Категорија: ИНФОРМАЦИИ ПО ОБЛАСТ

Известување до граѓаните на Општина Конче за доставување предлози за Буџетот за 2021 год.

Почитувани сограѓани!

Поради актуелната состојба со пандемијата од COVID -19 Коронавирусот, и почитување на препораките од надлежните институции за заштита на јавното здравје, Ве информираме дека ова година нема да се одржат Јавните средби со граѓаните во населените места, на кои Вие граѓаните ќе можете да дававте предлози за проекти кои би се реализирале во наредната 2021 година.

Како и досега, а со цел заеднички да ги планираме Програмите кои ќе ги вклучиме во Буџетот за наредната 2021 година, Ве покануваме Вашите предлози за проекти  што би се реализирале во Вашите населени места, да ги доставите до општина Конче.

Предлозите можете да ги доставите од денес а најдоцна до петок 20.11.2020

– во писмена форма преку архивата на општина Конче

-електронски на следните е-маил адреси: gradonacalnik.konce@gmail.com и opstina.konce@t.mk

– на facebook страната: Општина Конче

– на facebook страната: Благој Илиев – Градоначалник на Општина Конче

Дополнителни информации можете да добиете на следниве телефонски броеви: 032 630 325 и 071 631 140.

Ги очекуваме Вашите предлози за да можеме заеднички, како и досега да планираме и да ја развиваме нашата општина КОНЧЕ.

Со  почит,

Општина Конче  
Градоначалник Благој Илиев

Општина Конче со подобрена понуда за активен рурален туризам

Со поддршка од #LRCP-проект за локална и регионална конкурентност подобрена е понудата за активен рурален туризам во Општина Конче, создадени се подобри услови за викенд во природа и подобрена е пристапноста до езерото Мантово.

Создаваме успешни приказни и добри практики за развој на руралниот туризам во нашата држава!

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО АКТИВЕН РУРАЛЕН ТУРИЗАМ ВО ОПШТИНА КОНЧЕ

Отворена Канцеларија за социјални работи во Конче

За прв пат во општина Конче во просториите на општинската зграда започнува со работа Канцеларијата за социјални работи-Конче во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи-Радовиш.

Канцеларијата ќе работи секој Петок од 08:00-15:00 часот и граѓаните тука во Конче ќе можат да се информираат за сите информации од социјалата област и да ги поднесуват и обновуваат своите документи за остварување на одредени права од областа на социјални мерки и социјална заштита.

Нека ни е честито и да им го подобриме животот на граганите од општина Конче.

 

ПРОЕКТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА ПОМЕЃУ ОПШТИНА КОНЧЕ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

,,Проект за поврзување на локални патишта,,помеѓу општина Конче и Министерство за транспорт и врски

 

Со одлука на Владата на Република Северна Македонија на ЕЛС-општина Конче доделени и се финансиски средства преку Заемот на Светска Банка во рамките на Проектот поврзување на локалани патишта.

Општина Конче во рамките ,,Проектот за поврзување на локални патишта,, ќе може да искористи  601,847,00 евра. Првите под-проекти се спремни за финансирање со дел од овие средства и се во фаза на спроведување на тендери за избор на Изведувач на проектите.

Општина Конче од овој Проект до крајот на 2020 година ќе реализира два проекти и тоа:

Тендер 1

Под-проектот „Реконструкција на пат – с.Горни Липовиќ – Долни Липовиќ„

 

Повеќе за проектот на следниот линк План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на локалната улица од населбите Горни и Долни Липовиќ во Општина Конче, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Тендер 2

Под-проектот „Реконструкција на дел од Пат Габревци- Изградба на мост“.

Повеќе за проектот на следниот линк Контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на дел од локален пат за н.м. „Габревци“, Општина Конче, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Со овие инвестиции општина Конче продолжува да ги решава долгогодишните проблеми на  граѓаните,бидејќи секој граѓанин заслужува подобри услови за живот

Согласно Планот за спорведување на проектите  општината определи службено лице кое што ќе може да ги прими поплаките од граѓаните поврзани со комплетната реализација на проектите: фаза подготвителни работи,фаза-реализација на проектите и фаза завршни работи.

