Општина Конче, 2424 • +389 (32) 630-325
Република Северна Македонија
ЈАЗИК
Република Северна Македонија Општина Конче
ОПШТИНА КОНЧЕ · НОВОСТИ

Општина Конче започна со изградба на два нови летниковци

📅 08.10.2026🏛 Општина Конче

Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“.

Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче.

Продолжуваме со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на нашите граѓани и посетители.