Надлежности на општината
НАДЛЕЖНОСТИ НА ОПШТИНАТА
Според законот за локална самоуправа, „Општина“ е единица на локална самоуправа, како заедница на жителите на одредено подрачје, утврдено со закон, која преку своите органи и преку администрацијата и организираните јавни служби, овозможува вршење на надлежностите пропишани со закон. Општините се правни лица и своите надлежности ги извршуваат преку органи избрани непосредно од граѓаните.
Прописи на општината:
- Општината го уредува вршењето на своите надлежности со статутоти други прописи.
- Со статутот на општината се уредуваат:
- организацијата и работењето на органите на општината, организацијата и работењето на комисиите на советот;
- вршењето на работите од членот 20 на закон за локална самоуправа; начинот на информирање на граѓаните;
- случаите на исклучување на јавноста од седниците на советот;
- начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на општината и постапување по нив;
- начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните;
- начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба, како и други прашања од значење за локалната самоуправа.
- Прописите на општината се објавуваат пред да влезат во сила.
- Начинот на објавувањето на прописите се уредува со статутот.
Општината е надлежна за вршење на следните работи:
- Урбанистичко (урбано и рурално) планирање, издавање на одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со Закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште;
- Заштита на животната средина и природата, во смисла на преземање на мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштитата од бучава и нејонизирачко зрачење;
- Локален економски развој, во смисла на планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојни и структурни приоритети, водење на локална економска политика, поддршка на развој на мали и средни претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој котекст учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;
- Комунални дејности, во смисла на снабдување со вода за пиење, испорака на технолошка вода, одведување и пречистување на отпадни води, одведување и третман на атмосферски води, јавно осветлување, одржување на јавна чистота, собирање, транспортирање и постапување со комунален цврст и технолошки отпад, уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници, одржување на гробовите, гробиштата и давање погребални услуги, изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта и улици и други инфраструктурни објекти, регулирање на режимот на сообраќајот, изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација, изградба и одржување на јавен простор за паркирање, одстранување на непрописно паркирани возила, одстранување на хаварисани возила од јавните површини, изградба и одржување на пазари, чистење на оџаците, одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини, регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизирани делови, определување на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти;
- Култура, во смисла на институционална и финансиска подршка на културните установи и проекти, негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности, организирање на културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
- Спорт и рекреација, во смисла на развој на масовен спорт и рекреативни активности, организирање на спортски приредби и манифестации, одржување и изградба на објекти за спорт, како и поддршка на спортски сојузи;
- Социјална заштита и заштита на деца, во смисла на финансирање, инвестиции, одржување и сопственост на детски градинки и домови за стари, остварување на социјална грижа за инвалидни лица, деца без родители и родителска грижа со воспитно-социјални проблеми, со посебни потреби, од еднородителски семејства како и деца од улица, лица изложени на социјален ризик, засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остварување на право и воспитување на деца од предучилишна возраст;
- Образование, во смисла на основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта во соработка со централната власт, во согласност со закон, како и организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;
- Здравствена заштита, во смисла на управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита во кои општината е застапена во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здравствен надзор на животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби и други области определени со закон;
- Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјални добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последици предизвикани од нив;
- Противпожарна заштита вршена од територијалната противпожарна единица;
- Надзор над вршењето на работи од надлежност на општината;
- Други работи определени со закон.
ОДЛУКА за утврдување на вредноста на градежно неизградено земјоделско земиште по м2 за подрачјето на општина Конче
Закони кои се однесуваат на надлежноста на општината.
Прописи во општината во вид на подзаконски акти.
Услуги што ги дава општината.