Месец: м.г

Програма за мобилна гинеколошка амбуланта во општина Конче

Програма за мобилна гинеколошка амбуланта во општина Конче

Општина Конче во соработка со Министерството за здравство на Р.Северна Македонија по претходна побарана помош за изнаоѓање на решение за отварање на гинколошка амбуланта во Конче, по предлог на Министерот за здравство Венко Филипче, Општината доби можност  да биде вклучена во програмата на Министерството за здравство за мобилна гинеколошка амбуланта за рурални жени.

Програмата оперативно започна да се спроведува во соработка со лицата ангажирани преку програмата на УНДП и општина Конче  и назначено лице координатор на програмата за општина Конче. Се започна со запишување на пријавени лица (девојки , жени) од  сите населени места на општина Конче кои ќе пријават интерес за добивање на бесплатни гинеколошки услуги во своето населено место.

На 23 јули 2021 год. во село Конче започна првиот термин за гинеколошки преглед за лица од Конче и Лубница и во рамките на истиот 15 лица жени добија бесплатен преглед од Специјалист гинколог и медицинска сестра акушер во специјализирано возило мобилна амбуланта, во дворот на Здравниот дом во Конче.

Во рамките на програмата планирано е вакви прегледи да се вршат два пати месечно како и услуга резултатите од прегледите да се достават лично до лицето во одреденото село.

Вакви мобилни гинеколошки услуги согласно програмата предидено е да се дават директно во секое село со цел да се избегне дополнителна потреба од превоз на руруалните жени до местото на прегледот.

Од разговорот со лицат кои први ја добија оваа услуга за прв пат во Конче изразија големо задоволство од пристапот и понудената услуга.

 

Општина конче го одбележа празникот на општината 12 јули-Петровден

Општина Конче го одбележа празникот на општината 12 -ти Јули, Петровден со пригодна свеченост, и културно иметничка програма.

По повод празникот на општината,  беше одржана свечена седница на Советот, на која градоначалникот Благој Илиев, изврши прием на поканети гости, деловни партнери и пријатели, директори на јавни институции  и приватни компании меѓу кои и генералниот  директор на РБ Бучим, Олег Чустовитин, и други гости. Присутните ги поздрави градоначалникот Благој Илиев  кој притоа изрази задоволство од укажаната чест, а  спомна и дел од проектите кои се реализираа во изминатиот период.

На свечената седница беа доделени признанија и благодарници за успешна соработка  со Општина Конче на повеќе правни и физички лица и раководители на институции.

На свечената седница беше одржана и културно уметничка програма. Согласно програмата празнувањето заврши со пригоден коктел во дворот на манастирот Свети Стефан во Конче, кој им беше претставен на гостите како атрактивна  рурална туристичка дестинација.