Збратимување на општина Конче со општина Бујуккариштиран од Р.Турција

Направени се првите чекори за забратимување на општина Конче со општина Бујуккариштиран од Р.Турција.

На вчерашната средба со градоначалникот на о.Бујуккариштиран г-дин Ертугрул Чамлиџа во просториите на општина Конче потпишавме меморандум и протокол за збратимување и соработка на двете пштини во повеќе области како економија,култура,туризам,земјоделство,спорт,меѓуетнички односи истакна градоначалникот на о.Конче Благој Илиев.

Бујуккариштиран од Р.Турција е општина со многу сличности на нашата општина и се наоѓа во близина на Истанбул и брои околу 5500 жители.

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *