Започна изградбата на нова современа соблекувална на фудбалското игралиште во Конче

Деновиве ги поставивме темелите за изградба на нова соблекувална на фудбалското игралиште во Конче.
Со тоа спортистите од општината ќе добијат современи услови за подготовка и тренинг.
Со активностите се предвидува изградба на современа соблекувална, во согласност со техничките стандарди и нормативи.
Продолжуваме со поддршка и инвестирање во спортот и младите.


