НОВОСТИ/СООПШТЕНИЈА/ОГЛАСИ

Одличен настап на Нашите амбасадори Куд Конче , во Житковац Р.Србија…


Стартуваме со градежни активности во ПУ ,, Гоце Делчев ” во село Дедино , изведба на бетонска и железна ограда на целиот училишен двор и вградување на нови спортски елементи….


По повод светиот месец Рамазан , на мое огромно задоволство вечерва приредивме Ифтарска Вечера заедно со нашите граѓани од Општина Конче ..

Бог нека ја балгослови вечерата и народот , со многу здравје , среќа и бериќет….вечно и вековито нека се слави.


Почитувани граѓани на Општина Конче , би сакал да упатам апел до сите граѓани кој што обработуват земјоделски површини и сите оние граѓани кои од други причини имаат потреба да се движат по шумските делови и земјоделските површини , да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти .

Како резултат на таквата негрижа во вчерашниот ден беше предизвикан шумски пожар од кој беше предизвикана огромна материална штена на дабова шума во м.в ,,Брестиви дол” , атар на село Габревци!!!


1ви април е ден на шегата и ден на детската радост и смеа.

По тој повод, денес учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” од Конче ни приредија Првоаприска парада со најразлични и интересни маски.


Почитувани граѓани , денес во Општина Пробиштип се оддржа традиционалната манифестација ,,Зелникот на Баба” каде што учество земаа и жените од повеќето населени места од Општина Конче ….особено сум горд на успесите на денешните учеснички и на освоеното 1-во место…


Поставување на нова урбана опрема во населените места во Општина Конче


Реконструкција на сервисна улица ,,4″ во должина од 391,34 метри, вредност: 3 556 844,39 и

Реконструкција на улица ,,12″ 81.6 метри со вредност од : 1 055 554.


Денес заедно со вработените во општинската админстрација, учениците и вработените од ООУ ,,Гоце Делчев” – Конче, вработените во ЈПКД– и членовите во ДПД Горици Конче , на најдобар можен начин го одбележавме денот на Екологијата.Во повеќе населени места засадивме разновидни млади дрвца.


Успешно завршена активност поврзана со здравјето на Нашите граѓани од Општина Конче , имено во соработка со ЈЗУ Радовиш предводена од специалист офталмолог Др.Весна Пешевска и Др. Горан Иванов од ОБ Струмица , во придружба на претставници од Црвен Крст -Радовиш каде што беа опфатени околу двеста граѓани…


Продолжуваме со грижата за животната средина и уредување на повеке локации во сите населени места во општината.


Земјоделецот е приоритет во нашата општина,а услови за непречено движење мора да има до секоја парцела.

Иднината на интензивното земјоделство е пред нас и затоа мора да се вложува во пристапните полски патишта како приоритет на општината ….


Деновиве стартуваме со изградба на прочистителна станица во населеното место Ракитец .

Проектот ќе се реализира со поддршка на БРРР на РМ , спроведен од страна на СЈПР – Струмица , со кофинансирање на Општина Конче


О Д Л У К А

За утврдување на места истакнување на изборни плакати на територијата на општина Конче.


ПОЛОЖЕНО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ НА СТРЕЛАНИТЕ НЕВИНИ ГРАЃАНИ ОД С. ГАВРАН

Во саботата сојузот на борците за општините Радовиш и Конче положија свежо цвеќе на спомен плочата во с.Гавран по повод 101 година од стрелањето на невините граѓани на Гарван. На свеченоста присуствуваа и делегации од ЕЛС Конче како и делегации од соседните општини Неготино и Штип.


Започнуваме со ,,Реконструкција на улица 4″во Конче.

Со оваа реконструкција се уредува улицата до манастир “Св.Стефан”,со поставување на цевест пропуст Ф600мм.и проширување на улицата со асфалтен слој со што се обезбедува пристап до манастирот и ООУ ,”Гоце Делчев”,а домаќинствата од истиот дел добиваат уредена и современа улица.


Денес во населеното место Дедино засaдивме млади стебла од растенијата Липа – ,,Tilia” и Црвен Јавор – ,,Acer Rubrum”..

Продолжуваме да се грижиме за животната средина и уредување на населените места…

Голема благодарност за одличната соработка на “MAN AND MOUNTAIN” Скопје , за донацијата од 50тина млади стебла од растението Црвен Јавор – ,,Acer Rubrum”…


Вечен и вековит нека е денешниот ден СВ. Трифун , заштитник на лозарите и земјоделците .. свечено одбележување во организација на Кумот Ацо Поцков…посакувам многу бериќет и успех на сите лозари и земјоделци.


ИЗВЕСТУВАЊЕ


Уредувањето на полските патишта е приоритет пред излегување на земјоделците на земјоделските површини со нивни активности.

Овие денови со механизацијата на ЈП Лакавица вршиме планирање и уредување на полските патишта во с.Дедино со опфат на пристапот до манастирски комплекси во близина на селото.

Уредувањето на просторот пред црква Св.Никола , с.Дедино ни претставува приоритет со започнување уредување на локацијата под гробиштата паралелно со регионалниот пат Конче-Радовиш.

Со овој зафат се врши регулација на речниот канал , со уредување на просторот на кој во иднина ќе извршиме облагородување на животната средина и создавање на уредено катче за одмор на секој граѓанин и посетител.


Денес потпишавме Договор за изградба (асвалтирање) на улица ,,12″ во населеното место Конче…


ЈПКД-Лакавица, во расчистување на локалните општински патни правци..


Богојавление -Водици …Општина Конче 2024


Јавен Повик за формирање на Совет за превенција на детско престапништво


Мало внимание на дел од граѓаните од Општина Конче по повод големиот христијански празник Рождество на ГОСПОД Исус Христос – Божиќ…


Новата година ја започнуваме со засaдување на млади стебла од растението Липа – ,,Tilia” и уредување на магистрална улица Конче -Лубница…


За крај на годината најпотребниот подарок за нашите членови на БК.Бучим Шампиони Конче , со одлука на Совет на Општина Конче и донација од рудникот за бакар Боров Дол набавено и предадено ПМВ за потребите на клубот..

Исто така од страна на големиот пријател на Општина Конче Тони -Џони борач беа донирани најнеопходни прехрамбени продукти на неколку граѓани од нашата Општина..


Предновогодишно доделуваме новогодишни пакетчиња на најмалите во детска градинка 12ти јули , и ООУ Гоце Делчев со заедничко дружење преку посебна Програма од учениците , исполнета со детски насмевки кои се поттик за вложување во нив .


Свечено отварање на првиот пензионерски клуб во Село Ракитец , нека им е честито на сите членови на ЗП Конче од Општина Конче


Културна манифестација по повод празнување на 21 Декември-денот на турската настава.


Успешна проекција на филмови во ,,Дом на култура ,,-Конче, на учениците од ООУ ,,Гоце Делчев.

Релаксирана атмосфера на нашите најмали , а оваа претставува потик за воведување на пракса на посветување внимание на уметноста и културата во општина Конче.

Ве покануваме да учествувате во репертоарот на нови проекции во наредниот период…..


Почитувани граѓани,

Ве повикуваме да се вклучите со Ваши идеи и проекти за изготвување на буџет 2024.

Сите идеи доставени до општина Конче , ќе бидат разгледани и согласно потребите планирани и креирани во наредниот буџет.

Започнуваме на 10.12.2023 год. во училишна зграда Дедино со почеток во 12 часот.

Во 14 часот продолжуваме во Конче , во дом на културата со почеток во 14 часот.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ


Центар на југоисточен плански регион потпишавме договор за реализација на проект-Изградба на прочистителна станица на отпадни води за населено место Ракитец во вредност од 8 631 200 денари ,каде 5 184 482 денари се обезбедени преку Центар за југоисточен плански регион , односно Биро за рамномерен регионален развој , а остатокот од општински средства.Со тоа се врши заштита на животната средина каде ќе вложиме повеќе средства во иднина…


ЈПКД Лакавица на терен , расчистување на првите снежни наноси!


-Две години со реализирани многу проекти….

Со дадениот отчет за изминатите две години докажавме како се работи , како треба да функционира една локална самоуправа,како се реализираат проекти на народот.
Да сме на чисто , се е во склад со изборна програма ,креиран буџет од граѓаните,остварени желбите на луѓето кои сакаат да живеат и функционираат во нормално и современо општество.
Благодарам за поддршката , која ми дава поттик за поголем влог за сите граѓани на општина Конче.
-Во втората половина од мандатот што претстои ветувам дека реализираните проекти ќе бидат двоструко зголемени , а со тоа ќе направиме општина Конче да биде пријатно и современо катче .
-Ве поканувам заеднички да учествуваме во преродбата која ни претстои на секое поле……

 


Уредување на полски патишта во атарот на село Габревци…


Јавен повик за Локално собрание на млади


Овие денови во тек се активности за транспорт и нанесување на дробен камен на полски патишта во сите населени места , каде приоритет се критичните локации каде пристапот до обработливите површини е отежнат.

Уредувањето на полските патишта останува приоритет и продолжуваме со активностите….


Во завршна фаза на пристапна улица во с.Ракитец ,каде се изгради атмосферска канализација и поплочување на истата.


Радост за најмалите и во населеното место Габревци, прва фаза монтирање на детски реквизити и изградба на летниковец дел од урбаната опрема предвидена во тековната 2023 год ….


Сообраќајно уредување на локални улици и патишта…

 


Завршено со уредување на пристапна улица ,,4″ во населеното место Горни Липовик..

Продолжуваме…


Денес на православниот празник СВ.Тома и ден на градежниците официјално почнуваме со изградба на нов и модерен плоштад во Село Ракитец

Продолжуваме…


Јавен Повик


Започнавме со уредување на детското катче во населеното место Горни Липовиќ..


Привршуваме со уредување на пристапна улица ,,3″ во населеното место Горни Липовиќ…


ЈАВЕН ОГЛАС        ⇔        ПРИЈАВА

 


Деновиве почнуваме со реализација на проектот за јавни работи помеѓу Општина Конче и АВРМ, во кој е предвидено да бидаат опфатени сите населени места од општината …


Денес завршивме со асфалтирање на улицата која беше опфатена со изградба на потпорниот ѕид во населеното место Конче.


Радост за најмалите во населеното место Конче , ново детско катче…


Денес на наше огромно задоволство потпишавме Меморандум за соработка помегу Општина Бизовац -Хрватска и Општина Конче.


Радост за најмалите во село Дедино!

Денес го уредивме детското катче кое е во склоп на подрачното училиште ПОУ Гоце Делчев.

