Месец: м.г

Командата за воено-цивилна соработка на ВС на САД во Европа,Армијата на РСМ и Амбасадата на САД во посета на општина Конче

На 23 септември беше остварена посета на општина Конче од страна на припадниците на Командата за воено-цивилна сорааботка на ВС на САД во Европа,Армијата на РСМ и Амбасадата на САД во РСМ во рамките на подготовките на вежбата ,,Одлучен удар -21,, која е планирнао да се реализира во месец мај 2021 година на полигонот во Криволак.

Во рамките на посетата на Општината беше остварена посета и на селата Конче,Ракитец и Г.Липовиќ.Претставниците на Командата од страна на Градоначалникот на општината Благој Илиев беа подетално информирани за работата на општината како локална самоуправа, проектите,проблемите и предивизиците со кои се сооучува општината секојдневно како и за природните и културните богатства на општина Конче.

Од страна на претставниците на Командата за воено-цивилна сорааботка на ВС на САД во Европа и Амбасадата на САД во РСМ беше понудена отворена соработка за подршка во одредени проекти на општината Конче, а кои се од поголемо значење за општината и граѓаните,а особено за проекти од областа на образованието и противпожарната заштита на населението.

Присутната делагација изрази задоволство од срдечниот прием во општина Конче и изразија надеж за понатамошна соработка со општината во подршка на реализација на проекти во општина Конче како општина која се наоѓа географски во блиското опкружувањето на полигонот Криволак.

Одржана прес конференција во рамките на проектот,, Примeна на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани

Денес со почеток од 12 часот во просториите на Домот на култура во с.Дедино се одржа прес конференција во рамките на проектот ,,Примена на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани,,

Прес конференцијата ја отвори градоначалникот на општина Конче господин Благој Илиев кој пред присутните граѓани и медиуми се обрати и кажа.

Проектот,, Примена на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани,  во општина Конче започна да се реализира во 2019 година како проект за прекугранична соработка помегу општина Конче и општина Струмјани од Република Бугарија во рамките на Интеррег-Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Основна цел на проектот е да ги спречи и ублажи ефектите од природните катастрофи и катастрофите создадени од човекот во прекуграничниот регион на Конче-Струмјани.

Посебни цели на проектот се:

-Подобрување на течението на реката Дединска, општина Конче,со регулација на речното корито  преку градежни активности и рехабилитација,

-Изготвување на заеднички план за создавање мрежа за намалување на ризикот од катастрофи и подигнување на свеста за климатските промени преку прекугранична сораобтка.

-Кампања за подигнување на свеста за спречување и  управување со ризици  како и прилагодување и ублажување на климатските промени во Конче и Струмјани.

-Заедничка работилница  ,,Решенија за уравување со ризик  од природни  непогоди  во прекуграничниот регион,,.

Релизацијата на овој проект ќе ги обезбеди следните придобивки  за целните групи од прекуграничниот регион.

-Зголемена безбедност за населенито во Конче и Струјани  од природни непогоди  и спречување на поплави  во урбаните места преку регулација на речните корита,

Зголемен капацитет на општинската администрација на Конче и Струмјани да ги адаптираат и да ги ублажат ефектите од климатските промени.

Зголемена свесност на населението  на двете општини  за климатските промени  и  за нејзините последици и реакции  во кризните региони.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 395,965,47 евра од кој  Буџетот  за општина Конче изнесува 178.979,33 евра. истакна градоначалникот Благој Илиев.

Во рамките на овој настан се изврши посета на локација на речното корито во с.Дедино каде во тек се градежни работи  и се направи увид во текот на работите.

Општинскиот Совет даде согласност за настава со физичко присуство на учениците од 4 и 5 одд

На ден 10.09.2020, на 48-та седница, членовите на Советот на општина Конче, донесоа Одлука со која дадоа согласност за организирање на настава со физичко присуство за учениците  од IV до  V одделение во општинскo основнo училиштe Гоце Делчев во Конче и ПУ с.Ракитец, ПУ с.Долни Липовиќ, ПУ во с.Дедино, ПУ с.Горни Липовиќ и ПУ с.Габревци за првотото полугодие од учебната 2020/2021 година.

Деновиве беше во тек и анкетата со родителите  на учениците од IV до IX одделение кои треба да се изјаснат во врска со една од двете понудениу опции: дали нивното дете ќе посетува настава со физичко присуство во согласност со протоколите за безбедно одвивање на наставата или пак наставата ќе ја следи on-line

Започна со работа Детската градинка 12 Јули Конче со протоколи

(09.09.2020) Започна со работа новата детска градинка во Кoнче, лоцирана во кругот на ОУ „Гоце Делчев“ во с.Конче. Со детски радости со игра ,песна и детски плач денес сите заедно ја започнавме новата воспитно-образовна година.Нови протоколи, правила,навики но сепак забавно за сите.Преку игра учиме ..ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ДРАГИ ДЕЧИЊА..

