Автор: <span class="vcard">konce</span>

Започнува третирањето против ларвицидни и возрасни комарци во општина Конче

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започнува со активности за третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион дека првото ларвицидно прскање ќе се изврши во период од 20 до 22 Април 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 20.04.2021 година (Вторник), во период од 09 до 16 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.
  2. На 21.04.2021 година (Среда), во период од 09 до 16 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 22.04.2021 година (Четврток), во период од 09 до 16 часот во општините Радовиш и Конче.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Со регулација на Дединска река до поголема заштита од поплави вo општина Конче

До крајот на месецов ќе се регулира речното корито на Дединска река во општина Конче која при секои обилни врнежи од дожд предизвикуваше поплави и огромни штети а пред десетина години однесе и човечки живот. Ова општина со европски пари од Програмата за прекугранична соработка со општина Струмјани од соседна Бугарија, врши уредување на коритото кое поминува низ населеното место Дедино чии жители се најмногу се изложени на поплави.

Дединска река доби кејски ѕидови од камен во должина од 360 метри  изградени се касакадни прагови а низ населеното место има и цевкасти пропусти за премин на локалното население. На тој начин се очекува трајно да се реши регулацијата на ова река која изминативе децении заради климатските промени има предизвикано милионски штети како на патната инфраструктура така и на обработливите земјоделски површини.

„Целиот наш фокус е насочен кон застапување и обезбедување на интересите и задоволување на потребите на граѓаните, а регулацијата на речното корито на Дединска река е од огромна важност за жителите од ова населено место.Со спроведувањето на овој проект, ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните, а истовремено ќе се зголеми и зајакне свеста за климатските промени“ потенцираше градоначалникот на Конче, Благој Илиев.

Уредувањето и регулацијата на Дединска река е дел од проектот „Примена на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани“ кој  предвидува и низа едукативни работилници, се со цел да се ублажат ефектите од природните катастрофи и да се зголеми безбедноста на населението во овие две општини при изразени климатски промени.

Проектот е ко-финансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички во Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 (CCI No. 2014TC16I5CB006).

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија, преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 (CCI No. 2014TC16I5CB006). Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Општина Конче и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија, државите учеснички или Раководниот орган на Програмата.

Rеконструкција на основното училиште Гоце Делчев-Конче во с.Горни Липoвиќ

По објавената ранг листа на Министерството за образование и науки за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти на општински основни и средни училишта.

Општина Конче со проект за реконструкција на ПОУ Гоце Делчев-Конче во с.Горни Лиопвиќ се наоѓа на 5 то место со 52 бода од одобрени 19 проекти. По најавата за

-изградба на нова училишна зграда во с.Конче,

-реконструкцијата на училиштето во с.Дедино со сопствени средства ,

-реконструкција на училиштето во с.Горни Липовиќ,

-набавката на 2 нови минибуси за превоз на учениците,

-изградба на спортска сала во централното основно училиште ,,Гоце Делчев,, во Конче

продолжуваме во инвестирање за подобрување на условите за образование и дoстигнување на современите стандарди за нашите деца.Една од најважите обврски кои беа во нашата програма беше подобрување на условите за образование на нашите деца нагласи градоначалникот Благој Илиев.

 

 

 

Објавена постапка за изградба на плочест пропуст преку Дединска река и рехабилитација на патотот од двете страни

Почитувани сограѓани,

Како градоначалник на општина Конче Ве известувам дека во соработка со Министерството за транспорт и врски и Светска Банка е објавен тендерот за „Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци – Општина Конче“.

Станува збор за проект за изградба на плочест пропуст преку Дединска река и рехабилитација на патотот од двете страни на на пропустот со што ќе го решиме долгогодишниот проблем на ова место. Средствата за овој проект се обезбедени од „Проект за поврзување на локални патишта“ на Влада на РСМ, Мин.транспорт и врски и Светска Банка а проектната вредност на поектот е околу 2.2 милиони денари.

 

Посета на Амбасадарот на Р.Турцица на Општина Конче

Општина Конче е една од најубавите примери за мултиетнички соживот во нашата држава, како општина во која значителен број од нашите граѓани се од турска националност. Ми беше чест денес да бидам домаќин на посетата во нашата општина на Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Хасан Мехмет Секизкок, координаторот на ТИКА г-дин Омер Халим Сојут, Претседателот на МАТУСИТЕБ г-дин Хусрев Емин и Претседателот на здружението ЕНСАР г-дин Сулејман Баќи истакна градоначалникот на Благој Илиев.

