НОВОСТИ/СООПШТЕНИЈА/ОГЛАСИ

Програма за мобилна гинеколошка амбуланта во општина Конче

Општина Конче во соработка со Министерството за здравство по претходна побарана помош за изнаоѓање на решение за отварање на гинколошка амбуланта во Конче, по предлог на Министерот за здравство Венко Филипче доби можност Општината да биде вклучена во програмата на Министерството за здравство за мобилна гинеколошка амбуланта за рурални жени.

Во соработка со лицата ангажирани преку програмата на УНДП и општина Конче  и назначено лице координатор на програмата за општина Конче се започна со запишување на пријавени лица (девојки , жени) од  сите населени места на општина Конче кои ќе пријават интерес за добивање на бесплатни гинеколошки услуги во своето населено место.

На 23 јули  во село Конче започна првиот термин за гинеколошки преглед за лица од Конче и Лубница и во рамките на истиот 15 лица жени добија бесплатен преглед од Специјалист гинколог и медицинска сестра акушер во специјализирано возило мобилна амбуланта, во дворот на Здравниот дом во Конче.

Во рамките на програмата планирано е вакви прегледи да се вршат два пати месечно како и услуга резултатите од прегледите да се достават лично до лицето во одреденото село.

Вакви мобилни гинеколошки услуги согласно програмата предидено е да се дават директно во секое село со цел да се избегне дополнителна потреба од превоз на руруалните жени до местото на прегледот.

Од разговорот со лицат кои први ја добија оваа услуга за прв пат во Конче изразија големо задоволство од пристапот и понудената услуга.

Аирлија нека ние на сите граѓани и долги години да опстојува за потребите на граѓаните на општина Конче

 

Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 и 119/16) и аплицирана програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Конче за 2021 година, број 09-454/2, од 26.03.2021 година, Градоначалникот на општина Конче, распишува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За работно ангажирање на невработени лица за јавни работи

1.Општина Конче има потреба од работно ангажирање на 10 (десет) работници за времетраење од 1(еден)месец, 22 работни дена за извршување на јавни работи-Одржување на јавната инфраструктура  и Одржување и заштита за животната средина и природата.

2.Право да се пријават имаат eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, и други лица од евиденција на невработени.

За време на ангажирањето на лицата ќе се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето-паричен надоместок во износ 400 денари по работно ангажирано лице-дневно, со вклучен данок на личен доход и  осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и ангажираното лице.

3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

– Пријава и

– Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.

4.Огласот трае пет работни дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Конче, www.konce.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Центар за вработување  Радовиш, односно до 27.07.2021 година.

5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Конче, секој работен ден од 07.30-15.00 часот.

Дата.21,07,2021                                                              ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                        НА ОПШТИНА КОНЧЕ БЛАГОЈ ИЛИЕВ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА-КОЛЕКТОР ВО С.ДОЛНИ ЛИПОВИЌ”

Градоначалникот на Општина Конче заедно со Бирото за регионален развој го потпиша договорот за кофинансирање на проектот”Реконструкција на дел од канализациона мрежа- колектор во с.Долни Липовиќ со вредност од 2 милиони денари.

Со оваа инвестиција се решава еден повеќе годишен пробелм со канализационата мрежа во с.Долни Липовиќ, поради тоа што првичната изградена канализациона мрежа во делот на излезот од с.Долни Липовиќ  првично беше изведена во тешението на река Крива Лакавица и при поголеми врнежи колекторот беше често оштетувам и целосно онеспосебен за неговата функција.

Со оваа инвестиција се планира изведба на нов колектор со нова траса со која ќе се решат поседиците од силните води на река Крива лакавица при невреме.

По завршување на тендерските постапки во најкраток временски период очекуваме почеток на градежните активности.

Проект за реконструкција на доводен цевковод до резервоар во с.Ракитец.

Потпишан е  Договор  помеѓу Градоначалникот на општина Конче и  Директорот на Бирото за Регионален Развој Рамиз Реџепи за финансирање на проектот за реконструкција на доводен цевковод до резервоар во с.Ракитец.

Предвидени средства за реазлизација на овој проект кој ке бидат доделени се 2.2 милиони денари. Овој проект ќе биде од големо значање за жителите с.Ракитец за подобрување и зголемување на капацитети за вода.

