С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Државна урбанистичка планска документација за определување на градежна парцела со намена Г1- Тешка индустрија за експлоатација на минерална суровина бакар на локалитет „Боров Дол“, Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Конче

Врз основа на член 35 став (3) од Законот за просторно и урбанистичко планирање
(Сл.весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), Министерот за транспорт и
врски го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Државна урбанистичка
планска документација за определување на градежна парцела со намена Г1-
Тешка индустрија за експлоатација на минерална суровина бакар на локалитет
„Боров Дол“, Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Конче
Површината на планскиот опфат на Државната урбанистичка планска
документација изнесува 472,38 ха и истиот се наоѓа во ридско-планински терен со
надморски висини кои се движат од 450-730м, североисточно од село Дамјан на
оддалеченост од околу 700м, на југоисток од селото Горна Враштица на оддалеченост
од околу 300м, на југ од езерото Мантово на оддалеченост од 450м и на запад од
селото Брест на оддалеченост од 200м.
Јавната презентација и јавната анкета по Државната урбанистичка планска
документација ќе се спроведе со излагање на планската документација во
просториите на општините Конче, Штип и Радовиш, а исто така планската
документација е достапна и во информацискиот систем е-урбанизам.
Јавната анкета ќе трае 5 работни дена односно од 15-03- 2018 година до 22-03-
2018 година. Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е
објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам. Во
споменатиот рок, заинтересираните правни и физички лица од подрачјето опфатено
со планската документација можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни
листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во
писмена форма
Јавната презентација со стручно презентирање на планската документација ќе
се одржи на ден 15-03- 2018 година (четврток) во 11,00 часот во просториите на
општина Конче, на ден 16-03- 2018 година (петок) во 11,00 часот во просториите на
општина Штип и на ден 19-03- 2018 година (понеделник) во 11,00 часот во просториите
на општина Радовиш.

Министер за транспорт и врски
Горан Сугарески