Контакт лице: Златко Јанкулов, тел:077 990 101 маил: zjankulov@yahoo.com

Одговорното лице ги прима поплаките  и ги препраќа до надлежни лица од одделенијата на општината.

Одговорно лице кое ќе води евиденција за сите поплаки (формали и неформалини) е Златко Јанкулов , соработник при општина Конче.

Формулар за коментари за проект ,,Реконструкција на пат Долни Липовик Горни Липовик,,

Формулар за коментари на докумнети за „Реконструкција на дел од Пат Габревци- Изградба на мост“

Информација за линк на проектот и каде може да се обратат граѓаните за повеќе информации за реализација на проектот и ќе можат да го контактираат ЕИП

http://www.mtc.gov.mk/proekt%20za%20loklani%20patista%20lrcp

Командата за воено-цивилна соработка на ВС на САД во Европа,Армијата на РСМ и Амбасадата на САД во посета на општина Конче

На 23 септември беше остварена посета на општина Конче од страна на припадниците на Командата за воено-цивилна сорааботка на ВС на САД во Европа,Армијата на РСМ и Амбасадата на САД во РСМ во рамките на подготовките на вежбата ,,Одлучен удар -21,, која е планирнао да се реализира во месец мај 2021 година на полигонот во Криволак.

Во рамките на посетата на Општината беше остварена посета и на селата Конче,Ракитец и Г.Липовиќ.Претставниците на Командата од страна на Градоначалникот на општината Благој Илиев беа подетално информирани за работата на општината како локална самоуправа, проектите,проблемите и предивизиците со кои се сооучува општината секојдневно како и за природните и културните богатства на општина Конче.

Од страна на претставниците на Командата за воено-цивилна сорааботка на ВС на САД во Европа и Амбасадата на САД во РСМ беше понудена отворена соработка за подршка во одредени проекти на општината Конче, а кои се од поголемо значење за општината и граѓаните,а особено за проекти од областа на образованието и противпожарната заштита на населението.

Присутната делагација изрази задоволство од срдечниот прием во општина Конче и изразија надеж за понатамошна соработка со општината во подршка на реализација на проекти во општина Конче како општина која се наоѓа географски во блиското опкружувањето на полигонот Криволак.

Започна со работа Детската градинка 12 Јули Конче со протоколи

(09.09.2020) Започна со работа новата детска градинка во Кoнче, лоцирана во кругот на ОУ „Гоце Делчев“ во с.Конче. Со детски радости со игра ,песна и детски плач денес сите заедно ја започнавме новата воспитно-образовна година.Нови протоколи, правила,навики но сепак забавно за сите.Преку игра учиме ..ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ДРАГИ ДЕЧИЊА..

Во новата детска градинка моменто се запишани 15 дечиња на возраст до 6 години, а секојдневно во градинката престојуваат околу 12 деца. За нормално функционирање на новата детска градинка, примени се 8 невработени негувателки, готвачки, хигиеничарки и друг неопходен персонал. Вработените за да се стекнат со поголема рутина за работа со деца во новата детска градинка претходно поминаа соодветни обуки за работа во Детската Градинка ,,Ацо Караманов,,-Радовиш.

,,Јавната  установа за деца, “12 Јули” е првата градинка во општина Конче со капацитет за околу 50 деца. Ова јавна институција  граѓаните на Општина Конче ја очекуваа со години наназад,За локалната самоуправа  еден од приоритетните проекти беше отварањето на првата градинка во Општината со цел да им овозможиме на нашите деца предучилишно образование со европски стандарди. Станува збор за инвестиција вредна околу 70 илјади евра, а 5 илјади евра се донирани од Рудникот Бучим, за уредување и оградување на дворот на градинката,,  истакна градоначалникот Илиев кој притоа се заблагодари на Министерството за труд и социјална политика за подршката.

