Соопштение

Соопштение за работи на електричната мрежа

ПОЧИТУВАНИ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА КОНЧЕ, ПО НАЈАВА ОД ЕВН НА ДЕН 22.10.2019(ВТОРНИК) и на ден 24.10.2019 (ЧЕТВРТОК) ОД 09:00 ЧАСОТ ДО 15:00 ЧАСОТ ПОРАДИ РАБОТИ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА МРЕЖА ВО ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА КОНЧЕ ЌЕ ИМА ПРЕКИН НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА.

Прскање против комарци на ден 27.06.2018 од 04:30 до 9:30 часот

Општина Конче во соработка со Центарот за развој на ЈИПР организира авио-третирање против комарци кое ќе се изврши на територијата на општина Конче.
Се известуваат граѓаните на општина Конче дека на 27.06.2018 година (среда) во раните утринските часови од 04:30-09:30 часот преку специјализирана авио-компанија ќе се изврши авио-третирање против комарци.
Се предупредуваат сопствениците на пчелни семејства (пчеларите) да преземат соодветни мерки за заштита односно затварање на кошниците со пчели за време на прскањето и во период од 3-4 часа по прскањето заради можноста од влијание на средствoто со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Прскање против комарци на ден 17.06.2018 од 04:30 до 9:30 часот

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од по 5741 ха.
Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека првото прскање е планирано да се изврши на 17.06.2018 година во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 18.06.2018 година во истиот временски период.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Државна урбанистичка планска документација за определување на градежна парцела со намена Г1- Тешка индустрија за експлоатација на минерална суровина бакар на локалитет „Боров Дол“, Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Конче

Врз основа на член 35 став (3) од Законот за просторно и урбанистичко планирање
(Сл.весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), Министерот за транспорт и
врски го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Државна урбанистичка
планска документација за определување на градежна парцела со намена Г1-
Тешка индустрија за експлоатација на минерална суровина бакар на локалитет
„Боров Дол“, Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Конче
Површината на планскиот опфат на Државната урбанистичка планска
документација изнесува 472,38 ха и истиот се наоѓа во ридско-планински терен со
надморски висини кои се движат од 450-730м, североисточно од село Дамјан на
оддалеченост од околу 700м, на југоисток од селото Горна Враштица на оддалеченост
од околу 300м, на југ од езерото Мантово на оддалеченост од 450м и на запад од
селото Брест на оддалеченост од 200м.
Јавната презентација и јавната анкета по Државната урбанистичка планска
документација ќе се спроведе со излагање на планската документација во
просториите на општините Конче, Штип и Радовиш, а исто така планската
документација е достапна и во информацискиот систем е-урбанизам.
Јавната анкета ќе трае 5 работни дена односно од 15-03- 2018 година до 22-03-
2018 година. Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е
објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам. Во
споменатиот рок, заинтересираните правни и физички лица од подрачјето опфатено
со планската документација можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни
листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во
писмена форма
Јавната презентација со стручно презентирање на планската документација ќе
се одржи на ден 15-03- 2018 година (четврток) во 11,00 часот во просториите на
општина Конче, на ден 16-03- 2018 година (петок) во 11,00 часот во просториите на
општина Штип и на ден 19-03- 2018 година (понеделник) во 11,00 часот во просториите
на општина Радовиш.

Министер за транспорт и врски
Горан Сугарески

 

Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Државна урбанистичка планска документација за определување на градежна парцела со намена Г1- Тешка индустрија за експлоатација на минерална суровина бакар на локалитет „Боров Дол“, Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Конче

С О О П Ш Т Е Н И Е

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ“ бр. 53/05,
81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 183/13, 42/14, 44/15 и
129/15), како и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на
прописи и други акти, како и програми од областа на животната средина („Сл.весник
на РМ“ бр.147/08 и 147/11), Министерот на Министерството за транспорт и врски
организира

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО

Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Државна урбанистичка
планска документација за определување на градежна парцела со намена Г1-
Тешка индустрија за експлоатација на минерална суровина бакар на локалитет
„Боров Дол“, Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Конче

Јавната презентација на Извештајот за стратегиска оцена на животната
средина ќе се одржи на ден 15-03- 2018 година (четврток) во 12,00 часот во
просториите на општина Конче, на ден 16-03- 2018 година (петок) во 12,00 часот во
просториите на општина Штип и на ден 19-03- 2018 година (понеделник) во 12,00
часот во просториите на општина Радовиш.
Извештајот за стратегиска оцена на животната средина е изложен на јавен
увид на web страната на Министерството за транспорт и врски (www.mtc.gov.mk).
Заинтересираните граѓани и правни лица можат да учествуваат во Јавната
презентација, а за време на јавниот увид на Извештајот за стратегиска оцена кој е
објавен на web страната на Министерството за транспорт и врски ќе можат да ги
дадат своите забелешки, предлози и мислења.
Сите забелешки засегнатата јавност може да ги доставува по електронски
пат или по пошта до Министерството за транспорт и врски.

Министер за транспорт и врски
Горан Сугарески