СОВЕТ

СОВЕТ НА ОПШТИНАТА PDF Печати
Советот го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Бројот на членовите на советот се утврдува во зависност од бројот на жителите во општината и не може да биде помал од девет ниту поголем од 33 члена. Соодветно на бројот на жителите, Советот на општината Конче го сочинуваат 9 советници. Членовите на советот се избираат за време од четири години.

Членовите на советот ги претставуваат граѓаните и во советот одлучуваат по свое уверување.
Членот на советот не може да биде отповикан.

Со Советот на општината раководи претседател.

Претседателот на советот се избира од редот на членовите на советот, со мандат од четири години.
За претседател на советот е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот.

Надлежност на советот

1. Го донесува статутот на општината и други прописи;
2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
5. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
9. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
11. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
12. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;

14. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
15. Врши и други работи утврдени со закон.

Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот точките (7) и (9), може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиското работење пред надлежниот орган за надзор.

Раководното лице од точка 12 на овој член е избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините, кои ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

 НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОНЧЕ

АЛЕКСАНДРА РИСТОВА – ВМРО – ДПМНЕ

БОЖИН РИСТОВ – ВМРО – ДПМНЕ

ЕЛИЗАБЕТА СПАСОВСКА – ВМРО-ДПМНЕ

ЈОНЧЕ ЗДРАВЕВ-ВМРО- ДПМНЕ

ИСМЕТ ЧОЛАКОВ- ТДП

ВАСКО ПЕТРОВ – СДСМ

СТЕФАНИЈА СТОЈАНОВА – СДСМ

ЛЕПА РИСТОВА – СДСМ

МЕНЕКШЕ ЈОНУЗОВА – СДСМ

 

ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ НА ТВОЈОТ СОВЕТНИК