Општина Конче, 2424 +389 (32) 630-325
Република Северна Македонија
Република Северна Македонија Општина Конче
ОПШТИНА КОНЧЕ

Мој Општинар

Поблиску до граѓаните, директно од терен.

Општината е јавна институција која е сервис на граѓаните и работи во нивни интерес. Проектот „Мој општинар“ има за цел да ги детектира проблемите на граѓаните од терен и потоа да ги решава во рамките на овластувањето на надлежностите на општината, согласно законите за определени теми и статутот на општината.

01

14 реони

За полесно функционирање општината е поделена на 14 реони. Секој реон има свој општинар кој ќе биде излезен на терен и ќе прима забелешки лично од граѓаните за проблемите што може да се решаваат, а се во надлежност на локалната самоуправа.

02

Работа на терен

Општинарот ќе работи 5 дена во неделата, од понеделник до петок. Секој ден на крајот од работното време е должен да достави извештај со сите информации и забелешки кај претпоставеното лице.

03

Посета на реоните

Еднаш или двапати во неделата, во зависност од потребата на граѓаните во даден реон, општинарот ќе работи. Еден општинар ќе биде задолжен за селата и ќе ги посетува по претходно утврден распоред.

04

Онлајн комуникација

На официјалната интернет-страница на Општина Конче ќе има посебен дел „Мој општинар“, со преглед на секој реон, контакт од општинарот и опција онлајн да се пријавуваат проблеми до општинарот на даден реон.

ГЛАВНА ЦЕЛ

Побрзо евидентирање и решавање на проблемите

Главна цел на овој проект е собирање, издвојување, класифицирање и обработка на што повеќе податоци за проблемите и недостатоците на условите за живеење на граѓаните, како и проблемите произлезени од одделни фактори. Крајната фаза е класификација на проблемите и доставување до релевантните служби за нивно решавање и реализација.

Ваков проект се реализира првпат во општина Конче.
05

Мој Општинар

Контакт со општинарите

МТ
МОЈ ОПШТИНАР

Маре Н. Трајкова

☎ 076/487-530