Општина Конче со значителни инвестиции во образованието во 2021 год.
Согласно планираните проекти на општина Конче во соработка со општинското основно училиште Гоце Делчев-Конче во тековната 2021 година има планирано и започнати значителни инвестиции во делот на изградба и реконструкција на училишни објeкти згради.Имено станува збор за три важни инвестиции:
1.Реконструкција на стара училилна зграда на Подрачното основно училиште ,,Гоце Делчев,, во с.Дедино каде веќе завршена е тендерската процедура јавна набавка за изведувач на градежните работи на реконструкција, и склучен е Договор со фирмата ,,ДОО Техника,,- Радовиш за реконструкција на училишната зграда согласно новиот изработен проект за училишна зграда.Градежните работи се во тек и согласно договорот работите треба да бидат завршени за период од три месеци заклучно до почетокот на месец мај.

2.Општина Конче во соработка со турската владина организација во Р.Северна Македонија ТИКА -Скопје работи на проектирање на нов училиштен објект-училишна зграда во с.Конче за ученици од прво до петто одделение.Проектот е веќе изработен и претставен како макета во општина Конче. Се очекува реализација на проектот да започне до крајот на 2021 и 2022 година.

3.Општина Конче во соработка со Министерството за образование на Р.С.Македонија за тековната 2021 година обезбеди финансиски средства за реконструкција на училишната зграда на подрачното основно училиште ,,Гоце Делчев,,- Горни Липовиќ.Оваа зграда е постара училишна зграда во минатите години се извршени одредени подобрувања(кровна конструкција, вградување на парно систем и др) од Буџетот на училиштето и општина Конче.Со оваа инвестиција ќе се изврши целосна реконструкција на зградата со значително ќе се подобрат условите за остварување на квалитетна воспитно-образовна работа и престој на учениците и наставниците.

Со овие три нови инвестииции во 2021 година општина Конче и општинското основно училиште ,,Гоце Делчев,, Конче значително ќе се подобрат материјалните училишни услови во Конче, Дедино и Горни Липовиќ во делот на одржување реновирање и изградба на училишни згради, ќе се подобрат условите за престој на учениците и наставниците во училиштата, ќе се создадат услови за модернизација на наставниот процес а посебно за учениците да добиваат квалитетни знаења и вештини.