Категорија: АДМИНИСТРАЦИЈА

Одржана конститутативната седница на Советот на општина Конче

На ден 12 ноември 2021 година со почеток од 10 часот во просториите на општина Конче беше одржана конститутивната седница на Советот на Општина Конче, воедно и прва седница на новоизбраните советници.

Седницата ја отвори и со неа раководеше најстариот член на Советот Јончо Здравев. На седницата беше присутен и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов.

Дневниот ред имаше 5 точки:

  1. Решение за избор на комисија за верификација на Советот на Општина Конче,
  2. Решение за верификација на мандатот на новоизбраните членовите на советот на Општина Конче;
  3. Полагање и потпишување на свечена изјава на членовите на Советот;
  4. Решение за избор на претседател на Совет на општина Конче;
  5. Решение за определување на членови на Советот на Општината кои ќе учествуваат  во постапката за склучување на бракови во Месната заедница Конче.

 Откако верификационата комисија ја изврши верификацијата на советниците, мандатот на избраните 9 советници беше верификуван и одлуката за нивната верификација беше едногласно усвоена.

За претседател на Советот на Општина Конче со мнозинство гласови е избрана Александра Ристова.

Градоначалникот Златко Ристов од негово лично име и од име на општинската администрација, им го честита мандатот на новоизбраните советници, посакувајќи им успешна и плодна работа, во интерес на граѓаните на Општина Конче.

НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА КОНЧЕ НЕКА  ДОНЕСЕ РЕАЛИЗАЦИЈА НА МНОГУ УСПЕШНИ ПРОЕКТИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ!

ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА
ЈАВЕН КОНКУРС
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И
РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ
I. Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските
услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор
на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика
објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето
на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна
Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на:
• Реонски попишувачи и
• Реонски инструктори.
II. Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се
изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето, е како
што следи во табеларните прегледи:
Табеларен преглед за реонски попишувачи и реонски инструктори

види целосен  ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И
РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