Се грижиме за нашето богатство и не застануваме тука..


Денес на наше огромно задоволство бевме посетени од г-дин Др.Махмут Чевик Подпретседател на Тика од Анкара- Република Турција и кординаторот на Тика за Република Македонија г-дин Мехмет Бајрак …

Продолжуваме посветено со соработка со сите наши долгогодишни пријатели…


Денес завршуваме со изградба на улуца ,,2″ во населеното место Горни Липовиќ


Денес се финализира поставувањето на трафостаница за пумпна станица за водоводен систем за с.Габревци.

Со оваа се заокружува постапката за изградба на потисен цевковод со сигнален кабел,пумпна станица и поставување на трафостаница со моќност од 50 kw со вредност околу 8 000 000,00 денари ,со што се овозможува обезбедување на доволни количини на вода за пиење за граѓаните од с.Габревци.


Населеното место Лубница добива нови асфалтирани улици во должина од 275м.,со тоа оформуваме уредено населено место кое го заслужува тоа.


Изградба на нова улица во Село Ракитец ….


Завршно со уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ….продолжуваме..

 


Почнуваме со активности во село Горни Липовиќ

Прва фаза, порамнување и нанесување тампон на пристапни патеки и улици…


Денес е посебен ден, ден кој останува за паметење кај повеќе првоодделенчиња.

Посакувам среќен почеток во новата учебна година на сите дечиња кои го прават првиот чекор во училишните клупи.

За таа цел заедно со Советот на општина Конче доделуваме ваучери по 6 000 денари кои денеска ги исплативме на сметките на родителите.

Тука нема да застанеме и продолжуваме со подршка на учениците од ООУ “Гоце Делчев” Конче.

Децата се нашата иднина..


Јавен Оглас

За работно ангажирање на невработени лица за јавни работи

 

 


Општина Конче со свои преставници на манифестацијата

„Меден Радовиш“

Природа, Здрава храна и Фолклор…


Завршно со уредување на пристапни патеки и улици Конче , продолжуваме во село Горни Липовиќ….


Продолжуваме со уредување на пристапни патеки во населените места во Општина Конче….


Расчистување на наносите од поројниот дожд во повекето населени места во Општина Конче


Денес преку ангажман на членовите од Дпд Горици Конче почнавме со уредување на локалните патишта во Општина Конче.


Денес по барање на граѓаните на село Лубница и Дедино а во пресрет на престојниот верски празник СВ ,,Илија” -Илинден , го уредивме пристапниот пат до Манастирот СВ ,,Илија” …Нека е вечен и вековит…


Почитувани сограѓани!

Ве известуваме дека на ден 27.07.2023 година (Четврток) со почеток од 18 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција, а дезинсекција против возрасни комарци во 20 часот.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Благодариме за разбирањето!!


Почитувани граѓани на Општина Конче чуствувам морална потреба да Ви се обратам на сите и да Ве замолам сите заедно да помогниме во изнаоѓање на решение ( очигледно ) на намерно наметнатите комунални и еколошки проблеми ,

Имено во изминатите неколку месеци сме сведоци на опожарување на општинската депонија и запушување на канализационите мрежи во повеќе населени места со (конфекциски , градежни , пластични и други материјали) кои НИКАКО не смее да се одлагат во канализационите мрежи!!

Ве молам за разбирање, доколку не се постигнат мерки согласно нашите препораки во иднина ке се преземат најстроги законски мерки.


Завршно со пристапни патеки и улици во нас.место Конче .


Завршено со поставување на заштитни огради на:

– пропуст на дединска река.

– пропуст на модра река.

– пропуст на рег.пат Радовиш-Конче.

– пропуст пред селската Џамија во село Конче.


ИЗВЕСТУВАЊЕ


Успешно реализиран проектот ,, Од Зрно До Погача”- Зажневаме , Запеваме!!, по втор пат во нашата општина под покровителство на МЗШВ на РМ спроведен од страна на ЗРРР -Блесок од Радовиш …

Културата , традицијата и обичаите се нашето бесценето наследство..


12 јули, Празникот на општина Конче, по 27 – ми пат го одбележивме со пригодна програма :

Свечено пуштање во употреба на адаптиран конак во манастирска црква “Св. Стефан”

Свечена седница на Советот на општина Конче со доделување на награди, благодарници, признанија и златни плакети.

Настап на повеќе КУД од Македонија и соседна Србија.

Не изостанаа спортските натпревари како во трчање, така и во фудбал во мал фудбал.

Во трките на 800 метри, што претставува новина за нас се спроведоа во три групи, а во мал фудбал во две категории.

Мораме да им се заблагодарам на сите гости, учесници и граѓани во спроведување на целокупната програма за прославување на општинскиот празник 12 јули, – Петровден.

За многу години и посакуваме во иднина уште поголеми активности на културно-уметнички поле..

Вредните жени од Општина Конче се докажаа со подготвената традиционална храна преку вкусот на традицијата со кое нешто посебно се гордееме…


Натпревар во подготовка на традиционална храна


Авантурите на Конче и Мантово ..
Прв и Втор ден…пријавени повеке од 200та учесници

Програма за празникот на општината 12 Јули-Петровден


ВелоФест 2023 Програма и Известување:


Известување


Денес на нашите деветоодделенци им доделивме вредносни ваучери од Општина Конче и им посакавме многу успех во понатамошните образовни процеси…

Продолжуваме посветено… #Децата се нашата иднина#


СООПШТЕНИЕ


По барање на граѓаните од Село Ракитец денес го уредивме пристапниот полски пат кој води до манастирот СВ.Петар и Павле…


Успешно завршен натпреварот во спортски риболов под покровителство на Општина Конче кој се одржа на браната Мантово, честитки до сите учесници и до оние кои освоија медали…

Продолжуваме со поддршка на сите спортски активности….


Саботно- работно..санирање на дел од дефеките на водоводите во населените места Дедино и Раќитец


Хортикултурно доуредување на

Црква СВ.Цар Константин и Царица Елена с.Лубница


Јавен Повик


Се известуваат граѓаните од општина Конче, дека на 26 и 27 Јуни 2023 година, во раните утрински часови ќе се врши теристичка дезинсекција против возрасни комарци.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

 


ЈАВЕН ПОВИК


Турнир во мал фудбал општина Конче 2023


Free Wi-Fi / Видео надзор…локалитет ,,Влашки колиби”


Известување


Уредување на јавни површини и пристапни патеки…


Санирање на свлечиштата и наносите на локалните патишта во сите населени места во Општина Конче…


Успешно завшена учебната 2022/2023 година на учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” Конче .

Признание за проектот ,,Традициите во моето место на живеење”,

Освоено второ место на ,,Меѓународниот радовишки детски фестивал,,

Честитки за сите учесници….


Уредување на пристапни патеки до верските објекти

Црква СВ.Цар Константин и Царица Елена с.Лубница, помошна просторија во склоп на Џамијата во с.Конче.


Денес нашите млади уметници успешно го завршиа проектот спроведен од страна на Здружението на ликовни уметници ,,Рада” од Радовиш , во кој учество земаа повеке ученици од општинското училиште ,,ООУ Гоце Делчев” Конче …

Децата се нашата иднина…


Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека на ден 06.06.2023 година (Вторник) во раните утрински часови и во текот на пладневните часови ќе се врши теристичка и ларвицидна дезинсекција во општините Конче и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.


Грижата за нашите највозрасни не изостанова. Денес во организација на ЗПОРК ги отворивме пензионерските средби организирани во нашата општина, а по повод чествувањето на Сесловенските просветители ,,Св.Кирил и Методиј”.

Остануваме посветени на сите категори на граѓани…


Хортикултурно уредување на централниот дел во село Габревци…


Завршно хортикултурно уредување на подрачното училиште во Село Ракитец и паркот во здравниот дом во Село Ракитец…


Поставување на заштитни огради на локалитетот ,,Влашки Колиби” лоциран во езерската населба Мантово…


Во пресрет на празникот “Атанасовден”, во Дедино е уреден комплексот на манастир”св. Атанасиј*со што заокружуваме една целина и се дава посебен сјај на влезот во селото и општина Конче.

Благодарност за соработкана со ЈПКД ,,Лакавица” и дел од општинската администрацијата.


Приоритет од самиот старт на функционирањето како локална самоуправа ни претставува еколошката вредност на секое населено место како придобивка на секој граѓанин. Со таа цел чекориме сигурно и стратешки во хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема во секое катче како природна убавина кој заслужува да ја ужива секој. Завршено во Д. Липовиќ, а наскоро продолжуваме во Дедино…..


Јавен Повик

 


По повод 120 години од смртта на идеологот на Македонската револуционерна организација Гоце Делчев и патрониот празник на основното училиште кое го носи неговото име, денес ја откривме спомен- бистата на Великанот и положивме свежо цвеќе.

Жртвата за Македонија вечно се памети‼️


Последни подготовки во уредување на училишниот двор во ООУ ,,Гоце Делчев” -Конче и подигање на спомен Биста на Македонскиот великан Гоце Делчев во дворот на училиштето пред празнувањето на патрониот празник на училиштето на 4-ти Мај.


Почитувани!

Во пресрет на големиот верски празник РАМАЗАН БАЈРАМ на сите припадници од Муслиманската вероисповед од се срце Ви го честитам празникот со најискрени желби за добро здравје, меѓусебна почит, мир ,спокој и благосостојба на семејствата, успешна и бериќетна година .

Нека Ви е за многу години празникот, да се слави во мир слога , соживот , радост и среќа !!


Нека е од Бога благословена заедничката традиционална ифтарска вечера….


Претстојните велигденски празници нека донесат здравје, мир и благосостојба. Овој празник нека ни биде патоказ на ширењето на христијански вредности и да дадеме можност на секој граѓанин да го почувствува тоа. Со мало внимание од страна на општина Конче, преку доделување на скромни подароци. Да бидеме исправни пред себе и пред БОГ,

За многу години!


Денес на наше огромно задоволство присуствувавме на ифтарска вечера организирана од нашата збратимена општина Акисар од Репулика Турција преставена од градоначалникот г-дин Бесим Дутлулу , можноста ја искористивме за презентација на инвестициски можности во туризмот, индустријата, земјоделието и другите можности што ги нуди Општина Конче…

 


На крајот од работната седмица на наше огромно задоволство бевме посетени од преставници на италјанската стопанска асоцијација, понудивме инвестициски можности во земјоделието, туризмот, индустријата и се онаа што го нуди нашата Општина Конче

Продолжуваме…


Покрај уредувањето на населените места во Општина Конче како приоритетен проблем го има уредувањето на полските патишта, а моментално во Долни Липовиќ започнавме со уредување на најлошиот дел од патната инфраструктура спрема Конче, односно земјен пат Д. Липовиќ-Конче.

