Донација од општина Бујуккариштиран од Р.Турција за општина Конче








Почитувани сограѓани!
Поради актуелната состојба со пандемијата од COVID -19 Коронавирусот, и почитување на препораките од надлежните институции за заштита на јавното здравје, Ве информираме дека ова година нема да се одржат Јавните средби со граѓаните во населените места, на кои Вие граѓаните ќе можете да дававте предлози за проекти кои би се реализирале во наредната 2021 година.
Како и досега, а со цел заеднички да ги планираме Програмите кои ќе ги вклучиме во Буџетот за наредната 2021 година, Ве покануваме Вашите предлози за проекти што би се реализирале во Вашите населени места, да ги доставите до општина Конче.
Предлозите можете да ги доставите од денес а најдоцна до петок 20.11.2020
– во писмена форма преку архивата на општина Конче
-електронски на следните е-маил адреси: konce.gradonacalnik@gmail.com и opstina.konce@t.mk
– на facebook страната: Општина Конче
– на facebook страната: Златко Ристов – Градоначалник на Општина Конче
Дополнителни информации можете да добиете на следниве телефонски броеви: 032 630 325 .
Ги очекуваме Вашите предлози за да можеме заеднички, како и досега да планираме и да ја развиваме нашата општина КОНЧЕ.
Со почит,
Со поддршка од #LRCP-проект за локална и регионална конкурентност подобрена е понудата за активен рурален туризам во Општина Конче, создадени се подобри услови за викенд во природа и подобрена е пристапноста до езерото Мантово.
Создаваме успешни приказни и добри практики за развој на руралниот туризам во нашата држава!
ПОГЛЕДНИ ВИДЕО АКТИВЕН РУРАЛЕН ТУРИЗАМ ВО ОПШТИНА КОНЧЕ
За прв пат во општина Конче во просториите на општинската зграда започнува со работа Канцеларијата за социјални работи-Конче во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи-Радовиш.
Канцеларијата ќе работи секој Петок од 08:00-15:00 часот и граѓаните тука во Конче ќе можат да се информираат за сите информации од социјалата област и да ги поднесуват и обновуваат своите документи за остварување на одредени права од областа на социјални мерки и социјална заштита.
Нека ни е честито и да им го подобриме животот на граганите од општина Конче.