Соопштение за пријавување на штети врз земјоделските култури од невремето што се случи на 05.07.2020 година

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Општина Конче им соопштува на сите земјоделци кои претрпеа штети врз земјоделските култури од невремето што се случи на 05.07.2020 година, да поднесат до Општина Конче документи кои се услов за да почне постапката за оштета.

Пријавувањето ќе се врши во периодот од 20.07.2020 до 24.07.2020 година, во просториите на Општина Конче во текот на работното време.

Земјоделците во примено одделение на Општина Конче, до општинската архива треба да достават пријава и копија од лична карта.

Согласно законските прописи формирана е општинска Комисија за проценка од елементарни непогоди, која ќе ги разгледува барањата и ќе изврши увид на терен.

По проценката на штетите, и откако извештајот од Комисијата ќе биде разгледан на седница на Совет на Општина Конче, ќе биде доставен до Владата, со цел исплата на оштета на земјоделците.

 

Напомена: Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за заштита од корона вирусот, задолжително е носењето на маска при поднесувањето на докуменитите во Општина Конче.