Архиви: <span>Notices</span>

Политика на интегритет на општина Конче

ГОДИШЕН ПЛАН за СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА ВО ОПШТИНА КОНЧЕ ЗА 2021 ГОДИНА

ПОЛИТИКА НА ИНТЕГРИТЕТ НА ОПШТИНА КОНЧЕ

НОМИНИРАНО ЛИЦЕ ЗА  ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА ОД ОПШТИНА КОНЧЕ

  • Игор Илиев , Виш Соработник за јавни набавки  на општина Конче, контакт тел:078 259 150 маил: igorce_messi@hotmail.com ,општина Конче тел:032 630 325

Проект за поврзување на локалните патишта – Mеханизам за жалби и поплаки

Проект за поврзување на локалните патишта – Mеханизам за жалби и поплаки

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Конче аплицираше со проект за Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци – Општина Кончекој е дел од Тендер 2. Станува збор за проект за изградба на плочест пропуст преку Дединска река и рехабилитација на патотот од двете страни на пропустот со должина од 129,0 m, .Во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овој проект.

Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.

Како дел од спроведувањето на проектот, Општина Конче пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страна на Општина Конче ќе останат објавени сѐдо завршувањето и затворањето на проектот.

Механизам за жалби и поплаки

Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот

 

Механизам за жалби и поплаки за Проект реконструкција на локален пат Долни Липовиќ-Горни Липовиќ

МЕХАНИЗАМ ЗА ЖАЛБИ И ПОПЛАКИ

Почитувани граѓани  на Горни и и Долни Липовиќ

   Како дел од спроведувањето на Проектот за поврзување на локални патишта при Министерството за транспорт и врски финансиран од Светска Банка, Нашата Општина аплицираше Проект за реконструкција на локален пат Долни Липовиќ-Горни Липовиќ, за која согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, беше изготвен План за управување со животна средина и социјални аспекти и беше одржана јавна презентација и консултација.
Нашиот Проект е дел од Тендер 1, за кој во скоро време ќе биде започнато изведување на градежни работи, но пред тоа обврзани сме јавноста, локалното население и останатите засегнатите страни да ги информираме за можноста да земат активно учество при реализација на Проектот преку Механизам за жалби и поплаки.
Поради тоа, во прилог на оваа е даден документот-Механизам за жалби и поплаки каде накратко е опишана целта, идејата и постапката на самиот Механизам со дадени контакт лица кои ќе бидат задолжени за негово спроведување, односно примање на жалби и поплаки, нивно процесуирање и решавање.
Другиот документ е Образец за поплаки за целото спроведување на проектот кој треба да биде пополнет од локалното население доколу има било каква жалба или поплака во врска со реализацијата на Проектот при изведување на градежните работи на терен.
Овие два документа со назначени контакт лица од Општината и од засегнатите месни заедници, се објавени на официјалната веб страница на Општината, се закачени на огласни табли,  дадени се на претседателите на месните заедници за да ги имаат во своите работни простории, онаму каде локалното население се собира и има заеднички средби. 
Покрај дадените во прилог два документа, на официјалната веб страна на Општината објавени се и останатите официјални документи и информации кои беа изготвени и презентирани на јавност до завршување и затворање на Проектот.
Општина Конче ги информира и вклучи претставниците на засегнатите Месни заедници за спроведувањето на Механизмот за жалби и поплаки.Прилог:
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации и се надеваме на успешна соработка при реализација на проектите.

Контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на дел од локален пат за н.м. „Габревци“, Општина Конче, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на дел од локален пат за н.м. „Габревци“, Општина Конче, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Соопштение за второ прскање против возрасни комарци !!!

Се известуваат сите граѓани на општина Конче дека второто земно прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 22.07.2020 (Среда) од 19:00 до 02:00 часот.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

Соопштение за пријавување на штети врз земјоделските култури од невремето што се случи на 05.07.2020 година

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Општина Конче им соопштува на сите земјоделци кои претрпеа штети врз земјоделските култури од невремето што се случи на 05.07.2020 година, да поднесат до Општина Конче документи кои се услов за да почне постапката за оштета.

Пријавувањето ќе се врши во периодот од 20.07.2020 до 24.07.2020 година, во просториите на Општина Конче во текот на работното време.

Земјоделците во примено одделение на Општина Конче, до општинската архива треба да достават пријава и копија од лична карта.

Согласно законските прописи формирана е општинска Комисија за проценка од елементарни непогоди, која ќе ги разгледува барањата и ќе изврши увид на терен.

По проценката на штетите, и откако извештајот од Комисијата ќе биде разгледан на седница на Совет на Општина Конче, ќе биде доставен до Владата, со цел исплата на оштета на земјоделците.

 

Напомена: Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за заштита од корона вирусот, задолжително е носењето на маска при поднесувањето на докуменитите во Општина Конче.

Прво прскање против возрасни комарци по земјен пат на 24.06.2020

Се известуваат сите граѓани на општина Конче дека прво прскање против возрасни комарци по земјен пат ќе се изврши на На 24.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот, се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Известување за прво прскање против возрасни комарци по земјен пат !

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со општина Конче, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво прскање против возрасни комарци по земјен пат. Се известуваат сите граѓани на општина Конче дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 10.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот.Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на локалната улица од населбите Горни и Долни Липовиќ во Општина Конче, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти”, како и запознавање со проектните активности Министерството за транспорт и врски заедно со Општина Конче ќе организираат јавна расправа, која поради ситуацијата со COVID 19 ќе се одвива преку видео конференција на ден 15 мај (петок) 2020 со почеток во 12.00 часот.

Во прилог сет документи

1. Izvestuvanje za javna rasprava za ESMP_ Konce_spa_hp

2. Dneven red za javna rasprava za ESMP_ Konce_spa_hp

3. ESMP Konche MK_12.5.20_spa-ХП

4. ESMP_Project_Konche_ENG_12.5.20_spa-ХП

5. Formular za komentari na dokument za Konce_spa