НОВОСТИ/СООПШТЕНИЈА/ОГЛАСИ
ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА
ЈАВЕН КОНКУРС
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И
РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ
I. Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските
услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор
на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика
објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето
на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна
Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на:
• Реонски попишувачи и
• Реонски инструктори.
II. Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се
изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето, е како
што следи во табеларните прегледи:
Табеларен преглед за реонски попишувачи и реонски инструктори
види целосен ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И
РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ




Објавен Јавен Повик за набавка на возило за собирање и транспорт на цврст отпад во Општина Конче.

Врз основа на член 36 став 1 точка 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) и член 28 став 1 од Законот за финасирање на единиците на локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија број 61/2004, 96/2004, 67/2007, 156/2009, 47/11, 192/15, 209/2018 и 244/2019 ), Советот на Општина Конче на Педесет и третата седница, одржана на 30 Декември 2020 година, донесе Б У Џ Е Т на Општина КОНЧЕ за 2021 година
Буџетот на Општина КОНЧЕ за 2021 година се состои од:
Планирани вкупни приходи – 119.443.792 денари
Планирани вкупни расходи- 116.725.637 денари
Линк Буџет на општина Конче за 2021 година






Општина Конче изврши асфалтирање на нова главна улица во с.Дедино
Деновиве во село Дедино – општина Конче се заврши асфалтирање на нова една улица. Станува збор за улицата бр 3 во должина од 200 метри за која Општината средствата ги обезбеди од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој во висина од околу 18 илјади евра. Асфалтираната улицата е долга 200 метри е со широчина од 4 метри а изведувач беше фирмата Пешо Инженергинг.
Оваа улица претставува главен крвоток со другиот дел од селото што го дели реката која истотака е во изградба на речно корито и долги години беше во полоша состојба за движење на луѓето и сообраќајот.Со нејзината изградба се подобруваат условите за движење и дава еден нов лик на селото во овој дел и безбедно поврзување со делот од селото Дедино кое е преку реката.
За изведба на улица доплнително се изврши изградба на на потпорен ѕид од фирмата Техноинженеринг во должина од 60 метри и висина од 3 метри за изградба на овој ѕид беа потребни 15 илјади евра кои општината ги обезбеди од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој а обезбеди и 6 илјади евра од сопствениот Буџет.
Со здравје да се користи улицата од сите граѓани на селотото и од гостите кои го посетуваат Дедино.




и Тошо Поцков кои донираа 200 новогодишни пакетчиња за децата од 1-во до 5-то одделение во ООУ” Гоце Делчев” и Детската градинка “12-ти Јули”. Исто така благодарност за БП Јован Петрол и




По повод 17-ти Ноември – Светскиот ден на предвремо родените деца, општинската зграда на Општина Конче беше осветлена во розева боја за подигнување на јавната свест во општеството со цел подобри резултати во згрижување на предвремено родените бебиња.
Како татко на предвремено родено дете,сакам да им го честитам 17-Ноември Светскиот ден на предвремено родените деца со цел подигнување на свеста на општеството за нивно згрижување.-истакна Градоначалникот Благој Илиев

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО С.ГОРНИ ЛИПОВИЌ И ДЕДИНО





РУДНИКОТ БУЧИМ РАДОВИШ СО ПОДРШКА ЗА НАЈМАЛИТЕ ВО ОПШТИНА КОНЧЕ
Рудникот за бакар Бучим кај Радовиш уште еднаш на дело ја покажува својата општествена одговорност. Во време на вирусот Ковид-19, рудникот донираше финансиска помош. Средствата се донирани на Јавната установа Детска градинка 12 Јули Конче која е надлежна за згрижување на деца во општина Конче.„Донираните парични средства ќе бидат искористени за набавка транспорт и монтажа на 5 клима уреди марка инвертори со кои ќе се зтоплуваат работните простории на детската градинка 12 Јули во Конче.Рудникот продолжува со својата одамна востановена пракса на активности во чија основа е општествената одговорност.
„Тоа е важен дел од нашето работење. ,,Наша обврска е и во овој тежок период за сите, да се однесуваме одговорно кон општеството во кое работиме и да дадеме помош на оние на кои помошта име најпотребна,, нагласува директор Николов.
-Од самото отварање, па до ден денес оваа градинка се загрева со парно систем на дрва кое не беше задоволително, а со оваа помош од Рудник Бучим поминуваме на загревање со клима уреди инвертори. Целата инвестиција чини над 300.000 денари, рече Ивана Ристова, директор на оваа градинка. Таа упати благодарност до Рудникот Бучим и до градоначалникот на Конче што одлучил оваа донација да се искористи за градинката.
Во овој објект досега се згрижени 15 дечиња. Со поставувањето на климите се решава проблемот со квалитетно загревање на целата зграда.За изгадба на градинката во Конче потрошени се околу 80 илјади евра а своја донација имаше и Бучим.
Општинскиот Совет даде согласност за настава со физичко присуство на учениците
На ден 10.09.2020, на 48-та седница, членовите на Советот на општина Конче, донесоа Одлука со која дадоа согласност за организирање на настава со физичко присуство за учениците од од IV до V одделение во општинскo основнo училиштe Гоце Делчев во Конче и ПУ с.Ракитец, ПУ с.Долни Липовиќ, ПУ во с.Дедино, ПУ с.Горни Липовиќ и ПУ с.Габревци за првотото полугодие од учебната 2020/2021 година.
Деновиве беше во тек и анкетата со родителите на учениците од IV до IX одделение кои треба да се изјаснат во врска со една од двете понудениу опции: дали нивното дете ќе посетува настава со физичко присуство во согласност со протоколите за безбедно одвивање на наставата или пак наставата ќе ја следи on-line.
Согласност од Министерство за Образование за општина Конче
Согласност за изведување на настава во ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ-Конче
Одлука за опеделување на локална мрежа на планински патеки во Општина конче
Јавен повик за доставување на иницијатива за изработка на урбанистички план
Јавна набавка- Два нови минибуси по пат на финансиски лизинг на ЈПКД „Лакавица“-КОНЧЕ
ЈАВЕН ПОВИК До доверителите на Општина Конче и доверителите на единките корисници основани од Општина Конче, од областа на образованието, култура, детската и социјалната заштита за пријавување доспеани, а неплатени побарувањa