Во истото уредување спаѓа проширување на истата делница и поставување на дробен камен со валирање во дебелина од 25см.

Продолжуваме со решавање на проблемите на СИТЕ граѓани.


Природата ни дала, а ние мора да се грижиме за животната средина преку одржување и оплеменување преку засадување на дрвца на овој светол празник Св. “Благовештение”- Благовец. Благодарност за соработката до МЗШВ, Рудникот за бакар Боров Дол, општинската администрација и ЈПКД Лакавица. – Продолжуваме🌍🌍🌳🌳💧💧


Онаа што како проблем останало долги години собравме сили да го санираме преку изградба на армирано-бетонски потпорен ѕид во горниот дел на Конче

Со тоа ќе заштитиме неколку домаќинства и овозможуваме на сигурен непречен сообраќај и движење по паралелна улица над истиот ѕид во должина околу 60 метри.

Се за СИТЕ граѓаните на општина Конче……


Доуредување на училишниот двор ООУ „Гоце Делчев“ – Конче


Заедно си ги редиме успесите…честитки ШАМПИОНИ!!


Денес по повод тажниот јубилеј -навршуањето на сто години од Гарванскиот масакар, положивме свежо цвеке и засадивме дрвца во чест на 28-те жртви од кои три малолетни деца, извршен на 02. Март 1923 година од страна на режимот на Кралството на СХС.

Вечна им слава!


Денес, по повод денот на пролетта и екологијата 21 март, во училишниот двор на ООУ Гоце Делчев-Конче , од страна на вработените и учениците од ООУ Гоце Делчев – Конче беа засадени поголем број на разновидни дрвца..

#за #чиста #еколошка #средина..


Денес во Радовиш одржан е Економски дипломатски караван на кој беа преставени можностите кои ги нудат општините Конче, Радовиш и Василево.

Учество земаа преставници од повеќе Европски и Азиски земји…

 


Започнуваме со уредување на јавни површини-тротоари, пешачки патеки и пристапни улички во сите населени места во општина Конче со планирани околу 4000м2, започнувајќи од населено место Долни Липовиќ, а потоа во другите населени места.

Продолжуваме….


Завршно со хортикултурно уредување во централното подрачје во Општина Конче…

Продолжуваме


Од денес ја најавуваме градежната офанзива во општина Конче, започнуваме со реконструкција на Дом на културата во с. Лубница – о. Конче, со вкупна вредност од 4.253.734,00 денари, каде изведувач е ,, Пешо Инжинеринг”Струмица., средства обезбедени преку Центар за развој на Југоисточниот плански регион, односно Биро за регионален развој.

Времетраењето на реконструкцијата на објектот е 7 месеци, со што очекуваме да се промени состојбата на последниот објект од таков карактер во општина Конче….


Деновиве почнавме со тампонирање на главниот полски пат во населеното место Конче кој минува низ средината на конечко поле и го поврзува со населеното место С.Долни Липовиќ .

Продолжуваме…..


Почитувани граѓани на општина Конче!!

Од утре 08.02.2023 година во центарот на Конче ќе биде отворен пункт за донации за настраданите граѓани од Република Турција.

Пунктот ќе биде отворен од 10 до 16 часот со цел за собирање на секаква помош од нашите граѓани и истата ќе биде донирана и ќе се дистрибуира во разрушените места од катастрофалниот земјотрес.

Да покажеме солидарност со поголема масовност во тешките моменти на братска Турција.


На покана на Градоначалникот на општина Струмјани г-дин Емил Илиев денес присуствувавме на “Денот на боговите на виното” во населено место Илинденци, каде настапија нашите амбасадори на културата од КУД “Конечанка”-Конче, со сплет на ора. Средбата беше искористена за размена на искуства помеѓу двете општини и продлабочување на соработката со нови проекти. Продолжуваме ….


Денес на наше огромно задоволство бевме домакини на преставниците на мешовитата компанија
,,ЏЕТ СОЛАР ЕНЕРЏИ” ДООЕЛ , раководена од
Усеин Усинов, Ибрахим Уста, Ерсин Гул, Сашко Гонев ,кој денес донираа спортска опрема за нашите членови од БК.Бучим Шампиони Конче..
Огромна благодарност за големата посветеност и љубов кон спортот!!

Бог се јави!!

Општина Конче централна манифестација.

Традиција за положување на Светиот Крст во осветените води на Крива Лакавица во близина на бензинска пумпа на Макпетрол, како дел од прославата на Водици на централно општинско ниво


Деновиве почнуваме со нанесување на тампон – дробен камен на повеке улици , локални и полски патишта во повеќе населени места во Општина Конче….

Почнавме во село Дедино на улицата покрај речното корито..

Благодарност за донацијата на дробен камен-тампон од страна на Рудникот за Бакар ,,Боров Дол”….

Продолжуваме ..посветено..чесно и одговорно!!


По предлог на граѓаните, деновиве завршивме со изградба на пристапна улица со паркинг простор за дваесет паркинг места за ООУ,,Гоце Делчев”, Спортската сала и ЈОУДГ 12ти Јули.


https://eservices.konce.gov.mk/

Почитувани,Општина Конче заради подобрување на ефикасноста и транспарентосноста на услуги и подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните воведе системhttps://eservices.konce.gov.mk/ .

Граѓаните своите барања можат да ги пријават и да добиват во електронски формат.


Новата 2023 година ја започнуваме со инвестиции во образованието. Деновиве во употреба ја пуштаме фотоволтаичната центала, вградена на кровната конструкција на ООУ ,,Гоце Делчев”-Конче со моќност од 40 kw.

Со обој зафат правиме енергетска независност на Институцијата и еколошки бенефит.

Продолжуваме!

Чесно, посветено и одговорно…

 


Пооветено во последниот работен ден за општинско- корисна работа со нашите претставници кои успеваат во секакви услови да помогнат на најранливите категории во општина Конче , без разлика на нивната возраст,категорија и етничка припадност.Продолжуваме со исти активности и понатаму.Секогаш за граѓаните Градоначалникот и одговорните за тоа……

Вреднувањето на успехот секогаш реципрочност нема но сепак скромно не ги забораваме најдобрите спортисти во 2022 година.кои ја претставуваа нашата општина пошироко со нанижани повеќе успеси.

Општина Конче е горда на постигнатите успеси и се поклонувам до земја на сите нив , а со тоа им даваме уште поголема поддршка за нивни напредок. Доделените ваучери се знак на внимание и останува да им посакаме многу среќа и успеси во наредната 2023година.

ПРОДОЛЖУВАМЕ…….

Дневните активности ги заокружуваме со ЈПКД Лакавица -мотор на општината ,со искажана благодарност до нив за сработеното во изминатата година за сите направени услуги спрема граѓаните на општина Конче.Растот и развојот е очигледен , со направена анализа ги анулираме пропустите и продолжуваме со нови подвизи.

СЕ ЗА КОНЧЕ и граѓаните …….

 


И денес заедно со дедо Мраз ги израдувавме нашите најмали од ООУ ,, Гоце Делчев” од Конче..

Благодарност до рудникот за бакар Боров Дол и конфекцијата Суперхит од Радовиш за одличната соработка !!


И денес заедно се дедо Мраз посетивме дел од подрачните училишта на Општина Конче и на најмалите подаривме новогодишни пакетчиња, се разбира и Нашите дечиња беа дел од предновогодишната забавна под покровителство на домот за култура,, Ацо Караманов “од Радовиш и Општина Радовиш.


Денес заедно со Дедо Мраз и Директорот на Југоисточниот Плански Регион, г-дин Ѓоко Камчев, ги посетивме нашите најмили и најмали во ЈУД ,,12ти Јули” во Општина Конче и дел од подрачните училишта при ООУ ,,Гоце Делчев” во Општина Конче.


Денес во седиштето на Југоисточниот Плански Регион во Струмица, го промовиравме задничкиот проект со Градоначалниците г-дин Ацо Ристов и г-дин Славе Андонов , проектот е еден дел од енерегетски ефикасни општини поддржан од МЛС на РМ и Швајцарската развојна агенција…

Продолжуваме да работиме посветено на секое поле а во интерес на сите граѓани!!


Образовните вредности на еден народ ,се двигател и клучен сегмент на еден мултиетнички соживот и функционално дејствување на една средина кои имаат една единствена цел,а тоа е возвишивање на моралните вреднисти.

Во таа чест,на Турската заедница во општина Конче и во Република Македонија им го честитам денот посветен на Турската настава.


🎅🎅🎅Саботно-Работно…Ветено-Сторено!!

Денес граѓаните на Село Долни Липовиќ добија асвалтирана улица во должина од 240 метри…

Продолжуваме!!! посветено, ЧЕСНО и одговорно да работиме во сите населени места!!!


Почитувани!!

Ве покануваме да присуствувате на нашата прослава по повод 21“ви Декември, ден на Турската настава, кој се организира на 18“ти Декември во Домот на Културата-Конче со почеток во 14:00 часот.


Почитувани граѓани на Општина Конче!!
Ве поканувам на ден 3,4,10 и 11 Декември, од 11:00 сите заедно да предложиме идеја за онаа што сметате дека е најпотребно на нашата општина


По предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ од Советот на Општина Конче , деновиве почнавме со изградба на детско катче во населеното место Долни Липовиќ

Продолжуваме посветено и одговорно!!


 Започнавме со активности за уредување на пристапен пат до ООУ Гоце Делчев и Спортската сала во склоп на училиштето…

Продолжуваме да работиме посветено и одговорно во секоја свера на секојдневното живеење!!


365 дена промени што носат иднината (отчет на општина Конче) 2022г.


Голема благодарност за ДЗС на РМ и

Заменик Директорот

Зулфиќар Зејнулаи за одличната соработка во која денес на Дпд Горици Конче им беше донирано поголем број на МТС кој се неопходни за извршувањето на секојдневните активности!!!


Денес во посета на општина Конче беше г-дин Златко Самарџиев, национален координатор на Програмата за мали грантови на глобалниот еколошки фонд (GEF SGP), со кого разговаравме за поддршката која се дава преку оваа програма на граѓанските организации и локалните заедници во полето на заштита на животната средина спроведувајќи активности за зачувување на природата, справување со отпадот и намалување на ефектите од климатските промени. Во име на општина Конче ја потврдивме нашата заложба за поддршка на граѓанските здруженија и нивните активности за подобрување на условите за живот во руралните средини како и заштита на животната средина…

Продолжуваме… посветено и одговорно


Завршено асвалтирање на улица ,,3″ и улица ,,4″ во село Конче, продолжуваме посветено , чесно и одговорно да работиме за СИТЕ граѓани!!


Завршно со асфалтирање во село Конче на улица ,,1″ и ,,2″…. продолжуваме понатаму …отчетно , чесно и одговорно!!


Денес со Директорот на Центарот на Југоисточен Плански Регион г-дин Ѓоко Камчев, потпишавме договор за реконструкција на Културниот дом во село Лубница. Проектот е со поддршка од БРР на РМ и дел на сопствено учество на Општина Конче.

Продолжуваме посветено да работиме во интерес на сите граѓани од сите населени места…


Општина Конче преку ЛАГ Плачковица претставена на првиот национален саем за храна и пијалоци под покровителство на МЗШВ на РМ


Денес на наше огромно задоволство во просториите на Општина Конче заедно со министерот за Дијаспора на РМ г-дин Џемаил Чупи, го потпишавме договорот за соработка помеѓу Општината и Министерството со кој практично правиме чекор поблизу до потребите на нашите иселеници кој живеат и работат надвор од Република Македонија.

На кратко имавме можност Министерот да го запознаеме со дел од главната преокупација на нашите граѓани односно тутунопроизводството, а исто така посетивме и дел од верските објекти во општината.


Деновиве завршивме со замена на дел од водоводната мрежа во с.Долни Липовиќ во должина од 450 метри ..

Продолжуваме со приоритетните интервенции во сите населени места!!!


 Претставници од бизнис центри за рурален развој и претставници на ЛАГови од регионите Голвеј и Корк од Ирска и Исконска Финска и Усима од Финска беа во посета на општина Конче за да се запознаат со можностите кои ги нудиме, како и со потешкотиите со кои се соочуваме и да разговараме за можностите за понатамошна соработка помеѓу заедниците.

Посетата беше организирана и поддржана од ЛАГ Плачковица, која заедно со партнерски ЛАГови од тие региони го имплементира проектот ТВИНЛАГ, поддржан од програмата PREPARE на ЕУ.

На наше големо задоволство, со сите присутни гости засадивме повеќе дрвца во влезот на црквата Св. Константин и Елена во село Лубница.



Јавен оглас за формирање ња Партиципативно тело

Пријава за член на Партиципативно тело на територија на општина Конче



Деновиве поставивме урбана опрема во поголемиот дел од населените места во Општина Конче.

Апел до сите граѓани, истите да ги сочуваме и да бидат употребени одговорно и домаќински.

Продолжуваме понатаму!!



Прекугранична соработка во справување со шумски пожари

На 29 и 30 септември, 2022 година во Банско, Бугарија пожарникарите и доброволците ја поминаа првата специјализирана обука како дел од активностите на проектот “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари”. Шеесетина учесници од С. Македонија и Буграија беа дел од обуката чија цел беше збогатување и проширување на знаењата во справувањето со шумски пожари.

Од Општина Конче на истата обука присуствува тројца – доброволци од ДПД Горици Оператива  кои со подршка од општината се стекнуват со искуствата од справувањето со шумски пожари.

Обуките се дел од имплементацијата на проектот за “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Северна Македонија 2014-2020, проект кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини, Благовеград, Република Бугарија.

 



Денес на наше огромно задоволство бевме посетени од заменик Градочалничката на Општина Ергене, Ајча Албајрактар, помошник Градоначалникот Јуксел Бајдарли и советниците Мердин Џанташ и Доан Дурмаз.

Продолжуваме да ја негуваме одличната соработка со нашите долгогодишни пријатели од Република Турција.



Денес Радовиш беше домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022, за прв пат од ваков вид во Република Македонија, на кој и Нашата Општина Конче учествуваше со изложба на свои локални производи.

 



Во посета на Општина Конче имавме гости претставници од локални акциони групи (ЛАГови) од Хрватска, Србија, Албанија, Косово и од Македонија како дел од Манифестацијата ЛАГ ЕКСПО која утре на 23.09.2022 година ќе се оддржи во Радовиш и е во организација на Мрежата за рурален развој и ЛАГ Плачковица во кој еден основачите е Општина Конче.. На гостите им ги претставивме тековните активности кои се реализираат во моментов но и предходно реализираните заедно со ЛАГ Плачковица разменивме мислења и договориме идна можна соработка за заеднички проекти и иницијативи.

 



Исто така во текот на денешниот ден бевме домакини и сведоци на една голема донација од страна на нашите искрени и ценети пријатели од Република Турција- владината организација ,,Тика” предводена од генералниот Кординатор г-дин Халим Омер Соѓут , при што беа доделени вкупно четириесет земоделски машини на повеке земјоделци од Република Македонија.

Огромна благодарност од мое име и од име на сите граѓани на Република Македонија..

Остануваме посветени за помош и соработка на секое поле со сите граѓани и наши соработници!!

 



Денес во посета на Општина Конче ни беа припадниците на Армијата на САД и преставници од АРМ за цивилна и воена соработка.

Огромна благодарност за големата подршка и одличната досегашна соработка.

Продолжуваме понатаму за приоритетите Општина Конче .

Довербата се продлабочува , со што општината чекори напред.

 



Општина Конче,ЈПКД Лакавица -Конче,а посебно жителите на Дедино , добија потопна пумпа и мотор за систем за водоснабдување за с.Дедино.

Оваа ветување го дадовме пред жителите од с.Дедино во изборната кампања каде ветивме дека вода ќе има во секој момент,а после неполна година тоа го остваривме со помош на Рудник “Боров Дол” и ЈПКД”Лакавица”-Конче.

#ПОСВЕТЕНО#ОДГОВОРНО#

 



Во изминатиот период преку меѓусебен договор помеѓу Општина Конче и АВРМ беше реализиран проектот за јавни работи .

Беа реализирани следните активности:

*Уредени околу 35 километри локални патишта,
*Расчистени и одбележани три моста,
*Уредени три автобуски постројки,
*Уредени школски дворови и јавни површини во ООУ ,,Гоце Делчев” Конче и останатите подрачни училишта,
* Уредени поголема јавна површина во сите населени места.
Голема благодарност до сите учесници во проектот!
Продолжуваме..ОТЧЕТНО и ОДГОВОРНО!!

 



Подарени вкупно 250 училишни ранци и училишни прибори на учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” од Конче

Од страна на Конфедерецијата на Балканско – Румелиските Турци од Р. Турција, предводена од страна на Претседателот Сабри Мутлу и заменик Претседателот Зулфетин Хаџиоглу и други претставници од Федерацијата, на учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” од Конче беа поделени вкупно 250 училишни ранци и училишни прибори.

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов изразува благодарност од негово име и од име на сите граѓани на Општина Конче, за огромната помош која има ја пружија претставниците од Конфедерацијата на сите ученици од општината.

 



Денеска во ООУ,, Гоце Делчев”во О.Конче го одбележавме почетокот на новата учебна година. На сите првачиња, на сите ученици и наставници им посакуваме среќа и успех во новата учебна година.

 



По покана на општина Селчук,по повод 100 години од ослободување на градот,бевме поканети заедно со градоначалникот на општина Радовиш г-нот Ацо Ристов и членови на советот да бидеме почесни гости на церемонијата,

Со заеднички сили градиме мост на доверба кои во иднина ќе доведе до низа активности на обостран интерес.

Со целосна посветеност продолжуваме да ја градиме долгогодишната соработка со република Турција како наш докажан искрен пријател.

 



Со целосна посветеност и ажурност на теренот,по селектирање на приоритетите, одиме чекор по чекор до комплетна реализација на сите проекти од суштинско значење на жителите на општина Конче.

-Изградба на нов крак на канализациона мрежа во село Дедино.

Потребите на граѓаните пред се друго.



ИЗВЕСТУВАЊЕ



ВТОРО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека по одложеното второ прскање кое беше предвидено за 25 и 26 Јули 2022 година, авионската дезинсекција против возрасни комарци се поместува за наредниот ден со следниот распоред:

• На 26.07.2022 (Вторник), во општините Струмица и Гевгелија;
• На 27.07.2022 (Среда), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во период од 04.30 до 10.00 часот.


Се одложува прскањето против комарци

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека СЕ ОДЛОЖУВА второто прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на  25 и 26 јули 2022 година.

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, затоа истото се планира да се спроведе во текот на неделата.

За точниот датум за спроведување на планираното прскање против возрасни комарци, граѓаните од Југоисточниот регион ќе бидат дополнително известени.


ВТОРО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 25 и 26 Јули 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:

  • На  25.07.2022 (Понеделник), во општините Струмица и Гевгелија;
  • На 26.07.2022 (Вторник), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат подобри.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во период од 04.30 до 10.00 часот.


Денеска во Општина Конче, под покровителство на МЗШВ на РМ и во соработка со ЗРРР Блесок од Радовиш и повеке учесници на КУД од Конче и Радовиш , успешно беше спроведен проектот ,, ОД ЗРНО ДО ПОГАЧА “, на кој беше изложена прекрасната традиционална храна од нашето поднебие..
Традиција…
Обичаии….
Култура…
Здрава храна…

Општина Конче денеска го одбележа празникот на општината 12-ти Јули Петровден

Општина Конче денеска го одбележа празникот на општината 12-ти Јули Петровден. По тој повод градоначалникот Златко Ристов најпрво изврши прием на поканети гости во општината, меѓу кои и гости од збратимена општина од Турција. Во чест на 26- годишнината од востанувањето на Општина Конче градоначалникот Ристов засади дрвце во дворот на општинската зграда, заедно со својот турски колега.

Потоа неколку делегаци положија свежо цвеќе на спомен обележјето на паднатите борци во Општина Конче.

Потоа беше одржана свечена седница на Советот. На истата добредојде на присутните гости им посака градоначалникот Златко Ристов при што изврши кратка презентација на сработеното досега но спомна и што ќе се реалзира во наредниот период.

На свечената седница беа доделени благодарници на повеќе лица за успешна соработка и промовирање на општина Конче, на деловни соработници, фирми и физички лица, здруженија, спортисти и спортски клубови.

Програмата заврши со настап на културно уметнички друштва во дворот на манастирот Свети Стефан во Конче каде присутните имаа можност да вкусат и од прекрасните традиционални специјалитети на традиционалната трпеза, која за прв пат се организира оваа година во организација на здружението на жени.

 


Завршно во Село Дедино….

Продолжуваме….