 

 

 

 

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Основно училиште со ресурсен центар „ Св. Климент Охридски“ Ново Село

Основно училиште со ресурен центар „Св. Климент Охридски“ Ново Село   ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки  од општина Конче кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:

ПОУ „ Св. Климент Охридски“ Ново Село,  ул„ Маршал Тито бр. 103, општина Ново Село поштенски број 2434 И по електронски пат на sv_klimentoh@yahoo.com  со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.

Кон барањето потребно е да се доставиписмо со намери зошто кандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија  (CV), и доколку кандидатот/ка веќе обезбедува образовна асистенција на ученик/ученичка да се наведе името на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителна претходна согласност на родителот/старателот име и презиме на ученикот/ученичката.

Види цела содржина на Јавен повик за изразување интерес – обр.асс_

Индекс за активна транспарентност 

Врз основа на извршена анализа на Центарот за граѓански комуникации во рамките на Извештајот за Индекс за активна транспарентност за 2021 година врз основа на претходно изработена методологија и структуирани  прашалници за состојбата на исполнетост на  обврските за активно објавување на информации на интернет страната на општина Конче за 2021 година ја рангираше во групата со многу добра транспарентност на 23 место, подобрувајки ја својата активна транспарентност за фантастични 60%

Во однос на подобрување на својата транспареност Извештајот покажува дека има подобрување кај 51 општина.Општини кои ја подобрила својата активна транспарентност за повеќе од 20 процентни поени се:

 

1.Општина Конче за 59 процентни поени

2.Општина Петровец за 57 процентни поени

3.општина гратско за 45 процентни поени и

4.општина Центар Жупа за 42 процентни поени.

Во однос на состојбата на ниво на Југоисточниот регион ,општина Конче  од послаба позиција лани сега се искачи на 4 место подобрувајки ја својата активна транспарентност за фантастични 60% односно лани од 23 % на 83% оваа година.

Рангирање на општините во Југоисточниот пласнки регион за активна транспарентност.

1.Ванадово- 94%

2.Гевгелија-86%

3.Василево-84 %

4.Конче 83 %

5.Струмица-80%

6.Богданци-79%

7.Ново Село- 67%

8.Босилово- 62%

9.Радовиш-57%

10.Дојран-45%

Одложено првото прскање против возрасни комарци во општините во Југоисточниот регион

08.06.2021 Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека СЕ ОДЛОЖУВА првото прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 07,08,09 Јуни 2021 година.

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното прво прскање против возрасни комарци, граѓаните од Југисточниот регион ќе бидат дополнително известени.

 

Врз основа на член 83,84 и 85 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност(Сл.весник 112/2014, 113/2014, 56/2015,129/2015,147/2015,27/2016,119/2016, 21/2018,113/2018 и Сл.весник на Република Северна Македонија бр.124/2019), Закон за работни односи член 11, член 22 и член 34 (Сл.Весник на РМ бр.62/05,106/08, 114/09,130/09,50/10,52/10,124/10,47/11,11/12,39/12,13/13,25/13,170/13,187/13,113/14,20/15,33/15,74/15,167/15,27/16,120/18 и 110/19), Закон за Агенциите за привремени вработувања член 2, член 3 и член 4(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2006, 102/2008, 145/2010, 136/2011,13/2013, 38/2014, 98/2015, 147/2015, 27/2016 и 119/2016), Годишната програма за организирање на јавни работи – работно ангажирање на невработени лица во општина Конче за 2021/22 година, број 08-1515/17, од 21.12.2020 година (“Службен гласник на општина Конче”,бр.53/2020), Одлука за спроведување и финансирање на Програма за работно ангажирање–Јавни работи во Општина Конче за 2021/2022 година бр.08-330/14 од 18.03.2021 и Акциски план за  организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Конче за 2021/22 год.бр.08-330/13 од 18.03.2021, Градоначалникот на општина Конче, распишува:

Ј А В Е Н   П О В И К

За сезонско ангажирање на невработени лица по Програма за јавни работи за  2021/22 год.

 1.Општина Конче има потреба од работно ангажирање на 15(петнаесет) работници за времетраење од шест месеци за извршување на јавни работи  но не подолго од шест месеци.

Одржување на јавната инфраструктура  одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на полски патишта, одржување на насипи, канали и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи),

Одржување и заштита за животната средина и природата (чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита,  канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта,  монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта,  развој на селските подрачја и други работи).

2. Право да се пријават имаат eвидентирани невработени лица, долгорочно невработени, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица (над 55 години) и други лица од евиденција на невработени.