Програми и завршни сметки на ЈКП „ЛАКАВИЦА“

Програма на ЈП Лакавица 2017

Завршна сметка за 2017

Програма на ЈП Лакавица 2018

Завршна сметка за 2018

Програма на ЈП Лакавица за 2019

Завршна сметка на ЈП Лакавица за 2019

Програма на ЈП Лакавица за 2020

ФК ,,Серта,, и општина Конче организираат турнир во мал фудбал со награден фонд од 230 илјади денари

ФК ,,Серта,, и општина Конче организираат турнир во мал фудбал со награден фонд од 230 илјади денари

ФК Серта под покровителство на општина Конче организира турнир во мал фудбал по повод празникот Петровден. Станува збор за традиционален турнир кој годинава има огромен награден фонд кој изнесува фантастични 230 илјади денари кои ќе бидат поделени за најдобрите во трите категории сениори, деца родени 2004-2006 и деца родени 2007-2009.

Во сениорска конкуренција победникот на турнирот ќе добие 120 илјади денари,  второпласираниот 60 илјади додека третиот најдобар тим ќе добие 30 илјади денари. Парични награди се планирани и во останатите категории а организаторите планираат награди и за најдобар играч, стрелец, голман

Пријавувањето на екипите ќе трае до 30 јуни во сите три категории. За сениорите котизацијата е 3000 денари додека за децата е бесплатно. Турнирот ќе трае до 11 јули а натпреварите ќе се одиграт на фудбалското игралиште при ООУ ,,Гоце Делчев’’ во Конче во ноќните термини

,, Како општина секогаш ќе ги подржуваме спортските манифестации во интерес на младите и спортистите. Наша интенција е преку дружење  да го градиме спортскиот дух и да потикнеме што повеќе младите да се насочат кон спортот па макар и рекреативно. Верувам дека во деновите што ќе  престојат ќе има интересни натпревари и многу голови на теренот на училиштето овде во Конче,, кажаа од општината како покровител на турнирот.

 

Превземено од: http://kanalvis.com/?p=10998 ,  | Јун 20, 2018

Премиерот Зоран Заев во посета на општината Конче

ДЕНЕС ОДРЖАВМЕ ЈАВНА ТРИБИНА НА ТЕМА ЗЕМЈОДЕЛИЕ, СУБВЕНЦИИ,ДАНОЦИ, ЗАЕДНО ПРЕМИЕРОТ НА Р.М ЗОРАН ЗАЕВ,ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО,ЛЕНЧЕ НИКОЛОВСКА, СОВЕТНИК НА ПРЕМИЕРОТ ЗА ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО ЗЕМЈОДЕЛСТВО,ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО,САЊА ЛУКАРЕВСКА, ДИРЕКТОР НА УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ (УЈП),НИКОЛЧЕ БАБОВСКИ, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ,ЈАНЕ СТАНКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ДРЖАВЕН ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСПЕКТОРАТ ОДГОВОРИВМЕ НА ПРАШАЊАТА НА НАШИТЕ СОГАЃАНИ, ЗБОРУВАВМЕ ЗА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО НАШИОТ РЕГИОН,ЗА ПОДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, КАКО И ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА СУБВЕНЦИИТЕ, ИСТО ТАКА ПРЕМИЕТОТ НАЈАВИ ДЕКА Е ВО ТЕК НАЦРТ ПЛАНОТ ЗА ПАТОТ Д.ЛИПОВИК-РИЧ КОЈ ДИРЕКТНО КЕ ГИ ПОВРЗУВА КОНЧЕ И СТРУМИЦА. МУ БЛАГОДАРАМ НА ПРЕМИЕРОТ И СИТЕ ДРУГИ ГОСТИ КОЈ НЕ ПОЧЕСТИА СО НИВНАТА ПОСЕТА И ИСТО ТАКА ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ МОИ СОГРАЃАНИ ЗА ЗАЕНТЕРСИРАНОСТ И КОИ КАКО И СЕКОГАШ ЈА ПОКАЖАА СВОЈАТА ГОСТОПРИМЛИВА СТРАНА.

Обраќање на премиеорот Заев на трибина со земјоделците од Конче

Премиерот Заев: Повисоки субвенции за килограм тутун, стимулација за подобар производ