 Завршно со партерно уредување во Село Ракитец

1.крак- Манастир ,,СВ.Ѓоргија”
2.крак-,,Самопослуга”
3.крак -,,Дибок пат”
Завршно и во село Лубница
1.крак -,,детски парк”
2.крак-завршеток на улица која води кон м.в. ,,Пршево”.
Продолжуваме наскоро во село Дедино!!!

Успешен старт на “Турнирот во мал фудбал Конче 2022”


ЛАГ Плачковица започна со подготвителни активности за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница

Започнаа подготвителните активности за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница како иницијатива за подобрување на условите за живеење во руралните средини која произлезе од самите локални чинители и жители од општина Конче.

Овие активности заеднички се спроведува од страна на ЛАГ Плачковица, општина Конче, ЈКП Лакавица и трговското друштво ЕЛДИСИ од с.Лубница. Екипите на ЈКП Лакавица извршија расчистување и подготовка на теренот за спроведување на партерното уредување на сретсело во Лубница.

Оваа иницијатива е дел од проектот на УСАИД “Програма за развој на заедниците” кој го спроведува Мрежата за рурален развој на Македонија (МРР на РСМ) во партнерство со ЛАГ АБЕР 2015, ЛАГ БЕЛАСИЦА-ОГРАЖДЕН, ЛАГ БОЈМИЈА, ЛАГ МАЛЕШ-ПИЈАНЕЦ и ЛАГ ПЛАЧКОВИЦА.

ЛАГ Плачковица реализира локална иницијатива за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница >> Видео <<


ЈАВЕН ПОВИК


Чистење на речното корито во Село Долни Липовиќ….


Во среда и четврток прво прскање против возрасни комарци во Југоистокот (распоред по општини)

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 22 и 23 Јуни 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:

  • На 22.06.2022 (Среда), во општините Струмица и Гевгелија;
  • На 23.06.2022 (Четврток), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат подобри стои во информацијата од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства.



>>Објава за отуѓување на градежно земјиште<<PDF>>

 


Меѓународен детски фолкорен фестивал

ОРО ВЕСЕЛО

КОНЧЕ – РАДОВИШ 2022

Почитувани !!
Денеска Општина Конче чукаше во ритамот на културата,во ритамот на прекрасниот фолклор презентиран од многу ФГ од повеќе градови и села од Република Македонија.
Иако подиумот ни беше мал, желбата и љубовта кон фолклорот ни е преголема.
Уживајте и вие во сликата и записот.
Огромна благодарност до сите учесници , се разбира и до извршниот директор на Оро Весело г-дин Драган Ѓоргиев..
П.С.Продолжуваме посветено преку културата и уметноста да ја афирмираме нашата Општина Конче.

>>Оро Весело 2022 општина Конче ВИДЕО<<


>> Јавен Повик <<


ЦРЈПР: Тендерска постапка за избор на фирма за прскање против комарци е завршена, ќе се прска на 14.06

Се известуваат граѓаните од Југоисточниот плански регион дека тендерската постапка за избирање економски оператор кој ќе изврши прскање против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион е веќе завршена и прскањето ќе започне на 14.06.2022 година.

Воедно, се известуваат граѓаните дека поради техничките проблеми и нефункционирањето на системот за јавни набавки дојде до непланирано продолжување на тендерската постапка и поради тоа прскањето против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион не можеше да биде започнато во  планираниот временски период.


На покана на Градоначалникот на општина Кркларели, Мехмет Сијам Кесимолу од Р. Турција,

присуствуваме на отворањето на 29тиот фестивал и меѓудругото остваривме средби сонашите долгогодишни пријатели и поддржувачи г-дин Градоначалник на општина БујукКарштран, Ертурул Чамлица, г-дин Градоначалник на општина Кавакли, Гурел Кошдемир г-дин Градоначалник на општина Инеџе , Шахабеттин Вардар, г-дин Градоначалник на општина Хидрино од Р. Бугарија, Нуредин Исмаил и Претседателот на конфедерација г-дин Сабри Мутлу.

Голем благодарност за срдачниот пречек.

          
      

Денес, Хрватската амбасада, односно Амбасадорката г-ѓа Нивес Тигањ на 20 доброволни противпожарни друштва од Република Македонија меѓу кои и нашето Дпд Горици Оператива , им беа донирани повеќе комплети на противпожарни одела против шумски пожари.

Од мое име и од име на сите граѓани на Општина Конче сакам да изразам голема благодарност.

 


После поројните дождови што ја зафатија Општина Конче ЈПКД Лакавица експресно си ја заврши својата обврска

 


Спроведена еко акција Генералка Викенд 2022, на локација покрај езерото Мантово, собрани над 200 вреќи отпад

Околу 100 волонтери во организација на Општина Конче , ЈПКД Лакавица и Рудник Боров Дол, викендот учествуваа во Генералка Викенд 2022 , еко акција која се спроведе на локација покрај езерото Мантово на потегот од Влашки колиби до браната каде беа собрани над 200 вреќи отпад.
За прв пат беше организирано и чистење на езерските води од страна на искусни нуркачи од клуб за подводни активности Охрид.

Од Општина Конче изразуваат благодарност до сите учесници во акцијата која беше спроведена со цел за подигање свеста кај граѓаните за поголема грижа кон природата и зачувување на чиста и здрава животна средина.

Од Општина Конче посебно изразуваат благодарност до компанијата
МЕН ЕНД МАУНТЕН која во соработка со Пакомак и Скопска Пивара  ја организираа акцијата Генералка Викенд на територија на општината односно на езерото Мантово.

Преку собраниот отпад за секој 10 килограми по едно дрвце отпад од Министерство за земјоделство и шумарство и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе бидат доделени и засадени на територија на општина Конче.

 


 

Практична обука за справување со шумски пожари на пожарникарите од доброволното противпожарно друштво од Општина Конче

Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Општина Конче реалзира практична обука на противпожарното друштво од Општина Конче за справување со пожари на отворен простор во пресрет на летниот период. Обуката беше спроведена во соработка доброволни противпожарни друштва од Битола, Прилеп и Радовиш а беа вклучени и претставници од ПС од Радовиш и од  Здравствниот дом од Радовиш.

На 27 април се спроведе теоретски дел од обуката по што селдуваше и практичлна обука со  цел да бидат подготвени надлежните институции за справување со природни непогоди пред се  шумски пожари  и пожари на отворен простор.

Во првиот дел тимовите пожарникари беа запознаени со материјално техничките средства и целата опрема која се користи при гаснење на шумски пожари од страна н Александар Ангелески магистар за заштита од пожари и  координатор на проектот.

 


Јавен повик ЕКО АКЦИЈА



>>Отчет за 100 дена<<


Одбележан празникот Богојавление во Д.Липовиќ и Конче

Традицијата продолжува , одбележан денешниот ден Богојавление -Водици , со доделување на скромни подароци на учесниците во фаќање на светиот крст во Долни Липовиќ и Конче,општина Конче.

              


Делегација од Општина Бојуккариштиран од Турција во посета на Општина Конче

Делегација од збратимена Општина  Бојуккариштиран од Турција денеска беше во посета на Општина Конче. Градоначалникот на општината Златко Ристов им посака срдечно добредојде на градоначалникот од турската општина и на неговите соработници.

Градоначалникот Ристов се надева дека од оваа средба ќе произлезе и нова соработка за во иднина за што се разговараше и во неговиот кабинет. Двајцата градоначалниц разменија милења а си разменија и пригодни подароци.

Потоа делегацијата изврши увид на културни знаменитости во Општина Конче, на новоизградениот паркинг простор  пред манастирот Свети Стефан, за кој тие донираа финасиски средства,  како и манастирот Свети Стефан и на џамијата во Конче.

17.01.2022
На огромно задоволство денеска го врачив првиот ваучер по повод склопен брак.
Општина Конче доделува ваучер во вредност од 100 000 денари.
согласно програма за социјална заштита за склучување на брак на лица со возраст над 35 години.
Нека им е со среќа на г-ѓа Снежана Манчева и г-дин Новица Манчев
Нека се вечни и вековити од Бога благословени..
                           

 

03.01.2022

Известување за данок на имот

Јавна покана за данок на имот


22.12.2021

Објавен Службен гласник  18-2021 на општина Конче

Превземи Службен гласник бр.18-2021

10,12,2021

Врз основа на член 39 точка 1 од Законот за локална самуправа  (Службен Весник на РМ бр.5/2002) Претседателот на Советот на општина Конче донесе:

Р Е Ш Е Н И Е   За свикување на 3-та седница  на Советот на општина Конче.

Седницата ќе се одржи на ден  10.12.2021 год.(петок) со почеток во 10:00 часот во просториите на општина Конче.

За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  • Усвојување на записникот од  2-та  седница  на Советот на општина Конче
  1. Извештај за работата на ОИК Конче за спроведените Локални избори во 2021 година за членови на Совет на општина Конче и за Градоначалник на општина Конче на 17 октомври 2021 година;
  2. Финансиски извештај за реализирани приходи и трошоци за спроведување на локалните избори преку општинските изборни комисии;
  3. Предлог-Програма за уредување на градежно земјиште, изградба, реконструкција и одржување на комунални објекти и локални патишта на општина Конче за 2022 година;
  4. Предлог-Програма за урбанистичко планирање за 2022 година;
  5. Предлог -Програма за одржување на јавно осветлување во општина Конче за 2022 година;
  6. Предлог-Програмата за одржување на локални и полски патишта и зимско одражување на локални патишта и улици на територијата на општина Конче за 2022 година;
  7. Предлог-Програма за одржување на јавна чистота  на подрачјето на општина Конче за 2022 година;
  8. Предлог-Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Конче за 2022 година;
  9. Предлог-Програма за јавни дејности за 2022 година ;
  10. Предлог-Програма за управување со отпад за 2022 година;
  11. Предлог-Одлука за организирање на меѓуопштински линиски превоз на патници;
  12. Предлог-Одлука за организирање на општински линиски превоз на патници;
  13. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средства во Буџетот на општина Конче за 2021 година;
  14. Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за активностите на Сојуз на борци-Радовиш-2022г.

25,11,2021

ОБЈАВЕНИ  СЛУЖБЕНИ ГЛАСНИЦИ ОД НОВОКОНСТИТУИРАНИОТ  СОВЕТ НА ОПШТИНА КОНЧЕ

ПРВА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА СЛУЖБЕН ГЛАСНИК 16-2021 

ВТОРА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ  СЛУЖБЕН ГЛАСНИК 17-2021

18,11,2021

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОНЧЕ

На ден 19 ноември 2021 година со почеток од 10 часот во просториите на општина Конче ќе биде одржана конститутивната седница на Советот на Општина Конче, втората седница на Советот на општина Конче.

За седницата е предложен следниот

ДНЕВЕН РЕД

-Усвојување на записникот од 64 тата седница и Записникот од првта конститутативна седница на Советот на општина Конче

1.Предлог Решение за избор на членови  во комисија за финансирање, буџет и локален економски развој.

2,Предлог Решение за избор на членови  во комисија за ѕрбанизам, комунални дејности , сообраќај и заштита на животна средина.

3,Предлог Решение за избор на членови  во комисија за јавни дејности.

4.Предлог Решение за избор на членови  во комисија за статут и прописи.

5.Предлог Решение за избор на членови  во комисија за месна самоуправа.

6.Предлог Решение за избор на членови  во комисија за награди и признанија.

7.Предлог Решение за избор на членови во комисија за земјоделие.

8.Предлог Решение за избор на членови  во комисија за родова еднаквост.

9.Предлог Решение за определување на членови  во Комисија за иготвување за работа  на Советот на општина Конче.

10.Предлог Одлука за утврдување на надоместок  на членовите на Советот на општина Конче

  • Разглеудвање на Брања
  • Советнички прашања.

Претседател на Совет на општина Конче

Александра Ристова

12,11,2021

ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОНЧЕ

На ден 12 ноември 2021 година со почеток од 10 часот во просториите на општина Конче беше одржана конститутивната седница на Советот на Општина Конче, воедно и прва седница на новоизбраните советници.

Седницата ја отвори и со неа раководеше најстариот член на Советот Јончо Здравев. На седницата беше присутен и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов.

Дневниот ред имаше 5 точки:

  1. Решение за избор на комисија за верификација на Советот на Општина Конче,
  2. Решение за верификација на мандатот на новоизбраните членовите на советот на Општина Конче;
  3. Полагање и потпишување на свечена изјава на членовите на Советот;
  4. Решение за избор на претседател на Совет на општина Конче;
  5. Решение за определување на членови на Советот на Општината кои ќе учествуваат  во постапката за склучување на бракови во Месната заедница Конче.

 Откако верификационата комисија ја изврши верификацијата на советниците, мандатот на избраните 9 советници беше верификуван и одлуката за нивната верификација беше едногласно усвоена.

За претседател на Советот на Општина Конче со мнозинство гласови е избрана Александра Ристова.

Градоначалникот Златко Ристов од негово лично име и од име на општинската администрација, им го честита мандатот на новоизбраните советници, посакувајќи им успешна и плодна работа, во интерес на граѓаните на Општина Конче.

НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА КОНЧЕ НЕКА  ДОНЕСЕ РЕАЛИЗАЦИЈА НА МНОГУ УСПЕШНИ ПРОЕКТИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ!

 

 

 

08,11,2021

ИЗБРАН НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОНЧЕ

Општинската изборна комисија во Конче денеска официјално го врачи уверението на Златко Ристов, за назначување и превземање на функцијата Градоначалник на Општина Конче.

Златко Ристов како нов градоначалник на Општина Конче доаѓа на местото на досегашниот градоначалник Благој Илиев.

На одржаните локални избори Ристов со освоени 1083 гласа односно со разлика од 23 гласа во однос на својот противкандидат, успеа да дојде на функцијата градоначалник на Општина Конче, кој ќе ја води општината во наредните 4 години.

Ристов најави дека веднаш ќе се зафати со решавање на проблемите на граѓаните и реализација на порграмата.

ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Нека е честит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Да го славиме во духот на солидарноста, помагањето, фамилијарните вредности и хуманоста.

Благој Илиев – градоначалник на Општина Конче

 

НОВО ВОЗИЛО ЗА КОМУНАЛЕН СМЕТ ЗА ЈП ЛАКАВИЦА КОНЧЕ 
Општина Конче продолжува со подобрување и јакнење на капацитетите на комуналното претпријатие ЈПКД „Лакавица“.
15,08,21 Почитувани сограѓани во соработка со Светска Банка и грант од проектот „ Подобрување на општинските услуги-МСИП“ општина Конче набави ново возило за набавка и транспорт на цврст отпад. Со капацитет од 2.5м3 новото возило ќе ни овозможи по брз и ефикасен пристап за собирање на смет до околу 800 домаќинства, покрај подобрата услуга за нашите граѓани преку овој проект ќе овозможиме и еколошка заштита на животната средина на нашата општина,исто така сакам да ве известам дека со набавка на камионот и тракторот за организирано собирање на смет за прв пат од своето постоење ЈПКД „ Лакавица“ успеа да добие лиценца за собирање и транспорт на смет како од домаќинствата така и од индустриските капацитети во нашата општина. Со овие активности потрврдуваме дека како одговорна општина за нас се приоритет услугата и потребите на нашите сограѓани.
Посета на Амбасадорот на Европска Унија г-дин Дејвид Гир на општина Конче
07,08,21 Ми беше чест и задоволство во нашата општина да го пречекам Амбасадорот на Европска Унија г-дин Дејвид Гир со кој ги посетивме и разговаравме за реализираните проекти со финансиска помош од Европска Унија. Со реализација на овие проекти овозможивме на посетителите подобри услови за прошетки во природа,рекреативни спортски активности околу езерото, пикник со најблиските и уживањево природните убавини. Недопрената природа, чистиот воздух и здравата храна се само мотив повеќе за туристите да го посетат Езерото Мантово и Општина Конче.Очекуваме спроведените активности да поттикнат дополнителни приватни инвестиции кои ќе ја унапредат туристичката понуда во нашата општина.Во последните 3 години ова е втора посета на Евроамбасадор во нашата општина и тоа потврдува дека сме на вистински пат за промвирање на убавините на нашата прекрасна општина.
03,08,2021.

Потпишан Договорот за изведба на проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче

03,08,21 Почитувани сограѓани заедно со Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и Управителите на ТАВ МАКЕДОНИЈА Метин БАТАК и Нејат КУРТ го потпишавме договорот за изведба на проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче“ со вредност од околу 18 милиони денари. Проектот опфака канализационен крак во должина 3150 метри со кои ќе бидат опфатени сите домаќинства и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваме од старата канализациона мрежа. По разговорот со преставниците на инвеститроте и финансиерите дека во најкраток период се планира да се започне со започнување на градежните активности.

03.08.2021 Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Конче, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 03.08.2021-година се објавува:
ЈАВЕНП О В И К 
До евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа 2021/22 КОНЧЕ
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект  Општинско корисна работа општина Конче 2021”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
9 (девет) месеци  од кои 3 месеци  доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги),и плус 6  месеци за давање на социјални услуги.
заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување-Центар за вработување Радовиш.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од
9 (девет) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
9 (девет) месеци  од кои 3 месеци задолжителната обука за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение  за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера за давање на социјални услуги), и 6 месеци давање на социјални услуги.
Статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– самохрани родители;
– долгорочно и краткорочно невработени лица;
– невработени лица со средно образование и високо образовани стручни лица од природните, општествените и хуманистичките науки;
– млади лица до 29 години;
-лица постари од 50 години;
– лица корисници на гарантирана минимална помош;
– лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;
– лица со попреченост;
– жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници;
-родители на 3 и повеќе деца;
родители на деца со пречки во развојот
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
1.Соработник за посети на стари и изнемоштени лица – 9 (девет) лица
Општи и посебни услови:
ВСС – Општествени и хуманистички науки ,
Средно образование  или
Основно образование
Да е активен барател на работа.
Заинтересираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш во периодот од 03.08.2021 година до 13.08.2021 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Општина Конче и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Конче кај лицето Златко Јанкулов, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш  кај лицето Јулијана Јанчева,  Центар за социјална работа Радовиш кај лицето Александар Филев.
Телефон за контакт: Општина Конче 630 325 Општински координатор 077 990 101 ОПШТИНА КОНЧЕ  ГРАДОНАЧАЛНИК БЛАГОЈ ИЛИЕВ

ЧЕСТИТ 2 АВГУСТ -ИЛИНДЕН

За многу години празникот 2 Август – Илинден 🇲🇰
За многу години верскиот празник Св. Илија!
ЧЕСТИТ ПРАЗНИК КУРБАН БАЈРАМ 
Со најискрени желби за добро здравје, радост и благосостојба, ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам,нека ви е за многу години.

Програма за мобилна гинеколошка амбуланта во општина Конче

Општина Конче во соработка со Министерството за здравство по претходна побарана помош за изнаоѓање на решение за отварање на гинколошка амбуланта во Конче, по предлог на Министерот за здравство Венко Филипче доби можност Општината да биде вклучена во програмата на Министерството за здравство за мобилна гинеколошка амбуланта за рурални жени.

Во соработка со лицата ангажирани преку програмата на УНДП и општина Конче  и назначено лице координатор на програмата за општина Конче се започна со запишување на пријавени лица (девојки , жени) од  сите населени места на општина Конче кои ќе пријават интерес за добивање на бесплатни гинеколошки услуги во своето населено место.

На 23 јули  во село Конче започна првиот термин за гинеколошки преглед за лица од Конче и Лубница и во рамките на истиот 15 лица жени добија бесплатен преглед од Специјалист гинколог и медицинска сестра акушер во специјализирано возило мобилна амбуланта, во дворот на Здравниот дом во Конче.

Во рамките на програмата планирано е вакви прегледи да се вршат два пати месечно како и услуга резултатите од прегледите да се достават лично до лицето во одреденото село.

Вакви мобилни гинеколошки услуги согласно програмата предидено е да се дават директно во секое село со цел да се избегне дополнителна потреба од превоз на руруалните жени до местото на прегледот.

Од разговорот со лицат кои први ја добија оваа услуга за прв пат во Конче изразија големо задоволство од пристапот и понудената услуга.

Аирлија нека ние на сите граѓани и долги години да опстојува за потребите на граѓаните на општина Конче

 

Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 и 119/16) и аплицирана програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Конче за 2021 година, број 09-454/2, од 26.03.2021 година, Градоначалникот на општина Конче, распишува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За работно ангажирање на невработени лица за јавни работи

1.Општина Конче има потреба од работно ангажирање на 10 (десет) работници за времетраење од 1(еден)месец, 22 работни дена за извршување на јавни работи-Одржување на јавната инфраструктура  и Одржување и заштита за животната средина и природата.

2.Право да се пријават имаат eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, и други лица од евиденција на невработени.

За време на ангажирањето на лицата ќе се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето-паричен надоместок во износ 400 денари по работно ангажирано лице-дневно, со вклучен данок на личен доход и  осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и ангажираното лице.

3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

– Пријава и

– Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.

4.Огласот трае пет работни дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Конче, www.konce.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Центар за вработување  Радовиш, односно до 27.07.2021 година.

5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Конче, секој работен ден од 07.30-15.00 часот.

Дата.21,07,2021    ГРАДОНАЧАЛНИК  НА ОПШТИНА КОНЧЕ БЛАГОЈ ИЛИЕВ

ИЗГРАДБА НА ДЕЛ ОД ЛОКАЛЕН ПАТ С.ЛУБНИЦА – С. СКОРУША.
ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ САКАМ ДА НАЈАВАМ ЗАВРШУВАЊЕ НА НА УШТЕ ЕДЕН ОД ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРОЕКТИ ВО НАШАТА ПРОГРАМА „ ИЗГРАДБА НА ДЕЛ ОД ЛОКАЛЕН ПАТ С.ЛУБНИЦА – С. СКОРУША.
СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРОЕКТ СО ВРЕДНОСТ ОД ОКОЛУ 7.5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ И Е ФИНАНСИРАН ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ.
ЛОКАЛНИОТ ПАТ Е ВО ДОЛЖИНА ДО 1.683 МЕТРИ СО ШИРИНА НА КОЛОВОЗ ОД 3.5 МЕТРИ , 8 ЦЕВАСТИ ПРОПУСТИ И ШИРИНА НА БАНКИНИ ОД 1 МЕТАР.
СО ОВОЈ ПРОЕКТ ЌЕ ОВОЗМОЖИМЕ ПОБРЗ ПИ ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ДО СЕЛАТА СКОРУША, ЗАГОРЦИ И ГАРВАН КОИ ДОЛГИ ГОДИНИ БИЛЕ ОТСЕЧЕНИ ОД ЦЕНТРАЛНИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА НА НАШАТА ОПШТИНА ПОРАДИ КОИ ДОВЕЛО ДО ГОЛЕМ БРОЈ НА МИГРАЦИИ ОД ОВИЕ СЕЛА, ИСТО ТАКА ОВЈ ПАТ Е ДОСТА ЗНАЧАЕН И ЗА РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО СО ШТО СЕ ОВОЗМОЖУВА ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ДО ОБРАБОТЛИВИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПОВРШИНИ.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА-КОЛЕКТОР ВО С.ДОЛНИ ЛИПОВИЌ”

Градоначалникот на Општина Конче заедно со Бирото за регионален развој го потпиша договорот за кофинансирање на проектот”Реконструкција на дел од канализациона мрежа- колектор во с.Долни Липовиќ со вредност од 2 милиони денари.

Со оваа инвестиција се решава еден повеќе годишен пробелм со канализационата мрежа во с.Долни Липовиќ, поради тоа што првичната изградена канализациона мрежа во делот на излезот од с.Долни Липовиќ  првично беше изведена во тешението на река Крива Лакавица и при поголеми врнежи колекторот беше често оштетувам и целосно онеспосебен за неговата функција.

Со оваа инвестиција се планира изведба на нов колектор со нова траса со која ќе се решат поседиците од силните води на река Крива лакавица при невреме.

По завршување на тендерските постапки во најкраток временски период очекуваме почеток на градежните активности.

Проект за реконструкција на доводен цевковод до резервоар во с.Ракитец.

Потпишан е  Договор  помеѓу Градоначалникот на општина Конче и  Директорот на Бирото за Регионален Развој Рамиз Реџепи за финансирање на проектот за реконструкција на доводен цевковод до резервоар во с.Ракитец.

Предвидени средства за реазлизација на овој проект кој ке бидат доделени се 2.2 милиони денари. Овој проект ќе биде од големо значање за жителите с.Ракитец за подобрување и зголемување на капацитети за вода.

 

 

 

 

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Основно училиште со ресурсен центар „ Св. Климент Охридски“ Ново Село

Основно училиште со ресурен центар „Св. Климент Охридски“ Ново Село  ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки  од општина Конче кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:

ПОУ „ Св. Климент Охридски“ Ново Село,  ул„ Маршал Тито бр. 103, општина Ново Село поштенски број 2434 И по електронски пат на sv_klimentoh@yahoo.com  со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.

Кон барањето потребно е да се доставиписмо со намери зошто кандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија  (CV), и доколку кандидатот/ка веќе обезбедува образовна асистенција на ученик/ученичка да се наведе името на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителна претходна согласност на родителот/старателот име и презиме на ученикот/ученичката.

Види цела содржина на Јавен повик за изразување интерес – обр.асс_

Индекс за активна транспарентност 

Врз основа на извршена анализа на Центарот за граѓански комуникации во рамките на Извештајот за Индекс за активна транспарентност за 2021 година врз основа на претходно изработена методологија и структуирани  прашалници за состојбата на исполнетост на  обврските за активно објавување на информации на интернет страната на општина Конче за 2021 година ја рангираше во групата со многу добра транспарентност на 23 место, подобрувајки ја својата активна транспарентност за фантастични 60%

Во однос на подобрување на својата транспареност Извештајот покажува дека има подобрување кај 51 општина.Општини кои ја подобрила својата активна транспарентност за повеќе од 20 процентни поени се:

 

1.Општина Конче за 59 процентни поени

2.Општина Петровец за 57 процентни поени

3.општина гратско за 45 процентни поени и

4.општина Центар Жупа за 42 процентни поени.

Во однос на состојбата на ниво на Југоисточниот регион ,општина Конче  од послаба позиција лани сега се искачи на 4 место подобрувајки ја својата активна транспарентност за фантастични 60% односно лани од 23 % на 83% оваа година.

Рангирање на општините во Југоисточниот пласнки регион за активна транспарентност.

1.Ванадово- 94%

2.Гевгелија-86%

3.Василево-84 %

4.Конче 83 %

5.Струмица-80%

6.Богданци-79%

7.Ново Село- 67%

8.Босилово- 62%

9.Радовиш-57%

10.Дојран-45%

Одложено првото прскање против возрасни комарци во општините во Југоисточниот регион

08.06.2021 Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека СЕ ОДЛОЖУВА првото прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 07,08,09 Јуни 2021 година.

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното прво прскање против возрасни комарци, граѓаните од Југисточниот регион ќе бидат дополнително известени.

 

Врз основа на член 83,84 и 85 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност(Сл.весник 112/2014, 113/2014, 56/2015,129/2015,147/2015,27/2016,119/2016, 21/2018,113/2018 и Сл.весник на Република Северна Македонија бр.124/2019), Закон за работни односи член 11, член 22 и член 34 (Сл.Весник на РМ бр.62/05,106/08, 114/09,130/09,50/10,52/10,124/10,47/11,11/12,39/12,13/13,25/13,170/13,187/13,113/14,20/15,33/15,74/15,167/15,27/16,120/18 и 110/19), Закон за Агенциите за привремени вработувања член 2, член 3 и член 4(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2006, 102/2008, 145/2010, 136/2011,13/2013, 38/2014, 98/2015, 147/2015, 27/2016 и 119/2016), Годишната програма за организирање на јавни работи – работно ангажирање на невработени лица во општина Конче за 2021/22 година, број 08-1515/17, од 21.12.2020 година (“Службен гласник на општина Конче”,бр.53/2020), Одлука за спроведување и финансирање на Програма за работно ангажирање–Јавни работи во Општина Конче за 2021/2022 година бр.08-330/14 од 18.03.2021 и Акциски план за  организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Конче за 2021/22 год.бр.08-330/13 од 18.03.2021, Градоначалникот на општина Конче, распишува:

Ј А В Е Н   П О В И К

За сезонско ангажирање на невработени лица по Програма за јавни работи за  2021/22 год.

1.Општина Конче има потреба од работно ангажирање на 15(петнаесет) работници за времетраење од шест месеци за извршување на јавни работи  но не подолго од шест месеци.

Одржување на јавната инфраструктура  одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на полски патишта, одржување на насипи, канали и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи),

Одржување и заштита за животната средина и природата (чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита,  канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта,  монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта,  развој на селските подрачја и други работи).

2. Право да се пријават имаат eвидентирани невработени лица, долгорочно невработени, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица (над 55 години) и други лица од евиденција на невработени.

Невработените лица ќе бидат ангажирани за период од шест месеци(мес.мај,ноември, декември 2021 година и месец јануари, февруари и март 2022год). согласно горе наведените членови на Законот за вработување, Законот за работни односи и Закон за Агенциите за привремени вработувања.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општината, Агенција за времени вработувања и ангажираното лице. За работното ангажирање на работниците во Програмата ќе им се исплатува нето плата од 15.500 ден и надоместоци од плата пензиско и здравствено осигурување.

3.Заинтересираните кандидати за пријавување за Програмата за јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Конче за 2021/22  потребно е:

– Да пополнат и поднесат Пријава за Јавни работи 2021/22 година до Архивата на општина Конче.Пријавата може да се подигне од Архивата на општина Конче.

– Да приложат доказ Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени лица.

4.Повикот трае три работни дена од денот на објавувањето во дневен весник, на веб страницата на општина Конче, на Oгласната табла на Агенцијата за вработување-Радовиш и Огласната табла на општина Конче односно до 28.04.2021 година.

5.Пријавите се поднесуваат во Општина Конче, секој работен ден од 07.30-15.00 час.

6.По истекот на рокот за пријавување, Комисија ќе изврши избор на лица кои ќе бидат ангажирани како извршители во Програмата за јавни работи на територија на Општина Конче за наведениот период 2021/2022 година.
7.Правата и обврските на избраните кандидати ќе бидат уредени со склучување Договор меѓу ПАВ Контакт-Бизнис Скопје и избраниот кандидат.
8.Детални информации за Програмата за јавни работи на територија на Општина Конче за периодот на 2021/2022 година можат да се добијат во Општина Конче кај лицето Златко Јанкулов и на тел. број 032/630-325.
Бр.09-594/1                                           Градоначалник на општина Конче

26.04.2021

Реконструкција на ПОУ Гоце Делчев-Конче с.Горни Липовиќ 

По објавената ранг листа на Министерството за образование и науки за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти на општински основни и средни училишта.

Општина Конче со проект за реконструкција на ПОУ Гоце Делчев-Конче во с.Горни Лиопвиќ се наоѓа на 5 то место со 52 бода од одобрени 19 проекти. По најавата за изградба на нова училишна зграда во с.Конче,реконструкцијата на училиштето во с.Дедино со сопствени средства,реконструкција на училиштето во с.Горни Липовиќ,набавката на 2 нови минибуси за превоз на учениците,изградба на спортска сала во централното основно училиште ,,Гоце Делчев,, во Конче продолжуваме во инвестирање за подобрување на условите за образование и дoстигнување на современите стандарди за нашите деца.Една од најважите обврски кои беа во нашата програма беше подобрување на условите за образование на нашите деца нагласи градоначалникот Благој Илиев.

 

 

Објавен тендерот за „Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци

Како градоначалник на општина Конче Ве известувам дека во соработка со Министерството за транспорт и врски и Светска Банка е објавен тендерот за „Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци – Општина Конче“.

Станува збор за проект за изградба на плочест пропуст преку Дединска река и рехабилитација на патотот од двете страни на на пропустот со што ќе го решиме долгогодишниот проблем на ова место. Средствата за овој проект се обезбедени од „Проект за поврзување на локални патишта“ на Влада на РСМ, Мин.транспорт и врски и Светска Банка а проектната вредност на поектот е околу 2.2 милиони денари.

 

ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА
ЈАВЕН КОНКУРС
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И
РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ
I. Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските
услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор
на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика
објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето
на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна
Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на:
• Реонски попишувачи и
• Реонски инструктори.
II. Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се
изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето, е како
што следи во табеларните прегледи:
Табеларен преглед за реонски попишувачи и реонски инструктори

види целосен  ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И
РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

Општина Конче успешно се справи со првиот пообилнен снег годинава.
ЈПКД Лакавица со својата  механизација е постојано на терен и во текот на вчерашниот ден беа исчистени и проодни сите патишта до населените места во Општина Конче, како и од регионалниот пат кон Радовиш. Екипите на ЈПКД Лакавица со започнувањето на вршежите од снег беа излезени на терен во 02 часот по полноќ со цел навремено да се интервенира на локалните патишта.Исчистени се и сите улици во Конче и локални патишта и ниту едно населено место не остана изолирано и без пристап до главниот регионен пат и до општината. Инаку висината на снежната покривка во општина Конче, е околу 15 сантиметри, а има и голомразица на осојничави терени, каде се  фрла ризла и сол.
  Екипата на ЈПКД Лакавица и денеска е на терен и успешно се справува со остатоците од  снегот, кој поради местоположбата на општината тешко се топи.
  

Објавен Јавен Повик за набавка на возило за собирање и транспорт на цврст отпад во Општина Конче.

Општина Конче на 25 јануари 2021 објави Јавен повик за набавка на  возило за собирање и транспорт на цврст отпад во Општина Конче.
Понудите од заинтресирани понудувачи ќе можат да се достават заклучно до 13:00ч, 26.02.2021 година
Советот  на општина Конче го донесе Буџетот на општина Конче за 2021 година 

Врз основа на член 36 став 1 точка 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) и член 28 став 1 од Законот за финасирање на единиците на локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија број 61/2004, 96/2004, 67/2007, 156/2009, 47/11, 192/15, 209/2018 и 244/2019 ), Советот на Општина Конче на Педесет и третата седница, одржана на  30  Декември 2020  година, донесе  Б У Џ Е Т на Општина КОНЧЕ  за 2021 година

Буџетот на Општина КОНЧЕ  за 2021 година се состои од:

Планирани вкупни приходи – 119.443.792 денари

Планирани вкупни расходи-  116.725.637 денари

Линк Буџет на општина Конче за 2021 година

Одржана работилница за негување на културните традиции и обичаи на Македонците и на Турската заедница во Конче во просториите на Општината
30,12,2020 Општина Конче беше домакин на една прекрасна работилница кој беше организиран од страна на учениците со своите наставници од Подареш- о. Радовиш.
Темана работилницата беше:
-Запознавање,зачувување и негување на културните традиции и обичаи на Македонците и наТурската заедница што живеат на овие простори.
Засекогаш треба да го чуваме и негуваме овие културни вредности !!!!

Општина Конче изврши асфалтирање на нова главна улица во с.Дедино

    Деновиве во село Дедино – општина Конче се заврши асфалтирање на нова една улица. Станува збор за улицата бр 3 во должина од 200 метри за која Општината средствата ги обезбеди од  Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој во висина од околу 18 илјади евра. Асфалтираната улицата е долга  200 метри е со широчина од 4 метри а изведувач беше фирмата Пешо Инженергинг.

Оваа улица претставува главен крвоток со другиот дел од селото што го дели реката која истотака е во изградба на речно корито и долги години беше во полоша состојба за движење на луѓето и сообраќајот.Со нејзината изградба се подобруваат условите за движење и дава еден нов лик на селото во овој дел и безбедно поврзување со делот од селото Дедино кое е преку реката.

За изведба на улица доплнително се изврши изградба на  на потпорен ѕид од фирмата Техноинженеринг  во должина од 60 метри и висина од 3 метри за изградба на овој ѕид беа потребни 15 илјади евра кои општината ги обезбеди од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој а обезбеди и  6 илјади евра од сопствениот Буџет.

Со здравје да се користи улицата од сите граѓани на селотото и од гостите кои го посетуваат Дедино.

Донација на топла облека и новогодишни пакетчиња од г-ѓа Славица Заева
Како градоначалник на општина Конче сакам од се срце да и се заблагодарам на г-ѓа Славица Заева која донираше јакни, топла облека и новогдишни пакетчиња за фамилијата Трајкови од с.Дедино.
Донација од Бензинска Пумпа -Јован Петрол за децата
Во име на сите деца сакам да искажам голема благодарност до Бензинска Пумпа – Јован Петрол
и Тошо Поцков кои донираа 200 новогодишни пакетчиња за децата од 1-во до 5-то одделение во ООУ” Гоце Делчев” и Детската градинка “12-ти Јули”. Исто така благодарност за БП Јован Петрол и

Ресторан Маг-Марг / Летна Тераса Крис-Дав за долгогодишната соработка и квалитетната услуга.

 

 Општина Конче го одбележа Светскиот ден на предвремено родени деца -17 Ноември

 По повод 17-ти Ноември – Светскиот ден на предвремо родените деца, општинската зграда на Општина Конче беше осветлена во розева боја за подигнување на јавната свест во општеството со цел подобри резултати во згрижување на предвремено родените бебиња.

Како татко на предвремено родено дете,сакам да им го честитам 17-Ноември Светскиот ден на предвремено родените деца со цел подигнување на свеста на општеството за нивно згрижување.-истакна Градоначалникот Благој Илиев

 

Одбележан Светскиот ден на лицата со дијабетис 16 ноември во општина Конче
По повод „Светскиот ден на лицата со дијабетис“ зградата на општина Конче е осветлена во сино со цел подигнување на свеста на граѓаните за превенција од оваа болест.
Сината е боја на небото и на знамето на Обединетите Нации и ги претставува сите земји обединети во борбата против дијабетисот.

 

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО С.ГОРНИ ЛИПОВИЌ И ДЕДИНО

 Општина Конче од сопствени финансиски средства исврши асфалтирање на улици во село Горни Липовиќ и Дедино, кои  беа приоритетни проекти за реализација ова година.  Станува збор за три улици во Горни Липовиќ со вкупна должина од 600 метри и две улици во Дедино со вкупна должина од 200 метри,Изведувач на работите беше фирмата Евроградба Инженеринг од Владевци,
 .

РУДНИКОТ БУЧИМ РАДОВИШ СО ПОДРШКА ЗА НАЈМАЛИТЕ ВО ОПШТИНА КОНЧЕ

Рудникот за бакар Бучим кај Радовиш уште еднаш на дело ја покажува својата општествена одговорност. Во време на вирусот Ковид-19, рудникот донираше финансиска помош. Средствата се донирани на Јавната установа Детска градинка 12 Јули Конче  која е надлежна за згрижување на деца во општина Конче.„Донираните парични средства ќе бидат искористени за набавка транспорт и монтажа на 5 клима уреди марка инвертори со кои ќе се зтоплуваат работните простории на детската градинка 12 Јули во Конче.Рудникот продолжува со својата одамна востановена пракса на активности во чија основа е општествената одговорност.

„Тоа е важен дел од нашето работење. ,,Наша обврска е и во овој тежок период за сите, да се однесуваме одговорно кон општеството во кое работиме и да дадеме помош на оние на кои помошта име најпотребна,, нагласува директор Николов.

-Од самото отварање, па до ден денес оваа градинка се загрева со парно систем на дрва кое не беше задоволително, а со оваа помош од Рудник Бучим поминуваме на загревање со клима уреди инвертори. Целата инвестиција чини над 300.000 денари, рече Ивана Ристова, директор на оваа градинка. Таа упати благодарност до Рудникот Бучим и до градоначалникот на Конче што одлучил оваа донација да се искористи за  градинката.

Во овој објект досега се згрижени 15 дечиња. Со поставувањето на климите се решава проблемот со квалитетно загревање на целата зграда.За изгадба на градинката во Конче потрошени се околу 80 илјади евра а своја донација имаше и Бучим.

   

Општинскиот Совет даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

На ден 10.09.2020, на 48-та седница, членовите на Советот на општина Конче, донесоа Одлука со која дадоа согласност за организирање на настава со физичко присуство за учениците од од IV до  V одделение во општинскo основнo училиштe Гоце Делчев во Конче и ПУ с.Ракитец, ПУ с.Долни Липовиќ, ПУ во с.Дедино, ПУ с.Горни Липовиќ и ПУ с.Габревци за првотото полугодие од учебната 2020/2021 година.

Деновиве беше во тек и анкетата со родителите  на учениците од IV до IX одделение кои треба да се изјаснат во врска со една од двете понудениу опции: дали нивното дете ќе посетува настава со физичко присуство во согласност со протоколите за безбедно одвивање на наставата или пак наставата ќе ја следи on-line.

 

 Согласност од Министерство за Образование  за општина Конче

Согласност за изведување на настава во ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ-Конче

Повик за поднесување на понуди за „Проект за подобрување на општинските услуги-МСИП“ MSIP 2-NCB-017-19

Оглас за објавување на тендер за градежни работи „Регулација на Дединска река“ – Announcement for tender procedure for„Regulation of Dedinska River“

Единицата за спроведување на проектот “Локална и регионална конкурентност” објавува покана за изразување на интерес за извршување на консултантски услуги-консултантска фирма за надзор на градежни работи во 6 (шест) општини во источниот дел на државата.

 Одлука за опеделување на локална мрежа на планински патеки во Општина конче

Јавен повик за доставување на иницијатива за изработка на урбанистички план

Јавна набавка- Два нови минибуси по пат на финансиски лизинг на ЈПКД „Лакавица“-КОНЧЕ

ЈАВЕН ПОВИК До доверителите на Општина Конче и доверителите на единките корисници основани од Општина Конче, од областа на образованието, култура, детската и социјалната заштита за пријавување доспеани, а неплатени побарувањa