Категорија: Uncategorized
КОНТАКТ
- ОПШТИНА КОНЧЕ
с.Конче бб 2424 КОНЧЕ
opstina.konce@t.mk
тел/факс 032 630 325
- Градоначалник
Златко Ристов
konce.gradonacalnik@gmail.com
тел/факс 032 630 325
- Секретар
општината нема назанчено лице на оваа функција
- Претседател на Совет
Александра Ристова - opstina.konce@t.mk
- Раководител на Одделение за општи и правни работи и јавни дејности,
Тинка Ангелова
tinkangelova@yahoo.com тел:032 630 325
- Раководител на Одделение за урбанизам,комунални дејности, заштита на животна средина и локален економски развој
Зоран Горѓиев
gorgievz@yahoo.com тел. 032 630 325
- Раководител на Одделение за инспекциски надзор
Благој Јованов
blagoj965@yahoo.com тел:032 630 325
- Советник за Буџет и финансиски прашања
Ленче Крстева
kostadinovalence@hotmail.com тел. 032 630 325
- Овластен инспектор за животна средина
Ацо Митев
aco.mitev@hotmail.com tel 032 630 325
- Лице назначени за работа со странки со одреден вид на социјални потреби
- Офицер за посредување за слободен пристап до информации од Јавен карактер на општина Конче
Игор Илиев – Виш соработник за јавни набавки во Одделение за правни и општи работи
igorce_messi@hotmail.com тел. 078 259 150
Офицер за заштита на лични податоци
Игор Илиев – Виш соработник за јавни набавки во Одделение за правни и општи работи
igorce_messi@hotmail.com тел. 078 259 150
Офицер за постапување по преставки и предлози
Игор Илиев, Виш соработник за јавни набавки во Одделение за правни и општи работи
како овластено лице кое ќе постапува по претставките и предлозите во рамките на општината.
igorce_messi@hotmail.com тел. 078 259 150
Офицер за постапување по предмети за Државна комисија за спречување на корупција
Игор Илиев, Виш соработник за јавни набавки во Одделение за правни и општи работи
како овластено лице кое ќе постапува за пополнување на образци и достава до ДКСК за избрани односно именувани лица
во општина Конче.
igorce_messi@hotmail.com тел. 078 259 150
Подготовка на Буџетот на општина Конче за 2022 година
Известување до граѓаните на Општина Конче за доставување предлози за Буџетот за 2022 год.
Почитувани сограѓани!
Поради актуелната состојба со пандемијата од COVID -19 Коронавирусот, и почитување на препораките од надлежните институции за заштита на јавното здравје, Ве информираме дека ова година нема да се одржат Јавните средби со граѓаните во населените места, на кои Вие граѓаните ќе можете да дававте предлози за проекти кои би се реализирале во наредната 2022 година.
Како и досега, а со цел заеднички да ги планираме Програмите кои ќе ги вклучиме во Буџетот за наредната 2022 година, Ве покануваме Вашите предлози за проекти што би се реализирале во Вашите населени места, да ги доставите до општина Конче.
Предлозите можете да ги доставите од денес а најдоцна до петок 17.12.2021
– во писмена форма преку архивата на општина Конче
-електронски на следните е-маил адреси: gradonacalnik.konce@gmail.com и opstina.konce@t.mk
– на facebook страната: Општина Конче
– на facebook страната: Златко Ристов – Градоначалник на Општина Конче
Дополнителни информации можете да добиете на следниве телефонски броеви: 032 630 325
Ги очекуваме Вашите предлози за да можеме заеднички, како и досега да планираме и да ја развиваме нашата општина КОНЧЕ.
Со почит,
Известување за состојбата со снежните врнежи во општина Конче
Во однос на последните врнежи од снег и дожд Општина Конче известува дека на територијата на општина Конче во последните 24 часа наврнати се од 20 до 30 см снежна покривка и поголеми количини на дожд, во врска со проодноста на патиштата, сите патишта Локални и Регионалниот пат Радовиш-Конче се проодни, исчистени се од страна на екипите на ЈПКД Лакавица Конче, водостојот на вештачките акумулации Конче 1 и Конче 3 е нормален истотака и речните корита на сите реки во општината се во нормална состојба.
Средба на Градоначалникот со жени од општина Конче




Златко Ристов официјално ја презеде должноста Градоначалник на Општина Конче
Општинската изборна комисија во Конче денеска официјално го врачи уверението на Златко Ристов, за назначување и превземање на функцијата Градоначалник на Општина Конче.
Златко Ристов како нов градоначалник на Општина Конче доаѓа на местото на досегашниот градоначалник Благој Илиев.
На одржаните локални избори Ристов со освоени 1083 гласа односно со разлика од 23 гласа во однос на својот противкандидат, успеа да дојде на функцијата градоначалник на Општина Конче, кој ќе ја води општината во наредните 4 години.
Ристов најави дека веднаш ќе се зафати со решавање на проблемите на граѓаните и реализација на порграмата.
Локални избори 2021 општина Конче
Одлука за утврдување и одбележување на места за истакнување на изборни плакати за
Локални избори 2021
Посета на висока делагација од Р.Турција на општина Конче
08,09,2021 Висока делегација од нашата пријателска Република Турција на чело со г-дин Екрем ЏАНАЛП – Гувернер на градот и регионот Едрене, Ертугрул ЧАМЛИЏА – Градоначалник на збратимената општина Бујуккаиштиран, Тахир Ишик -Градоначалник на општина Инеада, Сабри Мутлу -Претседател на конфедерацијата на балкански исселеници во Р.Турција ја посетија нашата општина. Повод на ова прекрасна посета беше пуштањето во употреба на два проекти реализирани во соработка со збратиментата општина Бујуккариштиран Р.Турција, станува збор за уредување на паркинг простор пред манастирот св.Стефан-Конче и партерно уредување на местото викано Поројот во с.Конче. Овие се први реализирани проекти од ваков карактер со заедничка соработка на нашата општина и збратимена општина.
Потпишан Договорот за изведба на проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче
Почитувани сограѓани заедно со Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и Управителите на ТАВ МАКЕДОНИЈА Метин БАТАК и Нејат КУРТ го потпишавме договорот за изведба на проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче“ со вредност од околу 18 милиони денари. Проектот опфака канализационен крак во должина 3150 метри со кои ќе бидат опфатени сите домаќинства и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваме од старата канализациона мрежа. По разговорот со преставниците на инвеститроте и финансиерите дека во најкраток период се планира да се започне со започнување на градежните активности.