СЛУЖБЕНИК ЗА МЛАДИ

Согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики, градоначалникот на Општина Конче донесе Решение за назначување на службеник за млади.


Зорица Ристова Михајлова

e-mail: opstina.konce@t.mk
(032) 630-325

Општина Конче


Службеникот за млади ги извршува следните работни задачи и обврски:

1. Развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики,
2. Поддршка на работата на органот на државната управа, локалната самоуправа, локалниот младински совет, неговите членови, спроведувањето на неговата програма, известување и транспарентност,
3. Одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите,
4. Следење на потребите на младите преку обезбедување истражувања за потребите на органот на државната управа, општината, консултации со млади и следење и информирање за анализи и истражувања за трендовите кај младите,
5. Обезбедување информации и информирање на младите,
6. Водење на база на податоци за разни младински активности, активни форми на младинско здружување и неформални младински групи за потребите на Истражувачкиот центар на Агенцијата за млади и спорт,
7. Редовна комуникација со Агенција за млади и спорт,
8. Да биде контакт за сите младински прашања на органот на државната управа, локалната самоуправа кон младите и јавноста,
9. Службеникот за млади е одговорен за работата на Канцеларијата за млади;


ДОКУМЕНТИ:

– Извештај за работата на Општина Конче во делокругот на млади за 2023 година (Преземи PDF)

– Извештај за работата на Општина Конче во делокругот на млади за 2022 година (Преземи PDF)


ЗАКОН за младинско учество и младински политики

ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