На средбата разговараше за долгогодишната меѓусебна соработка, за идните заеднички проекти, инвестиции на турските фирми во областа на земјоделството, туризмот и образованието.

Амбасадорот Секизкок при посетата на училиштето, детската градинка, спортската сала ги поздрави направените инвестиции во делот на образованието и социјалната заштита на децата.Со проектот за изградба на нова канализациона линија во с.Конче со средства обезбедени од ТАВ преку Министерството за транспорт и врски обезбедуваме поквалитетен живот за нашите граѓани. Уште еднаш во мое име и во името на сите наши граѓани му се заблагодарувам на Амбасадорот на Р.Турција г-дин Секизкоз и Делегацијата  за убавата посета во нашата општина истакна Градоначалникот на општина Конче

.

ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА
ЈАВЕН КОНКУРС
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И
РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ
I. Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските
услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор
на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика
објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето
на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна
Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на:
• Реонски попишувачи и
• Реонски инструктори.
II. Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се
изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето, е како
што следи во табеларните прегледи:
Табеларен преглед за реонски попишувачи и реонски инструктори

види целосен  ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И
РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

Општина Конче со значителни инвестиции во образованието во 2021 год

Општина Конче со значителни инвестиции во образованието во 2021 год.

Согласно планираните проекти на општина Конче во соработка со општинското основно училиште Гоце Делчев-Конче во тековната 2021 година има планирано и започнати значителни инвестиции во делот на изградба и  реконструкција на училишни објeкти згради.Имено станува збор за три важни инвестиции:

1.Реконструкција на стара училилна зграда на Подрачното основно училиште ,,Гоце Делчев,, во с.Дедино каде веќе завршена е тендерската процедура јавна набавка за изведувач на градежните работи на реконструкција, и склучен е Договор со фирмата ,,ДОО Техника,,- Радовиш за реконструкција на училишната зграда согласно новиот изработен проект за училишна зграда.Градежните работи се во тек и согласно договорот работите треба да бидат завршени за период од три месеци заклучно до почетокот на месец мај.

 

2.Општина Конче во соработка со турската владина организација во Р.Северна Македонија ТИКА -Скопје работи  на проектирање на нов училиштен објект-училишна зграда во с.Конче за ученици од прво до петто одделение.Проектот е веќе изработен и претставен како макета во општина Конче. Се очекува реализација на проектот да започне до крајот на 2021 и 2022 година.

3.Општина Конче во соработка со Министерството за образование на Р.С.Македонија за тековната 2021 година обезбеди  финансиски средства за реконструкција на училишната зграда на подрачното основно училиште ,,Гоце Делчев,,- Горни Липовиќ.Оваа зграда е постара училишна зграда во минатите години се извршени одредени подобрувања(кровна конструкција, вградување на парно систем и др) од Буџетот на училиштето и општина Конче.Со оваа инвестиција ќе се изврши целосна реконструкција на зградата со значително ќе се подобрат условите за остварување на квалитетна воспитно-образовна работа и престој на учениците и наставниците.

  

Со овие три нови инвестииции во 2021 година општина Конче и општинското основно училиште ,,Гоце Делчев,, Конче значително ќе се подобрат материјалните училишни услови во Конче, Дедино и Горни Липовиќ во делот на одржување реновирање и изградба на училишни згради, ќе се подобрат условите за престој на учениците и наставниците во училиштата, ќе се создадат услови за модернизација на наставниот процес а посебно за учениците да добиваат квалитетни знаења и вештини.

Проектот за грижа за стари и изнемоштени лица успешна приказна во општина Конче

Проектот општинско-корисна работа подршка на стари и изнемоштени лица и образовна подршка на ученици

Проектот општинско-корисна работа подршка на стари и изнемоштени лица и образовна подршка на ученици  е финансиски подржан од УНДП, Владата на Р.С.Македонија и општина Конче. Проектот започна на 1 септември 2019 година и непрекинато трае до денес со голема мотивирност и заинтресираност и подршка од Градоначалникот, Советот на општината и граѓаните.

