Категорија: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Програма за мобилна гинеколошка амбуланта во општина Конче

Програма за мобилна гинеколошка амбуланта во општина Конче

Општина Конче во соработка со Министерството за здравство на Р.Северна Македонија по претходна побарана помош за изнаоѓање на решение за отварање на гинколошка амбуланта во Конче, по предлог на Министерот за здравство Венко Филипче, Општината доби можност  да биде вклучена во програмата на Министерството за здравство за мобилна гинеколошка амбуланта за рурални жени.

Програмата оперативно започна да се спроведува во соработка со лицата ангажирани преку програмата на УНДП и општина Конче  и назначено лице координатор на програмата за општина Конче. Се започна со запишување на пријавени лица (девојки , жени) од  сите населени места на општина Конче кои ќе пријават интерес за добивање на бесплатни гинеколошки услуги во своето населено место.

На 23 јули 2021 год. во село Конче започна првиот термин за гинеколошки преглед за лица од Конче и Лубница и во рамките на истиот 15 лица жени добија бесплатен преглед од Специјалист гинколог и медицинска сестра акушер во специјализирано возило мобилна амбуланта, во дворот на Здравниот дом во Конче.

Во рамките на програмата планирано е вакви прегледи да се вршат два пати месечно како и услуга резултатите од прегледите да се достават лично до лицето во одреденото село.

Вакви мобилни гинеколошки услуги согласно програмата предидено е да се дават директно во секое село со цел да се избегне дополнителна потреба од превоз на руруалните жени до местото на прегледот.

Од разговорот со лицат кои први ја добија оваа услуга за прв пат во Конче изразија големо задоволство од пристапот и понудената услуга.

 

Отворена Канцеларија за социјални работи во Конче

За прв пат во општина Конче во просториите на општинската зграда започнува со работа Канцеларијата за социјални работи-Конче во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи-Радовиш.

Канцеларијата ќе работи секој Петок од 08:00-15:00 часот и граѓаните тука во Конче ќе можат да се информираат за сите информации од социјалата област и да ги поднесуват и обновуваат своите документи за остварување на одредени права од областа на социјални мерки и социјална заштита.

Нека ни е честито и да им го подобриме животот на граганите од општина Конче.

 

Започна со работа Детската градинка 12 Јули Конче со протоколи

(09.09.2020) Започна со работа новата детска градинка во Кoнче, лоцирана во кругот на ОУ „Гоце Делчев“ во с.Конче. Со детски радости со игра ,песна и детски плач денес сите заедно ја започнавме новата воспитно-образовна година.Нови протоколи, правила,навики но сепак забавно за сите.Преку игра учиме ..ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ДРАГИ ДЕЧИЊА..

Во новата детска градинка моменто се запишани 15 дечиња на возраст до 6 години, а секојдневно во градинката престојуваат околу 12 деца. За нормално функционирање на новата детска градинка, примени се 8 невработени негувателки, готвачки, хигиеничарки и друг неопходен персонал. Вработените за да се стекнат со поголема рутина за работа со деца во новата детска градинка претходно поминаа соодветни обуки за работа во Детската Градинка ,,Ацо Караманов,,-Радовиш.

,,Јавната  установа за деца, “12 Јули” е првата градинка во општина Конче со капацитет за околу 50 деца. Ова јавна институција  граѓаните на Општина Конче ја очекуваа со години наназад,За локалната самоуправа  еден од приоритетните проекти беше отварањето на првата градинка во Општината со цел да им овозможиме на нашите деца предучилишно образование со европски стандарди. Станува збор за инвестиција вредна околу 70 илјади евра, а 5 илјади евра се донирани од Рудникот Бучим, за уредување и оградување на дворот на градинката,,  истакна градоначалникот Илиев кој притоа се заблагодари на Министерството за труд и социјална политика за подршката.