Соопштение за јавност- Проект: „Примена на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани“ со Реф. Бр. CB006.2.12.142

 

Соопштение за јавност

Назив на проектот: „Примена на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани“ со Реф. Бр. CB006.2.12.142

Договор бр.: РД-02-29-162/12.07.2019

Проектот е кофинансиран од Европската унија преку ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија – CCI No. 2014TC16I5CB006

Приоритетна оска: Животна средина

Специфична цел: 1.2 Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природни катастрофи и непогоди предизвикани од човекот од прекуграничен обем и влијание

                                                                          СООПШТЕНИЕ

Општина Конче како водечки партнер, заедно со општина Струмјани од Република Бугарија го спроведува проектот „Примена на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани“ со Реф. Бр. CB006.2.12.142 во рамки на ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија – CCI No. 2014TC16I5CB006.

Основната цел на проектот

Основната цел на проектот е да ги спречи и ублажи ефектите од природните катастрофи и катастрофите создадени од човекот во прекуграничниот регионот на Конче – Струмјани.

Специфични цели на проектот

  1. Подобрување на течението на реката Дединска, Општина Конче, со регулација на речното корито преку градежни активности и рехабилитација;
  2. Зголемување на хидрауличната проточност на реката Цапаревска (фаза II фаза II), Општина Струмјани;
  3. Изготвување на заеднички план за создавање мрежа за намалување на ризикот од катастрофи и подигнување на свеста за климатските промени преку прекугранична соработка;
  4. Кампања за подигнување на свеста за спречување и управување со ризици, како и прилагодување и ублажување на климатските промени во Конче и Струмјани;
  5. Заедничка работилница “Решенија за управување со ризик од природни непогоди во прекуграничната област”.

Реализацијата на проектот ќе ги обезбеди следниве придобивки за целните групи на двете прекугранични општини:

  • Зголемена безбедност на населението во Конче и Струмјани од природни непогоди и спречување на поплави во урбаните места преку регулација на речните корита;
  • Зголемен капацитет на општинската администрација на Конче и Струмјани да ги адаптираат и да ги ублажат ефектите од климатските промени;
  • Зголемена свесност на населението на двете општини за климатските промени и за нејзините последици и реакција во кризни ситуации.

Времетраење на проектот: 24 месеци

Датум на започнување на проектот: 13.07.2019

Датум на завршување на проектот: 12.07.2021

Вкупен буџет:  395 965,47 евра  (Општина Конче: 178.979,33 евра)

Оваа публикација е изработена со поддршка на Европската унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА прекуграничната програма Бугарија – Република Северна Македонија 2014-2020 година, CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Општина Конче и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската унија или на Управувачкиот орган на Програмата.