РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ
Завршно со партерно уредување во Село Ракитец
ЛАГ Плачковица започна со подготвителни активности за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница
Започнаа подготвителните активности за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница како иницијатива за подобрување на условите за живеење во руралните средини која произлезе од самите локални чинители и жители од општина Конче.
Овие активности заеднички се спроведува од страна на ЛАГ Плачковица, општина Конче, ЈКП Лакавица и трговското друштво ЕЛДИСИ од с.Лубница. Екипите на ЈКП Лакавица извршија расчистување и подготовка на теренот за спроведување на партерното уредување на сретсело во Лубница.
Оваа иницијатива е дел од проектот на УСАИД “Програма за развој на заедниците” кој го спроведува Мрежата за рурален развој на Македонија (МРР на РСМ) во партнерство со ЛАГ АБЕР 2015, ЛАГ БЕЛАСИЦА-ОГРАЖДЕН, ЛАГ БОЈМИЈА, ЛАГ МАЛЕШ-ПИЈАНЕЦ и ЛАГ ПЛАЧКОВИЦА.
ЛАГ Плачковица реализира локална иницијатива за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница >> Видео <<
Започнување со партерно уредување на јавни површини во општина Конче -поплочување на тротоари и улици со површина над 2500м2
Активно се работи на реконструкција на патниот правец с.долни Липовиќ-с.Горни Липовиќ
Активно се работи на промена на цевководот за постојана и чиста вода за пиење на Село Ракитец.
Во тек се активности на проект ,,реконструкција на потисен цевковод” од локација на бушотина до резервоар за водоснабдување во село Габревци
- РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ И ПРОГРАМИ 2018-2020
- ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ И ПРОГРАМИ
- ПЛАНИРАНИ ПРОЕКТИ И ПРОГРАМИ
РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ И ПРОГРАМИ од 2018 година до денес

За општина Конче еден од приоритетните проекти беше отварањето на првата градинка во нашата општина,бидејки предучилишното воспитување е многу битно во развојот на нашите деца и затоа на нашите деца им овозможуваме предучилишно образование со европски стандарди. Од следната недела започнува уписот на децата а родителите ќе можат да ја посетат градинката да ги видат условите за нивните деца.
2.Изградба на нова Спортска сала во Конче
Изградена е прва спортската сала во с.Конче во Општина КОНЧЕ наменета за спортски активности на учениците и на младите од општината.
https://www.facebook.com/RTVKobra/vide
3.Канцеларија за социјални услуги
Во Конче во рамките на општинската зграда за потребите на граѓаните отворена е првата канцерларија за социјални услуги за барањата и потребите на нашите граѓани.Граѓаните од сите наслени места во оваа канцеларија може да ги поднесуваат своите барања за оставрување на одредени социјални права согласно Законот за социјлна заштита на Р.Северна Македонија.
4.Проект за поврзување на локални патишта„ помеѓу општина Конче и Министерство за транспорт и врски.
Општина Конче во склоп на овој проект ќе може да искористи 598.847 евра. Првите под-проекти кој веќе се спремни за финансирање со дел од овие средства и селектирани за тендерирање во 2020 година се под-проектите „Реконструкција на пат – с.Горни Липовиќ – Долни Липовиќ„ и „Реконструкција на дел од Пат Габревци- Изградба на мост“. Со овие инвестиции продолжуваме да ги решаваме долгогодишните проблеми на нашите граѓани,бидејќи секој наш граѓанин заслужува подобри услови за живот истакна градоначалникот Илиев
5.Изградбата на патната инфраструктура во сончевата езерска населба ,,Мантово,
,
Како главна цел на проектот беше подобрување и развој на туристичката понуда во општина Конче како општина од Југоисточниот плански регион.Целите кои се постигнаа со овој проект се:
- Изградба на патна инфраструктура во Сончевата Езерска населба Мантово;
- Подобрување на животните и работни услови и трајно мотивирање на населението за опстанок во матичната средина;
- Подобрување на пристапноста до изградените атракции во населбата
- Зголемување на бројот на домашни и странски туристи;
- Зголемување на приходот од туризам;
- Зголемување на економски развој во Југоисточниот регион.
6.Проектот ,,Инсталација на Лед светилки и улично и парковско осветлување на општината
Со овој проект беа опфатени промена на сите досегашни 341 живени сијалици со нови ЛЕД светилки. Паралелно се поставени и нови 39 Лед светилки на потребните локации со што ја проширивме и уличната мрежата за дополнително илјада метри. Со овој проект истотака на пофрекфентните места односно на главните улици и и јавни зелени површини во сите населени места доплнително се поставени и 40 улични Лед светилки на соларна енергија. Според градоначалникот на Конче Благој Илиев со овој проект ги подобруваме условите за живот на нашите граѓани а ќе придонесеме и кон заштеди во однос на финансиски средства за осветлување и одржување од Буџетот а истотака и заштита на животната средина,,
7.Проект за локална и регионална конкурентност.
Главна цел на проектот беше„Подобрување на пристапности и атрактивност на Сончева езерска населба Мантово и околината на Мантово“
Целите кои се постигнаа со овој проект се:
- Рехабилитација на пат Брана Мантово – село Габревци во должина од 6.5 км
- Обележување на патеки во должина од 3 км
- Осветлување на локалитетот “Влашки Колиби”
- Набавка и поставување на урбана опрема
- Поставување и дизајн на инфо табли и патокази
8.Проект Изградени нови улици во Дедино и во Ракитец, започнати градежните активности и на нова улица во Конче
Согласно програмата на Владата за финансиска подршка на руралниот развој во општина Конче се асфалтирани повеќе улици во неколку населени места. Асвфалтирани се улици во Дедино и во Ракитец а во тек се и работните активности за изградба и асфалтирање на нова улица во Конче. Општина Конче доби подршка од околу 9 милиони денари за изградба на овие улици се со цел граѓаните на оваа рурална општина да имаат поубави развојни услови. При секои врнежи од дожд житечите на овие села беа приморани да одат низ кал и вода. Со асфалтирањето на улиците ќе можат да ги уредат и дворовите пред своите домови. Линк https://video.fskp2-1.fna.fbcdn.net/v/t42.9040-2/95199158_271253780568603_1156931719866089472_n.mp4?
9.Проект Набавка на две нови минибуси комби за превоз на учесници и наставници.


Општина Конче во соработка со УНДП преку проектот “Подобрување на општинските услуги” обезбеди нов трактор со приколка за организирано собирање на отпадот од домаќинствата од ова општина. Станува збор за проект кој го финансираше УНДП во висина од 26.000 евра а општина Конче обезбеди 7.000 евра.
11. Проект.Набавка на пластични канти за отпад за секое домаќинство од населените места во општина Конче
Општина Конче во соработка со УНДП во рамките на проектот “Подобрување на општинските услуги” истотака обезбеди 860 канти за отпад за секое домаќинство кои ќе ги добијат бесплатно. Со овој проект се обидуваме да ја подигнеме свеста за поголема чистота во нашата општина и да не се фрла ѓубре насекаде. Секое домаќинство ќе добие бесплатно корпа за отпад за да можеме да пристапиме кон организирано собирање и соодветно депонирање за што го набавивме и тракторот со приколка.
12.Прекуграничен проект ,,Подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – ЗАЕДНИЧКА ОДРЖЛИВА ИДНИНА,,
Главната цел на проектот е да се подобри достапноста на зачуваното природно наследство и вредности во општините Ќустендил и Конче, со цел да се искористи потенцијалот на овие еколошки ресурси за балансиран развој на туризмот од двете страни на границата.
Проектните активности вклучуваат: подобрување на автомобилскиот достап и паркирање во близина на зоната на природната атракција и подобрување на пешачката достапност до водопадот “Полска Скакавица” – преку реконструкција на општинскиот рурален пат, изградба на еко патеки и места за одмор и набљудување во Општина Ќустендил и изградба на еколошка туристичка зона преку поставување на урбана опрема за туристичката населба “Мантово” преку изградба на еко патеки и места за одмор и набљудување во Општина Конче; спроведување на тематски работилници “Соодветно однесување со клиентите” и “Одржливо користење на природата и културата за развој на туризмот”; развој на сеопфатна студија и презентирање на природните потенцијали за развој на туризмот во Општина Ќустендил; презентација на културните и природните туристички потенцијали на Општина Конче; презентација на локалната традиција од страна на локални уметници од двете општини – преку организирање на настапи и изложби; организирање на форуми за “Партнерство во развојот на туризмот” во двете општини.
Поволните природни и еколошки карактеристики на подрачјето на прекуграничниот регион, нудат можности за одржлив развој на различни форми на туризам кои ке служат за развој на следните проекти на двете страни.Веб-страница на проектот:www.kyustendil-konche-nature.eu
13.Проект.Допремување со потребна механизација за Јавно комунално претпријатие Лакавица Конче
Со доделување на ваучерот од рудникот БУЧИМ и средства од Општина Конче за потребите на ЈКПД Лакавица-Конче набавен беше нов нож за чистење на снег за зимско одржување на локалните патишта и улици,Во 2018 година општина Конче беше една од најуспешните општини во справувањето со зимските услови и затоа и ова година со уште посовремена механизација ќе продолжиме со исто темпо на работа.
0
За потребите на одржување на патиштата набавена е и механизирана косилка за одржување на локалните и полските патишта од грмушки треви и зеленило.
14.Проект.Набавка на комби за превоз на работници и алат за потребите на ЈПКД Лакавица Конче.
15.Проект. Подобрување на возниот парк на општина Конче со нови возила од донатори УНДП и Агенција за одземен имот на РСМ.
16.Проект,, Рехабилитација на полски патишта порамнување и подобрување.



17.Проект.Тампонирање на полски патишта во општина Конче
Изминатиов период во Општина Конче се тампонираа полски патишта во атарот на село Дедино со песок и чакал за подобар пристап на земјоделците до своите обработливи површини засеани со разновидни култури. Станува збор за проект што општина Конче го реализираше преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во функција на подобрување на условите во руралните подрачја.
Во општина Конче се тампонираа два полски пата кај Дедино. Едниот е со должина од 400 метри и ширина од 2,5 метри додека другиот е во должина од 500 метри со истата ширина.Станува збор за патишта кои беа детектирани од самите жители на општината како тешко проодни и побараа нивна санација за полесен пристап до нивите.Општина Конче во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион обезбеди средства за таа намена и критичните места од полските патишта во атарот на Дедино ги посипи со песок и чакал. На овие активности и во иднина ќе се работи со цел да се обезбедат пристојни услови за извршување на земјоделските работи од страна на жителите од населните места на општина Конче.
Извор:www.drnka.mk
18.Изградба на повеќенаменско спортско игралиште во с.Габревци
19.Изградба на спортско игралиште во с.Ракитец.
20.Проект. Изработка на техничка докумeнтација за аплицирање на проекти кои се од приоритетна важност за општината.


21.Проект.Организирање и реализација на програма,,Општинско-корисна работа 2019 во општина Конче,,.
22.Проект:Програма Организирање на Јавни работи во општина Конче за невработени лица од ранливи категории граѓани во 2019 и 2020 година.
Во рамките на повикот на Агенција за вработување на Р.Северна Македонија во март 2020 година општина Конче аплицираше и успешно ја реализира програмата за јавни работи во општина Конче со ангажирање на 10 невработени лица кои беа ангажирани со работни задолженија на одржување на јавната инфрструктура за период од 1 месец за наодместок од 9000 денари.Програмата даде подршка на невработените лица во општина Конче кои подолг период се невработени поради нискиот степен на завршено образование и работни компетенции.
23.Проект.Подобрување на водоснабдувањето во с.Конче со изработка на бушотина- бунар со пумпна станица за вода за пиење.
24.Проект:Подобрување на партерното уредување на општинската зграда во Конче.
Со цел подобрување на партерното уредување на општинскиот центар реализирани се активонсти на поставуање на систем за наводнување на зелените површини во доворот на општината како и засадување на нови украсни дрвца.
25.Проект:Набавка на ново патничко возило комби за дистрибуција на храна за Народна кујна Конче.
Голема благодарност до Ајрула Куртов и Габриела Куртов-Гудер за топлиот пречек и донираниот автомобил кој ќе биде доделен на “Народна кујна” кој секој ден на околу 70 стари,изнемоштени и социјални лица од Конче и околните села им овозможува топла храна.
26.Проект,изработка на техничка докумнтација за основен проект за доградба на канализациона мрежа во Конче.
27.Проект. Имплементирање на нов финансов систем за наплата на комунални давачки за водоснабудвање ,одведување на отпадни води и смет во домажинствата во јПКД Лакавица Конче.
Во рамките на ЈПКД Лакавица Конче основана во 1998 година и започнато оперривно со работа од 2001 година, во 2019 година е целосно имплементиран нов ситем за финансово и материјално работење на ЈПКД Лакавица Конче со цел подобра прегледност на целокупнато финансово роботење на претпријатието како и подобрен преглед на издадените фактури за комунални давачки кон корисниците од населенените места во општина Конче.
28.Проект Поставување на фотоволтаик на општинската зграда во Конче
Завршено е со поставување на фотоволтаик на општинската зграда во Конче
Ова е прва општинска институција во општина Конче каде што се поставуваат фотоволтаици за заштеда на електрична енергија.„Средствата се издвоени од програмата за финансиска поддршка на рурален развој, односно поттикнување на локален развој на руралните средини спроведено преку мерка 413.Проектот за поставување на фотоволтации на јавни објекти во општина Конче, Радовиш, Карбинци и Штип се реализира преку ЛАГ „Плачковица“-Конче а Општината се јавува како кофинансиер.
29.Проект: Набавка на машини и алат за одржување на јавни површини за ЈПКД Лакавица Конче.
Преку ваучер за донација од Рудникот Бучим на општина Конче набавени се повеќе потребни алатки и машини за одржување на патиштата и јавното зеленило во општина Конче. Набавени се приклучна машина за косење на трева и грмушки покрај локалните патишта,две машинки за сење на гранки од дрвја, рачен алат за работа на патишта,компрезор за воздух и приклчни елемнети една бензинска косилка и друг прибор.
30.Проект:Изработка на инфраструктурен проект за Изградба на мост на река ,,Дединска река,, на регионален пат Раскрсница-с.Габревци, езеро Мантово
31.Проект Основање на Доброволно противпожарно здружение со ингеренции за противпожарана заштита во општина Конче.
Согласнот законот за пожарникарство и законот за управување со кризи за потребите на општина Конче во 2019 година беше основано Доброволно противпожарно здружение ГОРИЦИ ОПЕРАТИВА Конче за доброволно организирање на населението од населените места од општина Конче во правна форма за превенија,добороволно учество и заштита при пожари и природни непогоди на територијата на општина Конче.За претседател е назначен г-дин Илчо Горѓиев од с.Ракитец а во рамките на ДПД ,,Горици Оператива,, Конче со Одлука на Управниот одбор основана е и доброволна противпожарна едница кој моментално број 7 активни доброволни пожарникари.За потребите на ДПД ГОРИЦИ ОПЕРАТИВА Конче отвроена е канцеларија, набавена е работна облека и алат за гаснење на пожари а на располагање се ставени и возилата на ЈПКД ЛАкавица Конче.
32.Проект.Отварање на општински простории за дневен престој за стари лица.
Во рамките на проектот општинско-корисна работа општина Конче 2019 година финасиран од УНДП и о.Конче за корисниците на проектот стари изнемоштени и осамени лица во повеќе села отворени се општински простории за дневен престој и превентивна здравствена заштита и социјални активности со обучени ангажирани лица во с.Конче, с.Долни Липовиќ, с.Ракитец и с.Дедино.
33.Проект Поставување на две метео станици во рамките на проектот на југоисточниот плански регион.

