Средба на Градоначалникот со жени од општина Конче

Во рамките на активностите на Градоначалникот Златко Ристов беше остварена средба со жени од Oпштина Конче и здружението “Женска акција” –Радовиш кое веќе неколку години работи за поактивно учество на жените во процесите на планирање, буџетирање и одлучување на локално ниво.
Жените на Oпштина Конче доставија барања за соочување на сите нивни проблеми кои негативно влијаат на нашата локална заедница. Нивната цел е да го подобрат животот на жената која секојдневно е соочена со големи предизвици, а воедно и животот на сите жители.
Исто така побараа истите да бидат дел од програмата и буџетот на Општина Конче.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *