ГРАДОНАЧАЛНИК

Благој Илиев

Благој Илиев

ПРОФЕСИЈА: Дипломиран правник
МОБИЛЕН: 070-319-198
E-mail: gradonacalnik.konce@gmail.com

БИОГРАФИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАГОЈ ИЛИЕВ

Благој Илиев е роден на 08.08. 1985 година во Радовиш.

Средното образование го завршил 2004 година во ДСЕПУ ,,Васил Антевски – Дрен’’ во Скопје. Студирал на Правниот факултет – ,,Јустинијан Први’’ при универзитетот Св. ,,Кирил и Методиј’’-Скопје, при што во 2009 година се стекнал со звање дипломиран правник. Активно зборува англиски јазик.

Во периодот од 2010-2017 година Благој Илиев е управител во ДАБАС ДООЕЛ, со седиште во с.Дедино-приватна компанија со дејност во меѓународен и внатрешен транспорт на стоки. Во Октомври 2017 година, жителите на О. Конче му го доверија вршењето на градоначалничката функција.

Обожава спорт, фолклор. Тој е оженет, татко на две малолетни деца.