.

Повеќе за проектот на следниот линк Контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на дел од локален пат за н.м. „Габревци“, Општина Конче, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Со овие инвестиции општина Конче продолжува да ги решава долгогодишните проблеми на  граѓаните,бидејќи секој граѓанин заслужува подобри услови за живот

Согласно Планот за спорведување на проектите  општината определи службено лице кое што ќе може да ги прими поплаките од граѓаните поврзани со комплетната реализација на проектите: фаза подготвителни работи,фаза-реализација на проектите и фаза завршни работи.

Контакт лице: Златко Јанкулов, тел:077 990 101 маил: zjankulov@yahoo.com

Одговорното лице ги прима поплаките  и ги препраќа до надлежни лица од одделенијата на општината.

Одговорно лице кое ќе води евиденција за сите поплаки (формали и неформалини) е Златко Јанкулов , соработник при општина Конче.

Формулар за коментари за проект ,,Реконструкција на пат Долни Липовик Горни Липовик,,

Формулар за коментари на докумнети за „Реконструкција на дел од Пат Габревци- Изградба на мост“

Информација за линк на проектот и каде може да се обратат граѓаните за повеќе информации за реализација на проектот и ќе можат да го контактираат ЕИП

http://www.mtc.gov.mk/proekt%20za%20loklani%20patista%20lrcp