Месец: <span>м.г</span>

Земјен пат Д. Липовиќ-Конче.

Покрај уредувањето на населените места во Општина Конче како приоритетен проблем го има уредувањето на полските патишта, а моментално во Долни Липовиќ започнавме со уредување на најлошиот дел од патната инфраструктура спрема Конче, односно земјен пат Д. Липовиќ-Конче.

Во истото уредување спаѓа проширување на истата делница и поставување на дробен камен со валирање во дебелина од 25см.

Продолжуваме со решавање на проблемите на СИТЕ граѓани.

Изградба на армирано-бетонски потпорен ѕид во горниот дел на Конче

Онаа што како проблем останало долги години собравме сили да го санираме преку изградба на армирано-бетонски потпорен ѕид во горниот дел на Конче

Со тоа ќе заштитиме неколку домаќинства и овозможуваме на сигурен непречен сообраќај и движење по паралелна улица над истиот ѕид во должина околу 60 метри.

Се за СИТЕ граѓаните на општина Конче……

 

Започнуваме со уредување на јавни површини-тротоари, пешачки патеки и пристапни улички

Започнуваме со уредување на јавни површини-тротоари, пешачки патеки и пристапни улички во сите населени места во општина Конче со планирани околу 4000м2, започнувајќи од населено место Долни Липовиќ, а потоа во другите населени места.

Продолжуваме….

Реконструкција на Дом на културата во с. Лубница – о. Конче

Од денес ја најавуваме градежната офанзива во општина Конче, започнуваме со реконструкција на Дом на културата во с. Лубница – о. Конче, со вкупна вредност од 4.253.734,00 денари, каде изведувач е ,, Пешо Инжинеринг”Струмица., средства обезбедени преку Центар за развој на Југоисточниот плански регион, односно Биро за регионален развој.

Времетраењето на реконструкцијата на објектот е 7 месеци, со што очекуваме да се промени состојбата на последниот објект од таков карактер во општина Конче….

Деновиве почнавме со тампонирање на главниот полски пат во населеното место Конче кој минува низ средината на конечко поле и го поврзува со населеното место С.Долни Липовиќ .

Деновиве почнавме со тампонирање на главниот полски пат во населеното место Конче кој минува низ средината на конечко поле и го поврзува со населеното место С.Долни Липовиќ .

Продолжуваме…..

Дробен камен во село Дедино на улицата покрај речното корито..

Деновиве почнуваме со нанесување на тампон – дробен камен на повеке улици , локални и полски патишта во повеќе населени места во Општина Конче….

Почнавме во село Дедино на улицата покрај речното корито..

Благодарност за донацијата на дробен камен-тампон од страна на Рудникот за Бакар ,,Боров Дол”….

Продолжуваме ..посветено..чесно и одговорно!!