Невработените лица ќе бидат ангажирани за период од шест месеци(мес.мај,ноември, декември 2021 година и месец јануари, февруари и март 2022год). согласно горе наведените членови на Законот за вработување, Законот за работни односи и Закон за Агенциите за привремени вработувања.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општината, Агенција за времени вработувања и ангажираното лице. За работното ангажирање на работниците во Програмата ќе им се исплатува нето плата од 15.500 ден и надоместоци од плата пензиско и здравствено осигурување.

3.Заинтересираните кандидати за пријавување за Програмата за јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Конче за 2021/22  потребно е:

– Да пополнат и поднесат Пријава за Јавни работи 2021/22 година до Архивата на општина Конче.Пријавата може да се подигне од Архивата на општина Конче.

– Да приложат доказ Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени лица.

4.Повикот трае три работни дена од денот на објавувањето во дневен весник, на веб страницата на општина Конче, на Oгласната табла на Агенцијата за вработување-Радовиш и Огласната табла на општина Конче односно до 28.04.2021 година.

5.Пријавите се поднесуваат во Општина Конче, секој работен ден од 07.30-15.00 час.

6.По истекот на рокот за пријавување, Комисија ќе изврши избор на лица кои ќе бидат ангажирани како извршители во Програмата за јавни работи на територија на Општина Конче за наведениот период 2021/2022 година.
7.Правата и обврските на избраните кандидати ќе бидат уредени со склучување Договор меѓу ПАВ Контакт-Бизнис Скопје и избраниот кандидат.
8.Детални информации за Програмата за јавни работи на територија на Општина Конче за периодот на 2021/2022 година можат да се добијат во Општина Конче кај лицето Златко Јанкулов и на тел. број 032/630-325.
Бр.09-594/1                                           Градоначалник на општина Конче

26.04.2021

Реконструкција на ПОУ Гоце Делчев-Конче с.Горни Липовиќ 

По објавената ранг листа на Министерството за образование и науки за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти на општински основни и средни училишта.

Општина Конче со проект за реконструкција на ПОУ Гоце Делчев-Конче во с.Горни Лиопвиќ се наоѓа на 5 то место со 52 бода од одобрени 19 проекти. По најавата за изградба на нова училишна зграда во с.Конче,реконструкцијата на училиштето во с.Дедино со сопствени средства,реконструкција на училиштето во с.Горни Липовиќ,набавката на 2 нови минибуси за превоз на учениците,изградба на спортска сала во централното основно училиште ,,Гоце Делчев,, во Конче продолжуваме во инвестирање за подобрување на условите за образование и дoстигнување на современите стандарди за нашите деца.Една од најважите обврски кои беа во нашата програма беше подобрување на условите за образование на нашите деца нагласи градоначалникот Благој Илиев.

 

 

Објавен тендерот за „Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци

Како градоначалник на општина Конче Ве известувам дека во соработка со Министерството за транспорт и врски и Светска Банка е објавен тендерот за „Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци – Општина Конче“.

Станува збор за проект за изградба на плочест пропуст преку Дединска река и рехабилитација на патотот од двете страни на на пропустот со што ќе го решиме долгогодишниот проблем на ова место. Средствата за овој проект се обезбедени од „Проект за поврзување на локални патишта“ на Влада на РСМ, Мин.транспорт и врски и Светска Банка а проектната вредност на поектот е околу 2.2 милиони денари.

 

ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА
ЈАВЕН КОНКУРС
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И
РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ
I. Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските
услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор
на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика
објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето
на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна
Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на:
• Реонски попишувачи и
• Реонски инструктори.
II. Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се
изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето, е како
што следи во табеларните прегледи:
Табеларен преглед за реонски попишувачи и реонски инструктори

види целосен  ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И
РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

Општина Конче успешно се справи со првиот пообилнен снег годинава.
ЈПКД Лакавица со својата  механизација е постојано на терен и во текот на вчерашниот ден беа исчистени и проодни сите патишта до населените места во Општина Конче, како и од регионалниот пат кон Радовиш. Екипите на ЈПКД Лакавица со започнувањето на вршежите од снег беа излезени на терен во 02 часот по полноќ со цел навремено да се интервенира на локалните патишта.Исчистени се и сите улици во Конче и локални патишта и ниту едно населено место не остана изолирано и без пристап до главниот регионен пат и до општината. Инаку висината на снежната покривка во општина Конче, е околу 15 сантиметри, а има и голомразица на осојничави терени, каде се  фрла ризла и сол.
  Екипата на ЈПКД Лакавица и денеска е на терен и успешно се справува со остатоците од  снегот, кој поради местоположбата на општината тешко се топи.
  

