Известување за прво прскање против возрасни комарци по земјен пат !

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со општина Конче, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво прскање против возрасни комарци по земјен пат. Се известуваат сите граѓани на општина Конче дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 10.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот.Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.