Посета на висока делагација од Р.Турција на општина Конче
08,09,2021 Висока делегација од нашата пријателска Република Турција на чело со г-дин Екрем ЏАНАЛП – Гувернер на градот и регионот Едрене, Ертугрул ЧАМЛИЏА – Градоначалник на збратимената општина Бујуккаиштиран, Тахир Ишик -Градоначалник на општина Инеада, Сабри Мутлу -Претседател на конфедерацијата на балкански исселеници во Р.Турција ја посетија нашата општина. Повод на ова прекрасна посета беше пуштањето во употреба на два проекти реализирани во соработка со збратиментата општина Бујуккариштиран Р.Турција, станува збор за уредување на паркинг простор пред манастирот св.Стефан-Конче и партерно уредување на местото викано Поројот во с.Конче. Овие се први реализирани проекти од ваков карактер со заедничка соработка на нашата општина и збратимена општина.