Објавен Јавен Повик за набавка на возило за собирање и транспорт на цврст отпад во Општина Конче.

Општина Конче на 25 јануари 2021 објави Јавен повик за набавка на  возило за собирање и транспорт на цврст отпад во Општина Конче.
Понудите од заинтресирани понудувачи ќе можат да се достават заклучно до 13:00ч, 26.02.2021 година
Советот  на општина Конче го донесе Буџетот на општина Конче за 2021 година 

Врз основа на член 36 став 1 точка 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) и член 28 став 1 од Законот за финасирање на единиците на локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија број 61/2004, 96/2004, 67/2007, 156/2009, 47/11, 192/15, 209/2018 и 244/2019 ), Советот на Општина Конче на Педесет и третата седница, одржана на  30  Декември 2020  година, донесе  Б У Џ Е Т на Општина КОНЧЕ  за 2021 година

Буџетот на Општина КОНЧЕ  за 2021 година се состои од:

Планирани вкупни приходи – 119.443.792 денари

Планирани вкупни расходи-  116.725.637 денари

Линк Буџет на општина Конче за 2021 година

Одржана работилница за негување на културните традиции и обичаи на Македонците и на Турската заедница во Конче во просториите на Општината
30,12,2020 Општина Конче беше домакин на една прекрасна работилница кој беше организиран од страна на учениците со своите наставници од Подареш- о. Радовиш.
Темана работилницата беше:
-Запознавање,зачувување и негување на културните традиции и обичаи на Македонците и наТурската заедница што живеат на овие простори.
Засекогаш треба да го чуваме и негуваме овие културни вредности !!!!

Општина Конче изврши асфалтирање на нова главна улица во с.Дедино

    Деновиве во село Дедино – општина Конче се заврши асфалтирање на нова една улица. Станува збор за улицата бр 3 во должина од 200 метри за која Општината средствата ги обезбеди од  Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој во висина од околу 18 илјади евра. Асфалтираната улицата е долга  200 метри е со широчина од 4 метри а изведувач беше фирмата Пешо Инженергинг.

Оваа улица претставува главен крвоток со другиот дел од селото што го дели реката која истотака е во изградба на речно корито и долги години беше во полоша состојба за движење на луѓето и сообраќајот.Со нејзината изградба се подобруваат условите за движење и дава еден нов лик на селото во овој дел и безбедно поврзување со делот од селото Дедино кое е преку реката.

За изведба на улица доплнително се изврши изградба на  на потпорен ѕид од фирмата Техноинженеринг  во должина од 60 метри и висина од 3 метри за изградба на овој ѕид беа потребни 15 илјади евра кои општината ги обезбеди од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој а обезбеди и  6 илјади евра од сопствениот Буџет.

Со здравје да се користи улицата од сите граѓани на селотото и од гостите кои го посетуваат Дедино.

Донација на топла облека и новогодишни пакетчиња од г-ѓа Славица Заева
Како градоначалник на општина Конче сакам од се срце да и се заблагодарам на г-ѓа Славица Заева која донираше јакни, топла облека и новогдишни пакетчиња за фамилијата Трајкови од с.Дедино.
Донација од Бензинска Пумпа -Јован Петрол за децата
Во име на сите деца сакам да искажам голема благодарност до Бензинска Пумпа – Јован Петрол
и Тошо Поцков кои донираа 200 новогодишни пакетчиња за децата од 1-во до 5-то одделение во ООУ” Гоце Делчев” и Детската градинка “12-ти Јули”. Исто така благодарност за БП Јован Петрол и

Ресторан Маг-Марг / Летна Тераса Крис-Дав за долгогодишната соработка и квалитетната услуга.
 
 

 

 Општина Конче го одбележа Светскиот ден на предвремено родени деца -17 Ноември

 По повод 17-ти Ноември – Светскиот ден на предвремо родените деца, општинската зграда на Општина Конче беше осветлена во розева боја за подигнување на јавната свест во општеството со цел подобри резултати во згрижување на предвремено родените бебиња.

