Категорија: <span>ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ</span>

Донација од општина Бујуккариштиран од Р.Турција за општина Конче

Потпишаниот Меморандум во месец октомври оваа година за збратимување и соработка помеѓу двете општини, општина Бујуккариштиран од Р.Турција и општина Конче во повеќе области како економија,култура,туризам,земјоделство,спорт,меѓуетнички односи започна да се реализира.
Збратимувањето со о.Бујуккариштиран од Р.Турција почна да ги дава своите плодови.
Здружението за образование и култура на “Академија на Румели” и “Федерацијата на Балканските Турци”- Едирне преку Здружението за спорт и култура “Зија Гокалп”-Конче донираа 40 посетителски и 150 пластични столици вкупно 190 столици за потребите на културниот дом на општина Конче.
Општина Конче и Градоначалникот на општината Благој Илиев изразуваат јавна благодарност до донаторите на донацијата.
   

Општина Конче со подобрена понуда за активен рурален туризам

Со поддршка од #LRCP-проект за локална и регионална конкурентност подобрена е понудата за активен рурален туризам во Општина Конче, создадени се подобри услови за викенд во природа и подобрена е пристапноста до езерото Мантово.

Создаваме успешни приказни и добри практики за развој на руралниот туризам во нашата држава!

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО АКТИВЕН РУРАЛЕН ТУРИЗАМ ВО ОПШТИНА КОНЧЕ

ПРОЕКТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА ПОМЕЃУ ОПШТИНА КОНЧЕ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

,,Проект за поврзување на локални патишта,,помеѓу општина Конче и Министерство за транспорт и врски

 

Со одлука на Владата на Република Северна Македонија на ЕЛС-општина Конче доделени и се финансиски средства преку Заемот на Светска Банка во рамките на Проектот поврзување на локалани патишта.

Општина Конче во рамките ,,Проектот за поврзување на локални патишта,, ќе може да искористи  601,847,00 евра. Првите под-проекти се спремни за финансирање со дел од овие средства и се во фаза на спроведување на тендери за избор на Изведувач на проектите.

Општина Конче од овој Проект до крајот на 2020 година ќе реализира два проекти и тоа:

Тендер 1

Под-проектот „Реконструкција на пат – с.Горни Липовиќ – Долни Липовиќ„

 

Повеќе за проектот на следниот линк План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на локалната улица од населбите Горни и Долни Липовиќ во Општина Конче, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Тендер 2

Под-проектот „Реконструкција на дел од Пат Габревци- Изградба на мост“.

Повеќе за проектот на следниот линк Контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на дел од локален пат за н.м. „Габревци“, Општина Конче, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Со овие инвестиции општина Конче продолжува да ги решава долгогодишните проблеми на  граѓаните,бидејќи секој граѓанин заслужува подобри услови за живот

Согласно Планот за спорведување на проектите  општината определи службено лице кое што ќе може да ги прими поплаките од граѓаните поврзани со комплетната реализација на проектите: фаза подготвителни работи,фаза-реализација на проектите и фаза завршни работи.

Контакт лице: Златко Јанкулов, тел:077 990 101 маил: zjankulov@yahoo.com

Одговорното лице ги прима поплаките  и ги препраќа до надлежни лица од одделенијата на општината.

Одговорно лице кое ќе води евиденција за сите поплаки (формали и неформалини) е Златко Јанкулов , соработник при општина Конче.

Формулар за коментари за проект ,,Реконструкција на пат Долни Липовик Горни Липовик,,

Формулар за коментари на докумнети за „Реконструкција на дел од Пат Габревци- Изградба на мост“

Информација за линк на проектот и каде може да се обратат граѓаните за повеќе информации за реализација на проектот и ќе можат да го контактираат ЕИП

http://www.mtc.gov.mk/proekt%20za%20loklani%20patista%20lrcp

Командата за воено-цивилна соработка на ВС на САД во Европа,Армијата на РСМ и Амбасадата на САД во посета на општина Конче

На 23 септември беше остварена посета на општина Конче од страна на припадниците на Командата за воено-цивилна сорааботка на ВС на САД во Европа,Армијата на РСМ и Амбасадата на САД во РСМ во рамките на подготовките на вежбата ,,Одлучен удар -21,, која е планирнао да се реализира во месец мај 2021 година на полигонот во Криволак.

Во рамките на посетата на Општината беше остварена посета и на селата Конче,Ракитец и Г.Липовиќ.Претставниците на Командата од страна на Градоначалникот на општината Благој Илиев беа подетално информирани за работата на општината како локална самоуправа, проектите,проблемите и предивизиците со кои се сооучува општината секојдневно како и за природните и културните богатства на општина Конче.

Од страна на претставниците на Командата за воено-цивилна сорааботка на ВС на САД во Европа и Амбасадата на САД во РСМ беше понудена отворена соработка за подршка во одредени проекти на општината Конче, а кои се од поголемо значење за општината и граѓаните,а особено за проекти од областа на образованието и противпожарната заштита на населението.

Присутната делагација изрази задоволство од срдечниот прием во општина Конче и изразија надеж за понатамошна соработка со општината во подршка на реализација на проекти во општина Конче како општина која се наоѓа географски во блиското опкружувањето на полигонот Криволак.

Премиерот Зоран Заев во посета на општината Конче

ДЕНЕС ОДРЖАВМЕ ЈАВНА ТРИБИНА НА ТЕМА ЗЕМЈОДЕЛИЕ, СУБВЕНЦИИ,ДАНОЦИ, ЗАЕДНО ПРЕМИЕРОТ НА Р.М ЗОРАН ЗАЕВ,ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО,ЛЕНЧЕ НИКОЛОВСКА, СОВЕТНИК НА ПРЕМИЕРОТ ЗА ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО ЗЕМЈОДЕЛСТВО,ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО,САЊА ЛУКАРЕВСКА, ДИРЕКТОР НА УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ (УЈП),НИКОЛЧЕ БАБОВСКИ, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ,ЈАНЕ СТАНКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ДРЖАВЕН ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСПЕКТОРАТ ОДГОВОРИВМЕ НА ПРАШАЊАТА НА НАШИТЕ СОГАЃАНИ, ЗБОРУВАВМЕ ЗА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО НАШИОТ РЕГИОН,ЗА ПОДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, КАКО И ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА СУБВЕНЦИИТЕ, ИСТО ТАКА ПРЕМИЕТОТ НАЈАВИ ДЕКА Е ВО ТЕК НАЦРТ ПЛАНОТ ЗА ПАТОТ Д.ЛИПОВИК-РИЧ КОЈ ДИРЕКТНО КЕ ГИ ПОВРЗУВА КОНЧЕ И СТРУМИЦА. МУ БЛАГОДАРАМ НА ПРЕМИЕРОТ И СИТЕ ДРУГИ ГОСТИ КОЈ НЕ ПОЧЕСТИА СО НИВНАТА ПОСЕТА И ИСТО ТАКА ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ МОИ СОГРАЃАНИ ЗА ЗАЕНТЕРСИРАНОСТ И КОИ КАКО И СЕКОГАШ ЈА ПОКАЖАА СВОЈАТА ГОСТОПРИМЛИВА СТРАНА.

Обраќање на премиеорот Заев на трибина со земјоделците од Конче

Премиерот Заев: Повисоки субвенции за килограм тутун, стимулација за подобар производ