Месец: <span>м.г</span>

Пуштена во употреба новата спортска сала во Конче

ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАГОЈ ИЛИЕВ
ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ, УЧЕНИЦИ И СПОРТИСТИ.
НАВИСТИНА СЕ ЧУСТВУВАМ ГОРД ШТО ПРЕД ВАС ИМАМ ПРИЛИКА ДА ГО НАЈАВАМ ОТВАРАЊЕТО НА ПРВАТА СПОРТСКА САЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА КОНЧЕ.
СПОРТСКАТА САЛА БЕШЕ ЕДНА ОД ПРИОРИТЕТНИТЕ ОБВРСКИ ВО НАШАТА ПРОГРАМА И СМЕ СРЕЌНИ ШТО ВО КРАТОК ПЕРИОД УСПЕАВМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ МОДЕРЕН И СОВРЕМЕН ОБЈЕКТ КОЈ ЌЕ БИДЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ,СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ И СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА СПОРТОТ.
СПОРТСКАТА САЛА СЕ ПРОСТИРА НА ПОВРШИНА ОД 650 МЕТРИ КАВАДРАТНИ И Е КОМПЛЕТНО ОПРЕМЕНА СО НАЈСОВРЕМЕНА СПОРТСКА ОПРЕМА, СО ШТО ЌЕ ОВОЗМОЖЕМЕ ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА И РАЗВОЈОТ СПОРТОТ И МЛАДИТЕ ВО НАШАТА ОПШТИНА.
ВОЕДНО ИСТО ТАКА САКАМ ДА ИЗРАЗАМ БЛАГОДАРНОСТ ДО, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА ЗОРАН ЗАЕВ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОНЧЕ И СИТЕ ДРУГИ ЧИНИТЕЛИ КОИ ШТО ДАДОА ПРИДОНЕС ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ОВОЈ ГОЛЕМ ПРОЕКТ.
НЕКА НИ Е СО СРЕЌА

Второ прскање против ларвициди по земјен пат во општина Конче

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започна со активности за третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион дека второто ларвицидно прскање ќе се изврши во период од 17 до 19 Мај 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 17.05.2021 година (Понеделник), во период од 09 до 16 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.
  2. На 18.05.2021 година (Вторник), во период од 09 до 16 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 19.05.2021 година (Среда), во период од 09 до 16 часот во општините Радовиш и Конче.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.