Како татко на предвремено родено дете,сакам да им го честитам 17-Ноември Светскиот ден на предвремено родените деца со цел подигнување на свеста на општеството за нивно згрижување.-истакна Градоначалникот Благој Илиев

 

Одбележан Светскиот ден на лицата со дијабетис 16 ноември во општина Конче
По повод „Светскиот ден на лицата со дијабетис“ зградата на општина Конче е осветлена во сино со цел подигнување на свеста на граѓаните за превенција од оваа болест.
Сината е боја на небото и на знамето на Обединетите Нации и ги претставува сите земји обединети во борбата против дијабетисот.

 

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО С.ГОРНИ ЛИПОВИЌ И ДЕДИНО

 Општина Конче од сопствени финансиски средства исврши асфалтирање на улици во село Горни Липовиќ и Дедино, кои  беа приоритетни проекти за реализација ова година.  Станува збор за три улици во Горни Липовиќ со вкупна должина од 600 метри и две улици во Дедино со вкупна должина од 200 метри,Изведувач на работите беше фирмата Евроградба Инженеринг од Владевци,
 .

РУДНИКОТ БУЧИМ РАДОВИШ СО ПОДРШКА ЗА НАЈМАЛИТЕ ВО ОПШТИНА КОНЧЕ

Рудникот за бакар Бучим кај Радовиш уште еднаш на дело ја покажува својата општествена одговорност. Во време на вирусот Ковид-19, рудникот донираше финансиска помош. Средствата се донирани на Јавната установа Детска градинка 12 Јули Конче  која е надлежна за згрижување на деца во општина Конче.„Донираните парични средства ќе бидат искористени за набавка транспорт и монтажа на 5 клима уреди марка инвертори со кои ќе се зтоплуваат работните простории на детската градинка 12 Јули во Конче.Рудникот продолжува со својата одамна востановена пракса на активности во чија основа е општествената одговорност.

„Тоа е важен дел од нашето работење. ,,Наша обврска е и во овој тежок период за сите, да се однесуваме одговорно кон општеството во кое работиме и да дадеме помош на оние на кои помошта име најпотребна,, нагласува директор Николов.

-Од самото отварање, па до ден денес оваа градинка се загрева со парно систем на дрва кое не беше задоволително, а со оваа помош од Рудник Бучим поминуваме на загревање со клима уреди инвертори. Целата инвестиција чини над 300.000 денари, рече Ивана Ристова, директор на оваа градинка. Таа упати благодарност до Рудникот Бучим и до градоначалникот на Конче што одлучил оваа донација да се искористи за  градинката.

Во овој објект досега се згрижени 15 дечиња. Со поставувањето на климите се решава проблемот со квалитетно загревање на целата зграда.За изгадба на градинката во Конче потрошени се околу 80 илјади евра а своја донација имаше и Бучим.

   

Општинскиот Совет даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

На ден 10.09.2020, на 48-та седница, членовите на Советот на општина Конче, донесоа Одлука со која дадоа согласност за организирање на настава со физичко присуство за учениците од од IV до  V одделение во општинскo основнo училиштe Гоце Делчев во Конче и ПУ с.Ракитец, ПУ с.Долни Липовиќ, ПУ во с.Дедино, ПУ с.Горни Липовиќ и ПУ с.Габревци за првотото полугодие од учебната 2020/2021 година.

Деновиве беше во тек и анкетата со родителите  на учениците од IV до IX одделение кои треба да се изјаснат во врска со една од двете понудениу опции: дали нивното дете ќе посетува настава со физичко присуство во согласност со протоколите за безбедно одвивање на наставата или пак наставата ќе ја следи on-line.

 

 Согласност од Министерство за Образование  за општина Конче

Согласност за изведување на настава во ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ-Конче

Повик за поднесување на понуди за „Проект за подобрување на општинските услуги-МСИП“ MSIP 2-NCB-017-19

Оглас за објавување на тендер за градежни работи „Регулација на Дединска река“ – Announcement for tender procedure for„Regulation of Dedinska River“

Единицата за спроведување на проектот “Локална и регионална конкурентност” објавува покана за изразување на интерес за извршување на консултантски услуги-консултантска фирма за надзор на градежни работи во 6 (шест) општини во источниот дел на државата.

 Одлука за опеделување на локална мрежа на планински патеки во Општина конче

Јавен повик за доставување на иницијатива за изработка на урбанистички план

Јавна набавка- Два нови минибуси по пат на финансиски лизинг на ЈПКД „Лакавица“-КОНЧЕ

ЈАВЕН ПОВИК До доверителите на Општина Конче и доверителите на единките корисници основани од Општина Конче, од областа на образованието, култура, детската и социјалната заштита за пријавување доспеани, а неплатени побарувањa