Категорија: ИНФОРМАЦИИ ПО ОБЛАСТ
Тековни активности на општина Конче
Започнување со партерно уредување на јавни површини во општина Конче -поплочување на тротоари и улици со површина над 2500м2
Потпишан Меморандум за соработка помегу ДПД Горици Оператива и Противпожарната бригада на Подгорица-Црна Гора
На големо задоволство на општина Конче беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ДПД Ѓорици Оператива О.Конче, Противпожарната бригада на Подгорица-Црна Гора и преставници од Сојузот на пожарникари-спасители од Подгорица , во соработка со Центар за обука ПЕГАЗ-ЕДУ Битола , под покровителство на Општина Конче.
Посета на амбасадорката на САД на општина Конче
17.12.2002
На 17 декември општина Конче ја имаше честа да биде посетена од Амбасадорката на САД Г-га Кејт Брнс.
Посета се оствари како резултат на реализираната донација од Амбасадата на САД во противпожарни одела и опрема за доброволното противпожарно друштво “Горици Оператива”-Конче
Градоначалникот на општина Конче изрази големо задоволство од посета на Амбасадата на САД на општина Конче и за реализација на донација од противпожарни одела и опрема за доброволното противпожарно друштво “Горици Оператива”-Конче
Посета беше искористена и за запознавање на амбасадорката со приоритетите и проблемите со кои се сооучува како локална самоуправа Од двете страни беше потврдена поддршката за општина Конче која е планирана да се реализира во следниот период. Донацијата од противпожарни одела и опрема за доброволното противпожарно друштво “Горици Оператива”-Конче е од посебна вредност за подобрување на капацитетите за справување со пожарите на територијата на општина Конче.
Тековни активности на општина Конче
Активно се работи на реконструкција на патниот правец с.долни Липовиќ-с.Горни Липовиќ
Активно се работи на промена на цевководот за постојана и чиста вода за пиење на Село Ракитец.
Во тек се активности на проект ,,реконструкција на потисен цевковод” од локација на бушотина до резервоар за водоснабдување во село Габревци
Ново возило за собирање и транспорт на комунален смет за ЈП Лакавица Конче донација од општина Конче

Посета на амбасадорот на Европска Унија г-дин Дејвид Гир на општина Конче
Потпишан Договорот за изведба на проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче
Почитувани сограѓани заедно со Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и Управителите на ТАВ МАКЕДОНИЈА Метин БАТАК и Нејат КУРТ го потпишавме договорот за изведба на проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче“ со вредност од околу 18 милиони денари. Проектот опфака канализационен крак во должина 3150 метри со кои ќе бидат опфатени сите домаќинства и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваме од старата канализациона мрежа. По разговорот со преставниците на инвеститроте и финансиерите дека во најкраток период се планира да се започне со започнување на градежните активности.
Програма за мобилна гинеколошка амбуланта во општина Конче
Програма за мобилна гинеколошка амбуланта во општина Конче
Општина Конче во соработка со Министерството за здравство на Р.Северна Македонија по претходна побарана помош за изнаоѓање на решение за отварање на гинколошка амбуланта во Конче, по предлог на Министерот за здравство Венко Филипче, Општината доби можност да биде вклучена во програмата на Министерството за здравство за мобилна гинеколошка амбуланта за рурални жени.
Програмата оперативно започна да се спроведува во соработка со лицата ангажирани преку програмата на УНДП и општина Конче и назначено лице координатор на програмата за општина Конче. Се започна со запишување на пријавени лица (девојки , жени) од сите населени места на општина Конче кои ќе пријават интерес за добивање на бесплатни гинеколошки услуги во своето населено место.
На 23 јули 2021 год. во село Конче започна првиот термин за гинеколошки преглед за лица од Конче и Лубница и во рамките на истиот 15 лица жени добија бесплатен преглед од Специјалист гинколог и медицинска сестра акушер во специјализирано возило мобилна амбуланта, во дворот на Здравниот дом во Конче.
Во рамките на програмата планирано е вакви прегледи да се вршат два пати месечно како и услуга резултатите од прегледите да се достават лично до лицето во одреденото село.
Вакви мобилни гинеколошки услуги согласно програмата предидено е да се дават директно во секое село со цел да се избегне дополнителна потреба од превоз на руруалните жени до местото на прегледот.
Од разговорот со лицат кои први ја добија оваа услуга за прв пат во Конче изразија големо задоволство од пристапот и понудената услуга.