Целта на проектот „Општинско-корисна работа“ е преку ангажман кој е корисен и за заедницата, овие невработени лица да се стекнат со практични вештини што понатаму ќе им служат на пазарот на трудот. Овој проект е дел од оперативниот план #Шанса За Сите, поддржан од Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување на РСМ  и Embassy of Switzerland in North Macedonia

Активности на проектот општинско-корисна работа подршка на стари лица и образовни асистенти

-Една до две неделни посети во домовите од ангажирани лица за грижа на стари лица;
-Превентиван  здравстена  грижа;
-Психолошка подршка и дружење со старите лица корисници на програмата;
-Помош за секојдневни потреби на стари лица -пазарување, прошетка, купување лекови;
-Социјални активности со стари лица;
-Образована помош  на училишни деца со потешкотии во учењето.
Проект програмата за подршка на стари лица се реализира веќе втора година во општина Конче по сите населени места и според резултатите кои ги покажа и прифатеноста од страна на корисниците постана важен дел од секојдневниот живот на старите и изнемоштени лица со цел да помогне на најранливите категории.
Во рамките на проектот ,ангажирани се вкупно 11 невработени лица како даватели на услуги .9 лица се ангажирани како негователи на стари  изнемоштени и лица самци во сите населени места на општината и 2 лица образовни асистенти за подршка на 3 ученици во основното училиште Гоце Делчев Конче.
Со радост, песна и смеа најстарите жители на Општина Конче ja прифатиjа помошта и поддршката од општинско-ангажираните асистенти!
  Посетата од лицето неговател на корисниците еднаш до двапати неделно е настан кој им причинува пријатни чувства и настан кој со очекување се чека да се случи.Улогата на ангажираните лица е уште поважна сега, додека општината се справува со последиците од пандемијата, па така овие лица секојдневно минуваат по неколку километри со цел да им пружат основна медицинска грижа, како и помош при вршење на секојдневните обврски на постарите жители од  селата во Општина Конче.
   Негователите нагласуваат дека  посебно значајна особено психолошката подршка, дружењето како и помошта за секојдневни потреби на стари лица -пазарување, прошетка, купување лекови.   Негователот го посетува лицето корисник во неговиот дом, ја следи неговата здравствена сосотјба со превентивни мерки проверка на крвен притисок , порверка на шекер, темепература и тежина.Се посветува и драгоцено време на разговор со лицето (добриот збор искажан за нив е многу заначаен)нудејки и психолошка подршка, особено за лица кои живееат сами и се осамени  како  и помош за набавка на потребни намирници и лекови.
    Од 2020 година започнавме со подршка на деца со потешкотии во образованиот процес , вкупно 3 деца добиват ваква образовна подршка од 2 ангажирани образовни асистенти.Асистентите работат секојдневно со учениците со физичко присуство и он-лине настава,ги следат одделенсите наставници и даваат подршка што му е дополнително потребна на ученикот.Вкупно 307 граѓани од општина Конче се крајни корисници на услугите во општина Конче.
 Сите ангажирани лица со подршка на УНДП имаат поминато обука за негователи и образовани асистенти и се со стекнат сертификат за работата што ја извршуваат.
Програмата општинско-корисна работа е уште една успешна приказна од општина Конче која е на големо задоволство на корисниците и општина Конче како реализатор на програмата.
   Голема Благодараност за целокупната подршка од Канцеларијата на УНДП во Скопје,Министеството за труд и социјална политика и секако на општина Конче.

Ново промотивно видео ,,Конче бескрајно убаво,,

Проект за локална и регионална конкурентност -општина Конче 

 

 

 

 

Ново промотивно видео КОНЧЕ БЕСКРАЈНО УБАВО

Подобрување на придонесот на туризмот во локалниот економски развој на општина Конче и подобрување на капацитетот на Владата и јавните субјекти за поттикнување на растот на туризмот и олеснување на управувањето со дестинациите. Единица за спроведување на Проектот (ЕСП)

Новогодишна честитка од Градоначалникот на општина Конче

Почитувани граѓани на општина Конче 
Во Новата година Ви посакувам многу здравје, успех и многу убави моменти
поминати во природа, исполнети со мир, спокој и благосостојба.
Среќни Новогодишни и Божиќни празници.
Општина Конче – Мала, едноставна и бесконечно убава.