Во новата детска градинка моменто се запишани 15 дечиња на возраст до 6 години, а секојдневно во градинката престојуваат околу 12 деца. За нормално функционирање на новата детска градинка, примени се 8 невработени негувателки, готвачки, хигиеничарки и друг неопходен персонал. Вработените за да се стекнат со поголема рутина за работа со деца во новата детска градинка претходно поминаа соодветни обуки за работа во Детската Градинка ,,Ацо Караманов,,-Радовиш.

,,Јавната  установа за деца, “12 Јули” е првата градинка во општина Конче со капацитет за околу 50 деца. Ова јавна институција  граѓаните на Општина Конче ја очекуваа со години наназад,За локалната самоуправа  еден од приоритетните проекти беше отварањето на првата градинка во Општината со цел да им овозможиме на нашите деца предучилишно образование со европски стандарди. Станува збор за инвестиција вредна околу 70 илјади евра, а 5 илјади евра се донирани од Рудникот Бучим, за уредување и оградување на дворот на градинката,,  истакна градоначалникот Илиев кој притоа се заблагодари на Министерството за труд и социјална политика за подршката.

Општинско-корисна работа Општина Конче 2020 год.

Проектот започнува на 1 септември и ќе трае до 31 март 2021 за стари лица и 15 јуни за ученици, а ќе бидат ангажирани вкупно 13 невработени лица како даватели на услуги за вкупно 350 крајни корисници на услугите.Општина Конче, преку програмата на Обединетите Нации (УНДП) и Агенцијата за вработување на Р. Северна Македонија за општо-корисна работа ќе ангажира
-9(девет)асистенти кои ќе помагаат на стари и изнемоштени лица во домашни услови во извршување на нивните секојдневни обврски и
-4(четири) образовни ассистенти за подршка на деца со потешкотии во образовниот процес.
Со корисниците на услугите стари лица по 4 часа дневно ќе работат ангажирани лица пред се стручни обучени лица, со високо средно и основно образовние.
Со деца во основно училиште ке работат ангажирани лица со високо образование.
„Проектот започнува на 1 септември и ќе трае до 31 март односно до 15 јуни 2021 година, во кој ќе бидат ангажирани вкупно 13 невработени лица како даватели на услуги за вкупно 350 крајни корисници на услугите.
Висината на надоместокот на ангажираните лица на месечно ниво изнесува 9.000 денари, во кои е вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест“
Ова година оваа социјална мерка за посета на стари и изнемоштени лица по втор пат ќе се спроведува во општина Конче и истата ќе се реализира преку:
– Организирани две до три посети неделно на стари, изнемоштени и осамени лица корисници на проектот.
-Грижа за здравствената и психо-физичката состојба, на стари, изнемоштени и осамените лица.
-Директна домашна медицинска грижа преку редовно мрење на крвен притисок, мерење на шекер во крвта, мерење на телесна тежина и др. (по евидентирана и договорена посета).
-Разговор и друштво со лицата корисници стари,изнемоштени и осамени лица особено за лица кој никој не ги посетува,
-Помош во извршувањето на секојдневните потреби пазарување, плаќање на сметки, дружење, итн..)
-Секојдневна помош на деца со потешкотии во образовниот процес од ангажирани лица со високо образование–образовни ассистенти
,,Подготвени сме како Локална самоуправа да го реализираме проектот и да ги продржуваме активности со старите и изнемоштени лица и децата со потешкотии во учењето во период од 6, 7 и 9 месеци, очекуваме дека ќе постигнеме одлични резултати.Веруваме дека и одѕивот кај старите лица и родители на деца со потешкотии ќе биде голем, бидејки сакаме искрено да им помогнеме истакна градоначалникот Благој Илиев
Проектот „општинско-корисна работа-општина Конче 2020 год.“, 80% го финасира УНДП преку Агенцијата за вработување, а 20 % Општина Конче. Општината ќе обезбеди и дополнителни финансиски средства за потребни материјали, организација и транспорт на ангажираните луге.

Поставување на фотоволтаик на општинската зграда во Конче

Започнато е со поставување на фотоволтаик на општинската зграда во Конче
Ова е прва општинска институција во општина Конче каде што се поставуваат фотоволтаици за заштеда на електрична енергија.
„Средствата се издвоени од програмата за финансиска поддршка на рурален развој, односно поттикнување на локален развој на руралните средини спроведено преку мерка 413.

Проектот за поставување на фотоволтации на јавни објекти во општина Конче, Радовиш, Карбинци и Штип се реализира преку ЛАГ „Плачковица“-Конче а Општината се јавува како кофинансиер.

Општина Конче како со-основач и партнер во предлог проектот обезбедува кофинансирање од 33 % од вредноста на предлог проектот, а останатите ЛАГ,,Плачковица,,-Конче кои се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка при Министерството за земјоделие.
Општина Конче учествува со 100.000 денари, а Лаг ,,Плачковица,,-Конче со 200.000 денари или вкупната вредност на проектот е 300.000 денари,“ истакна градоначалникот Благој Илиев.