Прскање против комарци на ден 17.06.2018 од 04:30 до 9:30 часот

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од по 5741 ха.
Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека првото прскање е планирано да се изврши на 17.06.2018 година во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 18.06.2018 година во истиот временски период.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.