Од сончевата енергија до поефикасна општина!
На покривот на општинската зграда во село Конче е реализиран проектот за поставување фотоволтаична централа со инсталиран капацитет од 40 kW.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 2.493.104 денари.
Со реализацијата на овој проект, општинската зграда добива сопствен извор на електрична енергија од обновливи извори, со што се создаваат услови за поголема енергетска ефикасност, намалување на трошоците за електрична енергија и заштита на животната средина.
Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон одржлив развој и поефикасно искористување на природните ресурси.
Општина Конче продолжува со заложбите за енергетска ефикасност, модернизација и одржлив локален развој.